АНА ЧУПЕСКА
Можеби мислат што поевтина изборна роба пласираат, толку повеќе профит ќе лапнат. И тоа, навистина, е во согласност со панаѓурска логика. Тука, особено интересна е тезгата на Таравари на која, во неговите „пет минути власт”, а по претходно најавени демек спектакуларни визии за здравството (кај што нели бил најјак, како што тврдеше) јасно ни покажа еден куп циркузи
Можеби мислат што поевтина изборна роба пласираат, толку повеќе профит ќе лапнат. И тоа, навистина, е во согласност со панаѓурска логика. Тука, особено интересна е тезгата на Таравари на која, во неговите „пет минути власт”, а по претходно најавени демек спектакуларни визии за здравството (кај што нели бил најјак, како што тврдеше) јасно ни покажа еден куп циркузи: од специјализанти кои ги лансираше во директори на клинички, па се до разрешување на директори по фантастично ретардирани основи (истечен сертификат за англиски хаха); па држ-не-дај партиски ставови, па чија е партијата.
Оф мори мајко, како некој “гладен лав”, т.е. ем гладен, ем ненаситен. Ем не ја научи лекцијата од претепаниот Села , кој во обид да направи смут се заигра онојпат со ВМРО, и секако после се покаја.
Мицко пак е под сериозен крими притисок од вечните вмровски опортунисти и старата добро позната постава од на Грујо дрим-тимот. Жал ми е за човекот! Како во менгеме е. Дури, најсвежо, па тој сега има и нови усти за хранење, оние од “третата постава” : кафански вратари кои низ државава ораат. И тоа, баш во неговите први 5 минути полу власт, јасно го промовира НОВИОТ УРКО: типот што ќе рекетира наоколу и ќе заташкува валкани работи на партиските војници. Овие се пуштени на најјако.
Но, ајде да видиме може некој ќе ме демантира( дај боже) па ќе пресече со некое супер смарт политичко решение. Ова, бидејќи верувам оти техничкиот министер за внатрешни, реализиран и докажан адвокат, борец за правата на народот, не е блесав да дозволи вакви типови да му се шуњаат низ министерството, а уште помалку па да дозволи да имаат и некоја висока позиција! Мислам дека ХИТ е ВРАТАРОВ во смисла на сигурен неуспех. Како и да е, он си знае најдобро.
Најпосле, овој 04.04.( официјален почеток на кампањата) се надевам дека нема да биде отпочнат во духот на патерици од 01.04 (Априлилили) и конечно, со големо исчекување во рамки на самата кампања ќе ги чуеме јасно и гласно визиите на Мицко и неговата претседателска кандидатка, каква визија ќе понудат, како ја гледаат државава и конечно ќе ни го откријат генијалниот таен план за нашите ЕУ интеграции. Ова е многу важно. Имено, планот да го чуеме. Како што на пример го чувме од Пендаровски, од Османи, па дури и од Таравари.
Сега за сега, проблемот не е ни идеолошки , ни концептуален , туку е малку патетичен и малку патолошки, затоа што Мицковски и неговата кандидатка се однесуваат како да се во denial : невидливо и негаторски, во однос на фактичката и реалната состојба на земјава. Како да ги негираат фактите дека сме држава рамноправна членка во НАТО, и дека нашиот единствен пат во иднина е членство во ЕУ. Блурот и маглата што ја прават со оваа нивна (не)позиција може да се само ефтини трикови за народните маси, но, можеби и не се. И, токму тоа е и проблематично.
Прво од причина што во тој опсег, впрочем и умерениот десен центар никако не би можел да се идентификува со овој блуриран став кој во суштина и не е став. Второ, можно е повторно ќе ја извадат мантрата “Разумен џирло компромис”. Трето, таквиот став носи сериозни ризици за земјата.
Сепак, треба да сме среќни што сме демократска држава, и сега останува да покажеме трпение, па од Панаѓурот да видиме кој ќе понуди реално квалитетна и пред сè, не фејк роба. Останатото е до гласачите. Или сакаш фејк или оригинал. Тоа е до критериумите.
Ана Чупеска