Далеку е поголем бројот на луѓето кои се југосталгичари отколку што тоа отворено се признава. Кога југоносталгијата би се сватила во нејзиното вистинско значење, како чувство што настанува кога гo помниме она што било најубаво А што сме го изгубиле, тогаш југоносталгијата би ја немала негативната конотација
РАДМИЛА СТАНКОВИЌ
Родена како белграѓанка, половина од живото го минала во Барселона, каде од 1996 година работи во Факултетот за хуманистички науки при водечкиот шпански Универзитет Фабра. Таму предава словенски литератури, естетика и филозофија. На истиот Униврзитет во 2002 година основала Семинар За словенски студии со кои раководи и денес.
Покрај со академоската кариера Тамара Ѓермановиќ (1965) се бави и со пишување. Во Шпанија од 1992 година објавила четири авторкси книги и има десет поглавија во колективни дела. Пишува на руски, шпански, српски, англиски… Кон крајот на минатата година во издание на Самиздат Б92 и беше објавено делото „Пат во мојата непостоечка земја“, треперлива патеписна проза од посетата на некогашните југословенски земји. Патувала во места во кои некогаш била, за која ја врзуваат некогашни спомени. Нејзиното сведоштво изобилува со занимливи детали и опсервации што на читателот му го откриваат светот и културата на народите што одамна живеат на овие простори, но сега во нови држави. Кога во книгата вели мојата некогашна земја, а тоа е Југославија, се прашувам што е за неа тоа денес, речиси три децении по нејзиното нестанување, била најголема нејзина вредност, нејзиниот најубав спомен?
– Тоа е оној оптимизам со кој живеевме, вербата во иднината и чувството на гордост што си тука каде што си – вели Тамара Ѓермановиќ. – Образовниот систем и универзитетското образование што ни е пружено. Дружењето, убавината н земата и нејзината разновидност. Бев дете и млада личност додека сето тоа траеше и можеби тоа чувство било последица на вештачки наметната политика, но јас го доживував на автентичен начин.Затоа крвавиот распад на Југослваија толку тешко ми падна, имногу работи се уште денес не ми се јасни.“
Вели дека се труди да не биде носталгична во однос на било што во нејзиниот живот во кој имало многу загуби, или баем премногу нови почетоци. „Иако ја сакав таа земја, токму кога бев во тие нови земји што некогаш ја правеа Југославија, па ја пишував оваа книга сватив дека таа била неодржлива на долги патеки. На секој читател тоа ќе му биде јасно зошто тоа го кажувам. Иако немав чино непријатни искуства. Наку има околу нас многу повеќе југоносталгичари отколку што наслутуваме, и отколку што самите се подготвени тоа да го признаат. Кога југоносталгијата би се сватила во нејзиното суптествено значење, во чувството дека времето го брише негативните работи, кога ги помниме изгубените работи на кои секогаш со задоволство се сеќаваме, југоносталгијата би ја изгубила негативната конотација.
Половина на животот на Тамара и мина во Шпанија, во Каталонија, но ниту една земја на планетата повеќе не ја чувствува како своја. Не е каталонски националист ама сочувствува со причините што довеле Каталонците да сакаат да се отцепат од Шпанија. Тука е проблем национализмот на шпанската десница кој го вклучува централизмот како антикаталонска политика.
Завршила општа литература на Филолошкиот факултет во Белград. Таа никогаш не ја сметала литературата како југословенска или српска; единствената литература која би рекле дека има клучни национални одредници во однос на нешѕо општо, заедничко, како уникатно и препознатливо е руската литература, која во Барселона и самата ја предава.
„Од друга страна, кога имав можност тука да држам предавање за Андриќ, кого би сакала да можам да го класификувам како југословенски писател, сватив дека тоа денес не би било возможно. Имав ситуација кога значи јавно држев предавање на српската литература во Мадрид, каде што зборуваше за Андриќ меѓу другите писатели, поединци од Хрватска и Босна, кои беа во публиката, се побунија, велејќи дека ние немаме право да го присвојуваме Андриќ. Тогаш словенечкиот амбасадор, како Deus ex machine ја реши ситуацијата, велејќи дека Андриќ е на сите”.
Нејзиниот докторски труд зборува за односот меѓу Русија и Западот низ делата на Достоевски. Вели дека сомничавоста о пдноспот на љубов и омраза во односот на Западот и Русија низ делата на Дотоевски. Се вели дека подозривоста кон Русија на Западот постои од самиот почеток. Сега застанала на Достоевски, бидејќи тоа низ нејзиното дело совршено се прикажува.
Неговите зборови дека „побрзо ќе се измисли перпетуум мобиле пред Западот да влезе во длабочината на руската душа, на еден посовремен начин одѕвонува да речеме кај Сокуров, кога во неговиот филм „Руски ковчег“ слушаме руски глас кој го прашува странецот колку долго е во Русија за да изгради толку предрасуди, на што странецот му одговара „долго, ќе бидат наскоро два и пол часови“.