Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈИРЖИ МЕНЦЛ – МАЈСТОРОТ НА ЛЕСНАТА ПАРОДИЈА

September 15, 2020 Filed Under: Ревија

Нема таков креатор на ликови со кои најлесно се идентификува психологијата на обичниот и простосрдечен средноевропски човек

СЦЕНА Наградуваниот, легендарен филм „Строго контролирани филмови“ доби Оскар пред 52 години

Чешкиоот режисер Јиржи Менцл (1938-2020) ја збогати историјата на филмот со т.н. лесен сарказам и провокација, прикажувајќи ги своите јунаци во форма на неподготени ликови за средба со животот. Во свое време тие ликови беа олицетворение на пасивноста на средноевропскиот човек кој минува низ историјата со филозофијата „свиткана глава сабја не сече“, но не и изразен низ некаква в9олева форма, тукув како искуство дека сатрапите и злите луѓе исто така си имаат свој „рок на траење“.

Неговиот татко бил новинар и писател на книги за деца.. Неговиот филм „Птици на жица“ беше забранет од властите а се прикажа дури после падот на режимот и веднаш освои Златна мечка во Берлин. Беше потоа еднаш и претседател на жирито на истиот фестивал.

НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ Не сними многу дела ама рано го прими Оскарот

Деновиве неделникот не потсети дека токму неодамна починатиот Јиржи Менцл (82) во младоста сакал да се запише на театарска режија, но таму не го прифатиле, па се запишал на ФАМУ. Така, тој и формално станал филмски режисер, но во текот на целиот живот бил и многу успешен театарски режисер, актер и сценарист. Имаше 28 години кога го сними филмот Строго контролирани возови, кој го освои Оскарот за најдобар странски филм во 1968 година.

Тој ден, југословенскиот режисер Александар Саша Петровиќ речиси доживеал срцев удар. Бидејќи, во салата се слушнало дека југословенскиот филм го освоил Оскарот, а беше изречено и името „Строго контролирани возови“. Саша Петровиќ стана од столот убеден дека ја добил најскапоцената филмска статуетка за неговиот филм „Собирачи на пердуви“. Познатиот факт од тоа време е дека Американците ги мешаат Чехословачка и Југославија.

И АКТЕР Менцл има зад себе над 50 улоги а најпозната му е во тв серијата „Паб“ каде токлку психијатар

Белградскиот режисер Бобо Ѓуровиќ, студент од Прага, е најзаслужниот што Менцл режирал двапати во Белград. Прво ја постави драмата на Шекспир „Веселите жена од Виндзор“ на Националниот театар во 2007 година, а потоа во 2011 година ја постави операта „Се вљубив во три портокали“ на Сергеј Прокофиев..

Заедно со Милош Форман, Менцл беше водечка фигура во новиот филмски бран во Чешка. Но, за разлика од Форман, тој не остана во Америка кога му се јавија откако го освои Оскарот. Тој се врати затоа што сакаше да го сними планираниот филм и го направи. И тогаш советските тенкови влегоа во Чехословачка и следните три години Менц повеќе не можеше да снима. Тој режираше претстави во Германија, Швајцарија … Тој рече дека не е дисидент, но дека сака да прави комедии во кои се потсмеваше и исмеваше што му пречи во општеството.

Повеќето филмови беа засновани на дела напишани од Богумил Храбал. Му се допаѓаа филмовите на Вуди Ален, не го сакаше начинот на Квентин Тарантино и Дејвид Линч. Неговите пријатели го викаа Јирка, а тој сакаше да каже дека е пристоен човек.

Filed Under: Ревија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet