Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈОНАС КОИВИСТО: ПРВ ЧЕКОР КОН ПОДОБАР КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ Е НАМАЛУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ!

December 10, 2019 Filed Under: Македонија

Работата а овој научник е насочена кон аеросолната физика. Тоа е во врска со познавањето на партикуларните честички, и нивното влијание врз  здравјето на човекот и климатските промени. Несомнено е дека загадувањето со партикуларни честички во воздухот штетно влијае врз личниот живот и здравјето на луѓето, на глобално ниво

МЕРЕЊЕ Нужни се промени во начинот на мерењето на загадувањето

Д-р Јонас Коивисто е менаџер и приватен консултант за справување со загадување на воздухот, виш проектен научник во ARCHE Consulting и истражувач на Универзитетот во Хелсинки при Институтот за Истражување на атмосферата и земјата. Во текот на овогодинешниот Самит Македонија 2025, имавме задоволството и можноста да слушнеме повеќе за неговото искуство во оваа важна област, како и да дознаеме повеќе детали за неговите најнови професионални истражувања.

Вие сте научник во областа на нанотехнологијата веќе 12 години и неодамна  ја основавте вашата компанија Air Pollution Management во Данска. Како се решивте да влезете во ова научно поле и што ве поттикна да работите во оваа област?

– По професија сум физичар со широки познавања на ова поле и огромен ентузијазам. По завршување на моите магистерски студии, сфатив дека постојат мали можности за работа во областа на нуклеарната физика, иако тоа беше темата на мојата магистерска теза. Ова ја насочи мојата работа кон научното поле на аеросолна физика, предмет кој го предаваше проф. Карле Хумери. Тој ме научи за важноста од познавањето на партикуларните честички, и нивното влијание врз  здравјето на човекот и климатските промени. Несомнено е дека загадувањето со партикуларни честички во воздухот штетно влијае врз личниот живот и здравјето на луѓето, на глобално ниво.

ЈОНАС КОИВИСТО Значаен говорник на Самит Македонија 2025

Дали можете да споделите што може да очекуваме да слушнеме и научиме од ваша страна, од излагањето во склоп на Самитот Македонија2025? Кој е вашиот моментален научен фокус и кои се најновите трендови во вашата област ?

– На Самитот Македонија2025, ги презентирав фундаменталните грешки при најчесто користените модели на изложеност и проценка на ризик и тоа – Stoffenmanager (StM) и Advanced REACH Tool (ART). Овие модели се препорачуваат од Европската хемиска агенција (ECHA) за проценка на хемиската безбедност според регулативата за хемикалии REACH. Проблемот е што СТМ и АРТ се нефизички модели, што значи дека не постои сигурност во проценките, односно, масата може да се појави или исчезне без никаква причина. Ова прави сè да е возможно, исто како во познатата класика „Алиса во земјата на чудата“, и со тоа овие маси се тешки за да се предвидвидат и следат. На пример, Stoffenmanager (StM) предвидува нивоа на изложеност на штетни емисии 10.000 пати помалку од физичкиот модел, кој се користи за истражување. Во своето излагање ќе се фокусирам на тоа како можеме да користиме физички модели за да го процениме влијанието на изворите на загадување врз квалитетот на воздухот во затворен простор и како да создадеме подобро осмислени концепти за донесување одлуки околу хемиската безбедност. На пример, ова вклучува означување на нивото на загадување кај етикетите на производите за широка потрошувачка и вредноста на факторот на загадување кај индустриските процеси.

Во последните 3 години, неколку градови во Македонија беа едни од најзагадените во Европа и во светот. Кои решенија и акции можете да ги понудите,  како нашата земјата би го решила овој голем проблем и кои практични совети можете да ги споделите за да би можеле да ги примениме тука, имајќи предвид дека скандинависките земји  ги имаат едни од најмоќните системи за борба против емисиите на штетни честички во воздухот?

– Загадувачите на воздухот предизвикани од сообраќајот го оштетуваат нашето здравје, исто онолку колку и долгата изложеност на локалните загадувачи. Загадувањето на воздухот не познава граници. Европа сè уште гради електрани со употреба на фосилни горива, вклучувајќи јаглен, загадувајќи ја атмосферата, со што страда и квалитетот на воздухот во Македонија. Не е доволно да се намалат само локалните загадувачи, на пример, преку употреба на електрични автомобили и преку пренесување на загадувачите надвор од градските подрачја. Анализата на ризик треба да се заснова на факти и да го опфаќа целиот животен циклус. На пример, стапката на смртност од загадување на воздухот и несреќи поврзани со производството на енергија e 40 пати повисокa од факторот гас и 470 пати повисокa од факторот кафеав јаглен, за разлика од нуклеарната енергија (види повеќе на ourworldindata.org). Државите треба сериозно да ја обмислат структурата за производство на енергија и истата треба да се сведе само на реалните и основните трошоци. Според Европската агенција за животна средина, само воздухот во кој се содржат ПМ 2.5 честички (партикуларни честички со големина помала од 2,5 микрометри) предизвикал околу 400.000 предвремени смртни случаи во ЕУ-27. Која е цената на овие изгубени животи? Најефикасниот метод за намалување на загадувачите лежи во намалувањето на потрошувачката. Првите чекори кон подобар квалитет на воздухот би можеле да бидат намалување на сообраќајот, што би се постигнало со градење на инфраструктура за пешаци и велосипеди и со пресметување на реалната цена за производите и потрошните материјали.

ЗАГАДУВАЊЕ ВО СООБРАЌАЈОТ За Мaкдонија е карактристичен овој вид на загадување по градовите и нужни се алтернативни

Грета Тунберг е една од најмладите активисти на глобално ниво и нејзината појава навистина ја подигна свеста за загадувањето и климатските промени низ целиот свет. Оваа година средношколците од Македонија се приклучија во нејзиното движење и ја поддржаа идејата за праќање  знак до владата, да преземе некои мерки за овој проблем, за што сметаме дека е голем чекор . Во основните училишта кај нас имаме еко-секции, но што мислите, што младите, кои се наши идни донесувачи на одлуки, можат практично да направат за промена во оваа алармантна состојба во Македонија и која е вашата порака до нив?

– Квалитетот на животот на нашата генерација е најважен. Следната генерација ќе страда од последиците на нашата зголемена потрошувачка и игнорантниот однос кон животната средина. Ние треба да им дадеме целосно право и поддршка да одлучат како сакаат да ја гледаат својата иднина.

Какво е вашето мото и кои се вашите цели и визии за иднината?

– Ние работиме да живееме, а не живееме да работиме. Тоа значи дека треба да уживаме во нематеријалениот начин на живот, како што се слободното време, природата и луѓето. Во современото општество, имаме толку многу материјални удобности што веќе немаме време еден за друг, дури ниту доволно време да ги користиме сите производи и електирични уреди што сме ги стекнале преку напорната работа.

(inovativnost.mk)

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet