Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈУАН ЛОНГИНГ: АГРОНОМОТ КОЈ ЈА ПОБЕДИ ГЛАДТА ВО КИНА

May 25, 2021 Filed Under: Ревија

Кинескиот „татко на хибридниот ориз“ почина во болница во Чангши, провинцијата Хунан. Беше во немилост кога истакна дека „претседателот Мао не студирасл агрономија“

ПРОМЕНЕТ ОДНОС Сегашното кинеско раководство има променет однос кон агрономот Лонгинг

Истакнатиот кинески научник Јуан Лонгпинг, познат по развивањето на првите сорти хибриден ориз, почина во саботата на 90-годишна возраст, објавија државните медиуми. Агрономот, роден во Пекинг во септември 1930 година, според АФП и Хина се смета за кинески херој.

Неговите први хибридни оризови култури, развиени во раните 1970-ти, беа потребни за да се нахрани петтина од населението на само девет проценти од обработливото земјиште во Кина.

Подоцна разви дури и попродуктивни сорти кои постојано соборуваа рекорди – од 10 тони принос по хектар во 2000 година до повеќе од 15 тони во 2014 година.

Од тогаш хибриден ориз се одгледува низ целиот свет и обезбедува поголема обезбеденост со храната во многу земји.

Јуан се посвети на развојот на хибриден ориз по големата глад во 60-тите години на минатиот век и изјавата „дека претседателот Мао навистина не студирал земјоделие“ го доведе во неволја со партијата што успешно ја победи.

Тој е добитник на најпрестижниот кинески медал, за неговиот придонес во безбедноста на храната во земјата, научниот развој на земјоделството и зголеменото глобално производство на храна.

Тој беше избран и за прв носител на факел на Олимписките игри во Пекинг 2008 година.

Кинеските научници успеаја да одгледуваат уникатно овошје од ориз кое расте во солена вода, и на крајот може да нахрани близу 200 милиони луѓе ширум светот, пишува South China Morning Post.

Студијата е спроведена во Центарот за развој и истражување во Кингдао, каде научниците се занимаваат со одгледување ориз отпорен на солена и алкална (кисела) средина, во провинцијата Шандонг. Таму во солена вода се одгледува 6,5 до 9,3 тони храна.

Резултатите беа подобри отколку што очекуваа научниците, со надеж дека приносите ќе пораснат близу 4,5 тони ориз на хектар.

Оризот, наречен „јуан ми“, се одгледувал со помош на морска вода од Жолтото море. Практично се искористија големи области со висока соленост и киселост на почвата

Морската вода е разредена и е насочена кон полињата со ориз близу морето, а не кон оние во внатрешноста на земјата. Кина е покриена со милион квадратни километри ненаселена земја каде соленоста и киселоста на почвата се многу високи.

„Ова значи дека оваа област може да се искористи за производство на скоро 50 милиони тони ориз, со што би се хранат приближно 200 милиони луѓе“, рече Јуан Лонгпинг, научник кого Кинезите го нарекуваат и „татко на хибриден ориз“, според Хина.

ВИСТИНСКИОТ ОРИЗ Ако оризот е негуван на солена почва има многу додатни значајни елементи – вио светот оваа култура е главна за 50 отсто од популацијата

Тој го одгледуваше првиот кинески хибриден ориз уште во 1974 година и заедно со неговите колеги веќе неколку пати го собори светскиот рекорд во неговиот род.

Тој верува дека Кина, ако десетина области со сличен вид почва беа засадени со овој уникатен вид ориз, може да го зголеми производството на тоа жито за 20 проценти. Да напоменеме дека повеќе од 50 проценти од светската популација и близу 60 проценти од Кинезите главно се хранат со ориз.

Според ОН, 815 милиони луѓе во светот починале од глад – 38 милиони повеќе отколку во 2015 година, така што зголемувањето на приносот на оваа важна храна може да ја зголеми профитабилноста на одгледувањето и да ја зголеми глобалната понуда, со што ќе се ублажи гладот ​​во земјите погодени од сиромаштија и скромната понуда на  храна.

Кинезите кои го испробале новиот вид ориз велат дека е многу вкусен, а неговата предност е зголемената количина на калциум и други микроелементи со оглед на растот во солената вода. Солта исто така може да ги „избрка“ патогените бактерии а ова значи дека оризот одгледуван во солена вода би бил помалку изложен на штетници, па затоа лозарите ќе треба да користат помалку пестициди.

Но, тука е и „рачката 22“. Имено, „јуанот ми“ чини 50 јуани или 6,5 евра за килограм, што е осум пати повеќе од вообичаената цена на оризот што се продава во пакувања од еден, два, пет или десет килограми. (Забелешка, кај нас македонскиот ориз се продава по едно евро за килограм, што е важно за соодносот!). Сепак, се чини дека цената не избрка многу купувачи

Шефот на продажбата на стартапот Јуан Це, кој работи со Лонгпинг и неговиот тим, рече: „Нашата цел е да оствариме приход од приближно десет милиони јуани од продажба на солен ориз до крајот на годината“.

Filed Under: Ревија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet