Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ

March 24, 2026 Filed Under: Македонија

Додека Владата тврди дека со намалувањето на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 отсто ќе се заштити стандардот на граѓаните, дел од аналитичарите велат дека реакцијата е задоцнета и нема да спречи цените да растат. Во исто време во буџетот нема доволно приходи!

ЈОВАНОВИЌ Мораше да се замрзнат сите цени на горивата како и на храната

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ смета дека потребна е поголема реакција и преземање на други мерки. Предоцна се доенсени мерките, не знам што правеше Владата во изминатите неколку недели. „Кризата не е под наша контрола ама заради неспособноста на Владата ќе има криза во земјата. Замзрнување на цените мораше да ги има првите денови на војната, бидејќи, се знаеја ефектите што ќе се случат.

Задоцнета и половична мерка на Мицкоски е без ефект, горивата пак ќе поскапат. Требаше времено да се замрзна сите цени на 30 дена и тогаш ќе имаме некаков ефект на заштита. Но тие го преспаа вистинсикиот момент и сега се на таа точка бидејќи донесоа ужасно импотентни мерки.

Треба замрзнувањетоо на цените на горивата да се замрзне под сегашното ниво а да се замрзне и цената на храната и тоа на ниво од пред една недела“ – изјави тој за ТВ24 вести.

„Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и  граѓаните нема да почувствуваат ништо. Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари.

Ова е потврда дека половичната мерка на Мицкоски нема да го спречи растот на цените, граѓаните ќе плаќаат уште поскапо гориво а цените на храната ќе продолжат да растат“ – сметаат и во најголемата оппозициона партија..

Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме се активираше спиралата на поскапувања на хрната. Денес веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм. Очевидно владата на Мицкоски избегнува суштински решенија за намалување на цените затоа што ги штити бизнис интресите на ВМРО кои профитираат од високите цени.

Реалноста е дека цените растат, платите не се зголемуваат, а Владата на Мицкоски нема план ниту пак сака нешто да преземе – констатират од СДСМ. Тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата, празни фрижидери и намалување на стандардот на граѓаните.

СДСМ повторно бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки кои вистински ќе донесат до намалување на цените и ќе им помогнат на граѓаните: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.

Дали намерно владата дозволи овие три недели да има покачени цени на горивата?, праша пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Битиќи посочи дека во време на криза најважно е да се помогне на граѓаните и да се штитат нивните интереси а на нечии бизнис интереси.

„Во овој момент, тоа што треба да се заштити е животниот стандард на граѓаните, а не интересот можеби на бизнис заедницата и на владата. Јавно ќе ја отворам дилемата, дали можеби намерно овие три недели се дозволи да имаме покачани нафтени деривати за да се зголеми приходите кои што не се планирани во Буџетот и кој што и тоа како кубури со средства, а дополнително, делот од тие средства нели одат во бизнис заедницата“, рече Битиќи.

Тој додаде дека согласно расположливите податоци, бројките покажуваат дека Буџетот е празен, приходната и расходната страна на Буџетот не се реализираат според планираното.

„Бројките покажуваат дека буџетот е празен. Ако видите на приходната страна во овој момент реализацијата некаде 19,3% скоро пред крајот на првиот квартал. Вообичаено крајот на првиот квартал би требало да има приходи околу 25 %, затоа што расходите веќе се на ниво од 23,6%, што значи расходите одат според планираното, ама вие имате 6 до 7% помали приходи, од тоа што е испланирано. Не го кажувам јас ова, бројките ги кажуваат од Министерство за финансии“, рече Битиќи.

Притоа, Битиќи укажа дека во ваква состојба на ценовни шокови и кога во буџетот нема пари, државата тешко може да се справи со кризата.

„Јас стравувам дека при немање пари во Буџетот, при намалена ликвидност, при должење и тоа многу на стопанството, да не се носат мерки кои што ќе им помогнат и на стопанството и на граѓаните, навистина ме загрижува како граѓанин, дали ние имаме воопшто предвидливост што ќе не снајде во 2026 година“, рече Битиќи.

 

 

 

 

 

Filed Under: Македонија

ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ
КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ
САД: ОСТАВКА ШТО ГО РАЗГОРЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН
ХOЛАНЃАНКАТА АНЕКЕ БРАСИНГА Е ГОДИНЕШЕН ДОБИТНИК НА „ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ“
ВОЗДУШНИОТ КОРИДОР ЗА ДОСТАВА НА МУНИЦИЈА ФУНКЦИОНИРАШЕ ВО ВРЕМЕТО НА ЗАБРАНАТА ЗА ИЗВОЗ

Најново

  • ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ
  • КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ
  • САД: ОСТАВКА ШТО ГО РАЗГОРЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet