Од Владата велат дека логото е составено од повеќе елементи, но потенцираат дека не го содржи државното знаме. Но, на социјалните мрежи врие од реакции. За дел од графичките дизајнери логото повеќе изгледа како „назив на фудбалски клуб во Финска“ или регистарска табличка
„Дизајнот на логото, по повод јубилејот – 30 години од независноста на државатa црпи инспирација од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој. На традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста.“ – напиша на својот фејсбук профил еден од најодговорните во Владата за информирање – Зоран Бојаровски. Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност., смета тој.
Логото по повод 30 годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе им биде достапен на сите граѓани, како дел од визуализацијата на сеопфатната програма за одбележување на овој наш исклучително значаен настан – 30 години од референдумот на кој се изгласа независноста.
Портпаролите на Владата, Арсовски и Муамет Хоџа на прес-конференција го претставија логото кое ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата. Логото било одобрено на 87. седница на Владата.
Најголемите реакции во јавноста се за згрешеното знаме – дизајнот имплицира дека се 12 краци, а не 8 колку што има на знамето, но и за тоа што не е употребено уставното име на земјата – Република Северна Македонија, туку само Северна Македонија. Исто така, се реагира и на тоа дека логото всушност прави историски фалсификат – се чини дека се одбележува 30 години од името Северна Македонија (кое е сменето во 2018), а не 30 години од независноста.
Од Владата велат дека логото е составено од повеќе елементи, но потенцираат дека не го содржи државното знаме.
„На традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон“, велат од Владата.Оттаму велат дека и оваа, и други влади, за државни празници низ годините наназад, често користеле разни варијации на сонцето
30 години од Македонија – да, 30 години од Северна – па не баш. Ова се дел од коментарите во јавноста која бурно реагираше на изгледот на логото под кое ќе се оддржуваат настаните со кои ќе се одбележи 30-годишнината од независноста на државата. На вчерашната презентација, владиниот портпарол Душко Арсовски во однос на логото кажа дека на традиционалната црвена основа се обединети симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот код „МК“ и бројката „30“. Ова логото ќе биде присутно на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и на настаните кои се дел од избраните проекти со кои беа поддржани Агенциите за организирање на настани преку помошта предвидена со петтиот пакет антикризни економски мерки.
Но, на социјалните мрежи врие од реакции. За дел од графичките дизајнери логото повеќе изгледа како „назив на фудбалски клуб во Финска“ или регистарска табличка. На други пак, им изгледа како идеално за баркод на фискална сметка или флип. Тие отидоа дотаму што го „редизајнираа“ логото, а своите идеи ги објавија на Твитер.
Откако вчера беше презентирано во јавноста, беа посочени неколку спорни моменти во изгледот на логото – дизајнот имплицира дека се 12 краци, а не 8 колку што има на знамето, но и за тоа што не е употребено уставното име на земјата – Република Северна Македонија, туку само Северна Македонија. Исто така, се реагира и на тоа дека логото всушност прави историски фалсификат – се чини дека се одбележува 30 години од името Северна, а не 30 години од независноста.
„Владиното лого за 30 години независност на Републиката треба да се исфрли, три фатални грешки има во логото“, вели за сдк.мк Соња Абаџиева, историчарка на уметност.„Елементарни непознавања, за ликовниот аспект не сакам ниту да зборувам. Голема дезинформација, зарем не гледате дека е пола знаме, каде е Републиката? Знаат ли да сметаат, 30 години ли сме Северна?“, вели Абаџиева.