Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈОВЕВА: НЕ Е ВРЕМЕ ЗА БАРИЕРИ

October 12, 2022 Filed Under: Македонија

Европратеничката од Словенија Ирена Јовева е дел од промакедонското лоби во Брисел.  Таа вели дека Северна Македонија има сојузници и многу пријатели во ЕУ и дека сите напори вредат оти европската перспектива на Северна Македонија е реална и покрај тешките одлуки

ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА ЈОВЕВА Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ до 2030

Европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, го честита отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и дава поддршка за евроинтегративниот процес на земјата.

„Важно е да останете цврсто на европскиот пат и македонските граѓани да знаат дека европската интеграција на земјата е реалност, која е остварлива со заедничка посветеност на процесот на преговори и работа на реформската агенда“, вели Јовева во видеообраќањето.

Таа потсетува дека преговорите со Европската Унија се отворени и веќе имаме започнато нова фаза во евроинтеграциите, која бара силен ангажман и политичка волја за брзо и ефикасно спроведување на реформите.

Јовева вели дека Северна Македонија има сојузници и многу пријатели во ЕУ и дека сите напори вредат оти европската перспектива на Северна Македонија е реална и покрај тешките одлуки, поради кои на граѓаните им е тешко да поверуваат дека се оди напред.

„Северна Македонија навистина има многу сојузници многу пријатели тука во ЕУ, а што е најбитно, соработка помеѓу нас. За поделби национални па и партиски тука место нема. А дали за Северна Македонија во ЕУ место има – има“ – порача Јовева.

Таа вели дека сега не е време за бариери.

„Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да поставите добро темпо на водење на преговорите, за реализација на поставената цел – Северна Македонија членка на ЕУ до 2030“, кажа Јовева.

Јовева во обраќањето додава дека со поддршка од Словенија и од европските пријатели, Северна Македонија ќе успее да ги надмине предизвиците со кои ќе се соочи во текот на преговорите.

„Бидете уверени дека вреди да се направи трансформацијата на општеството заради конкретните придобивки кои ќе ги имаат граѓаните“,

нагласи Јовева.

Европратеничката е дел од Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, кој во изминатите два дена заседаваше, а свое обраќање имаше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

 

 

 

Filed Under: Македонија

БАЛКАНОТ  И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА
СTРАЗБУР: ИЗБОРНИ РЕФОРМИ БЕЗ ДИЈАЛОГ (3)
ТОКСИЧНАТА ПОЛИТИКА: КОЛКУ ЧИНИ ГРЕНЛАНД?

Најново

  • БАЛКАНОТ И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
  • ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
  • СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet