Екс-министерката му очита лекција на колегата од Парламентоит Сајковски кои изнесе некои небулози во врска со пензиите. Вториот човек во ВМРО ДПМНЕ инаку конечно прозборе – јавноста не го ни знае како изгледа….

Очевидно е дека оваа влада создаде со низа неразумни потези големи проблеми за Пензискиот фонд. А пред се во намерата за додворување кон најнискиот слој на гласачи го доведе во прашање одржливоста на ПФ а секако и иднината кога секој даваел на средства во него ќе размисли дали не треба да го одбегнува моделот по кој тој ќе дава сразмерно на заробтеното а ќе прима еднакво со оние кои цел живот добивале социјална помош!
Посебно подигна прав говорот на генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Републичкото собрание (каде е главен кадровик) – Ѓоргија Сајковски. Најпрвин тоа е навистина раритетен момент јавноста да му гио чуе гласот бидејќи по правило тој ед платен да не кажува ништо и по можност да не гостува по телевизии. Потоа тој накусо, со сите граматички грешки (не разликува политичарот минато од идно време!) тој јасно кажа дека кога мери нечии „заслуги“ ако се работи за неговата партија, треба само да собира а ако говори за опозицијата и нивните политики кон панезиите во непосредното минато треба да одзема. И тоа е се’ кога се работи за овој историчар! Така, тој во манирот на науката на која и е посветен, рече дека неговата партија ќе им ги зголемила пензиите на најстарите сограѓани за 7.000 денари! Во тоа „ќе“ влегуваа две зголемуѕвања, линеарнои од по 2.500 денари (кои се нели минато, се случиле лани во октомври и сега во март) а ќе се зголемат, одново линеарно со по 1.000 денари во септември, изборно еден месец порано (!) од вообичаениот ритам и 1.000 денари следната година во март (тоа е пратенику во 2026 година) па најде дека таквиот збир на различни периоди води до импозантна сума а за владата на СДСМ спомена дека во текот на својто седумгоидишен мандат пензиите ги зголемила за некака дребулија, што е голема пред се фактичка лага а особен грев е за оној кој трфеба да утврдува, како историчлар нели, само факти.
Еве што му одговвори поранешната министрка за труд и социјала Јована Тренчевска во нејзиното излагање од собраниската говорница. „До мај 2024, до кога ја извршував функцијата министерка за труд и социјална политика, според Методологијата која ја донесе Владата на СДСМ во февруари 2022 година, пензиите се усогласија/покачија за 29,7%. Ниту едно покачување во апсолутен износ не беше 50 или 100 денари. Напротив! Во декември 2021 најниската пензија беше 9.900 денари во мај 2024 година беше 13200 денари. Овој износ го земаа 6,8% од вкупно 328570 пензионери.
Од март 2022 до мај 2024 година, за пензионерите имавме и социјални мерки, во два наврати, за повеќе приход во семејството, за подобар животен стандард! Сите пензионери добија 3000 денари! Пензионерите со пензија до 14000 денари добија 15000 денари! Пензионерите со пензија од 14001 до 16000 денари добија 10.000 денари.Пензионерите со пензија од 16001 до 19000 денари добија 7.500 денари“.

Таа додаде дека со системски политики е чуван сигурен и дефицитот во ПИОМ. Во мај 2024 дупката во ПИОМ беше 32,5%. Денес е 47,8 отсгто. Има разлика!
Овие две слики за пензиската политика се секако неспоредливи по сите можни агли на разгледување. Па и сега со ова „покаќување“ практичко губат сите, дурии оние со најниски пензии кои место 1.000 денари би требало да добијат 1.400 денари.
(Р.Г.)