БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Хорхе потврди дека шефот на неговиот кабинет бил во пучистичкиот штаб во вмро-дпмне. Тоа е ултимативен момент кој мора да предизвика оставка на претседателот по дефиниција, без расправа и без оглед на правните импликации што може да ги има, а јас мислам дека треба да ги има тој факт по претседателот
Ние како општество ја знаеме вистината за 27 април, ние ја проживеавме и ја преживеавме таа вистина, не ни се потребни никакви дополнителни докази. На сите кои успеавме да се спасиме од вмровските продиксани за миење на мозокот, ни е јасно дека во оперативна смисла работата ја водеше УБК, засилена со партиски кадри на вмро-дпмне, дека извршители биле партиски структури на вмро-дпмне и агенти на УБК, заедно со маса заблудени и хистеризирани луѓе засилени со аутсорсинг сили на тајните служби и полицијата, но дека на врвот на таа пирамида биле Груевски и Иванов.
Тоа е.
Друга работа е судската процедура во која открвањето на тоа што сите го знаеме е малку посложен процес. Многу се важни сведочењата во кои јас го вбројувам и исказот на претседателот Иванов.
Хорхе имено потврди дека шефот на неговиот кабинет бил во пучистичкиот штаб во вмро-дпмне, а шефот на обезбедувањето во времето на пучот патувал од Истанбул кон Скопје. Со автомобил.
Првиот факт, оној за присуството на Јосифивски во пучистичката централа, е ултимативен момент кој мора да предизвика оставка на претседателот по дефиниција, без расправа и без оглед на правните импликации што може да ги има, а јас мислам дека треба да ги има тој факт по претседателот.
Во однос на Синиша, му предлагам на обвинителството прво да ја утврди фактичката состојба односно дали навистина Алексовски бил тргнал на пат за Вашингтон, па бил вратен од Истанбул, преку увид во неговиот пасош, потоа, каква е неговата локација додека комуницира со српскиот разузнавач Живаљевиќ и тоа да се вкрсти со првите податоци, а во поинаква смисла, преку контакти со Американците, да се открие дали навистна била договорена средба и дали таа требало да биде стварна или само алиби варијанта додека во Скопје се одвива крвавиот пуч!