Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ: ОД КАДЕ ДОАЃА СТРАВОТ НА ВМРО ДПМНЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

November 21, 2023 Filed Under: Македонија

Изборите треба да бидат согласно, закон и Устав и дека треба да се прекине со нападите врз граѓаните и разговорите за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Од ВМРО-ДПМНЕ досега не слушнавме политичка платформа

„ВМРО-ДПМНЕ се плаши дека ако изгуби на претседателските избори, ќе изгуби гласачи и на парламентарните избори“, рече новинарот Љубиша Николовски во „Студио 10“ на ТВ24 говорејќи за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

Тој изјави дека во интерес на државата и граѓаните е изборите да бидат одвоени, со цел да се добие легитимет претседател, а не личност која ќе се влече на рејтингот на партијата.

„Изборот на претседател е посебна институција и се избира согласно редот. Не е точно дека немало излезност на претседателските избори досега. Само ако една голема партија реши да не излезе нема да има цензус“ рече Николовски.

Новинарот додаде дека  изборите треба да бидат согласно, закон и Устав и дека треба да се прекине со нападите врз граѓаните и разговорите за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

„Од ВМРО-ДПМНЕ досега не слушнавме политичка платформа. Дали уште ја спремаат и ќе ја слушнеме конечно, можеби. Досега освен објавување на неуспесите на оваа власт, не слушнавме што можеме да очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е жалосно од една таква голема партија“, посочи Николовски.

Тој додаде дека дури и во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи и ги блокира реформските закони кои ги тангираат граѓаните, земјоделците и пензиоенрите.

„Не слушнавме што тие би направиле. Има само плукање и навреди, очекувам таква да биде и кампањата“, рече Николовски.

Новинарот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе мора на своето гласачко тело и на граѓаните да им објасни каде оди оваа партија и која е нивната визија, за да не остане земјата заглавена.

„Од ВМРО-ДПМНЕ досега не слушнавме политичка платформа. Дали уште ја спремаат и ќе ја слушнеме конечно, можеби. Досега освен објавување на неуспесите на оваа власт, не слушнавме што можеме да очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е жалосно од една таква голема партија“, рече новинарот Љубиша Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека дури и во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи и ги блокира реформските закони кои ги тангираат граѓаните, земјоделците и пензиоенрите.

„Не слушнавме што тие би направиле. Има само плукање и навреди, очекувам таква да биде и кампањата“, рече Николовски.

Новинарот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе мора на своето гласачко тело и на граѓаните да им објасни каде оди оваа партија и која е нивната визија, за да не остане земјата заглавена.

Filed Under: Македонија

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet