Претворањето на стротом основно училиште во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик има многу значења. Но сите некако се враќаат и кон некогашниот анимозитет меѓу двете соседни држави и сега – кон новата ер на односите меѓу нас и Грција
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
На 17 јуни пред две години во селото Нивице, неколку киломери од некогашната гранична точка Маркова Нога се потпиша Преспанскиот догоор. Иако за договорот беа врзани контраверзи и неприфаќање од страна на македонската десница, факт е дека за Преспанското езеро можеби и да доаѓаат и нови денови. Ред некој број пишувавме за граничниот премин а деновиве дознаваме дека во селото Љубојно ќе се гради идиот Центар за проучување на македонскиот јазик! Во мигот кога истиот јазик слободно се говори од двете страни на границата! Случајно или не тој ден еден грчки пратеник Ѓорѓос Урзидис проговоре на костурски дијалект од говорницата на Парламентот во Атина. Колку само пром ени…
ПОВЕЌЕ ЛЕГЕНДИ Љубојно е село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во општина Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.
Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е посвојно образувано со помош на суфиксот „-јно“ од личното име Љубота или можеби од женското име Љубова. Ова се потврдува и низ преданијата на некои љубанци
Меѓутоа, кај постарите жители на селото се раскажувале и две легенди, кои упатуваат дека името на селото е изведено од зборот „љубов“. Едната легенда говори дека некогаш (многу одамна) од двете соседни населби (Калинци и Куќиштата) се вљубиле момче и девојка. Но, поради лошите меѓусоседски односи на жителите од двете населби, момчето и девојката не смееле да се земат. На крајот, победила љубовта. Тие се земале и побегнале од своите населби. Во непосредна близина на реката подигнале свој дом за вечно и среќно живеење. Подоцна, во нивната близина се доселувале и други семејства. Населбата што се создала била наречена Љубојно по приказната за нераскинливата љубов на нејзините први жители.
Втората легенда говори дека името на селото настанало кога двете населби (Калинци и Куќиштата) почнале да се соединуваат и да ја градат новата населба (на сегашната положба). Тоа го правеле со голема љубов и меѓусебна почит (се сакале, се љубеле). Од таа меѓусебна почит и љубов, настанало и името на нивното село.
Во историските извори, ова село е забележано како „Љубовино“. Тоа се совпаѓа со едно предание според кое името дошло по првонаселената меанџика Љуба, која точела многу убаво вино. Кога муштериите влегувале во меаната гласно нарачувале „Љубо, вино“.
Селото е сместено на околу два километри источно од езерото, сместено на падина од планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри. Ако е големата ода близу, општината во Ресен е подалеку – на 28 километри оддалеченост.
Љубојно се граничи со следниве села: со Штрбово на север, со Брајчино на исток, со селото Долно Дупени на југ и со селото Наколец на запад.[3]
АКТИВНО И ВО ТУРСКО ВРЕМЕ Атарот на Љубојно се простира на површина од 1.358 хектари (околу 13,58 км2) и зафаќа рамничарско и ридско-планинско земјиште, на северната страна на селото има голет, а на јужната, југоисточната и источната се простира густа, претежно дабова шума. Од вкупната површина на атарот: 477,4 хектари се обработливо земјиште, 396,9 хектари пасишта и 396,7 хектари шума.
Низ атарот на селото тече Брајчинска Река (кај љубанци позната и по името „Стара Река“), водоносна, брза и бистра, која никогаш не пресушува. На нејзиниот јаз кој минува низ селото, до годините на Илинденското востание работеле 16 воденици, две валалници и девет казани за варење ракија.
За разлика од повеќето преспански села, во права смисла на зборот Љубојно е село од собран, дури збиен тип, со околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени од двете страни на јасно создадените и делумно асфалтираните улици. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Двориштата во кои се наоѓаат останатите стопански објекти (тремови, штали, плевни, магацини, гаражи, фурни, бунари, гумна, и сл.) главно се оградени со високи авлии и широки порти. Денес, се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи особености на мала градска населба. Таму се снимаше и познатиот макеонски филм „Црвениот коњ“ на Столе Попов, со темата која е од другат страна на границата, но селото е избрно како една релативно воедначена архитектонска целина.
Според групираноста на куќите и семејствата, селото се дели на повеќе поголеми маала: Чифличка (западниот), Пашариковска (југоисточниот), Илиовска (североисточниот), Сејменовска, Бубутиовска или Лембовска (средишниот) и Поленска или Кондовска или Лубаровска (јужниот дел на селото).
БОРБЕНО СЕЛО Самото село е директно поврзано со асфалтен пат со Наколец и Долно Дупени, кои лежат крај главниот регионален пат кој го поврзува источниот брег на Преспанското Езеро со магистралниот пат за Ресен и Битола, а од Љубојно води и единствениот пат кон Брајчино кој е обновен, проширен и асфалтиран во најново време.
Љубојно е старо христијанско село во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Под различни облици на денешното име (Љубоини, Лјубојно, Љубоино и Љубојно) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано е споменато во втората грамота на царот Душан од 1337 година кога тој ја подарил селската црква Свети Никола на манастирот Трескавец. Подоцна, Љубојно повторно се спомнува и во еден запис на Сливничкиот манастир од 1607 година, како поголема македонска населба.
Од ова село потекнува Георги Трајков, учесник во Кресненското востание (1878/79) во четата на Стефо Николов од село Бесвина.
Во XIX век, Љубојно се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во Отоманското Царство.
До 1912 година, Љубојно било под турска власт, а во тој склоп и беговски чифлик. Љубанци никогаш не се помириле со турското ропство. Масовно и активно учествувале во подготовките и текот на Илинденското востание. Во 1902 година, во селото било создадено раководно востаничко тело и три востанички чети. На 5 март 1903 година во селото е водена тешка борба со турската војска. Во почетокот на востанието љубанската чета учествувала во нападот на нахискиот центар Наколец. Загинале 20 луѓе, селото било ограбено и биле изгорени 105 куќи. Дополнително, населението во Љубојно гладувало затоа што Турците ги изгореле снопјето и го однеле сето овршено жито.
Според записите на хуманитарната делегација на Скопската митрополија во книгата „Спомени од една обиколка во 1903“ (издадена во 1910 година), за време на Илинденското востание, Љубојно било опколено од војска од три страни при што биле изгорени 105 македонски и 11 турски, а само една мала куќичка среде селото останала здрава. Страдањата и случувањата за време на Илинденското востание во Љубојно се запишани на спомен-плочата која се наоѓа на куќа, веднаш до патот кон Брајчино во горниот дел на селото.
НА САМИОТ ФРОНТ Во Првата Балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација, со што се најде и во зафатот на Македонскиот фронт. Во еден период на војната (1916 година), Љубојно било засолниште за евакуираните жители на селото Долно Дупени. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, љубанци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.
Во 1917 година селото го зафатило „шпанска грозница“ (пегав тифус), од која умреле повеќе луѓе.
По завршувањето на Првата светска војна, Љубојно повторно се нашло под српска власт. Во ова време, Љубојно претставувало седиште на новосоздадената општина.
Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. Во Љубојно била основана општина (истурен пункт на Потпрефектурата Царев Двор). Во селото имало италијанска војска, карабињери и албанска полиција. На 12 декември 1941 година во селото биле одржани жестоки демонстрации против назначувањето на албанска администрација (кмет, чиновници и учители). По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) било слободна територија на НОАВМ. На 8 ноември 1943 година паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Загинале пет борци од ова место.
На 8 септември 1943 кај селската црква во борбите против хитлеровските германски банди при разоружувањето на италијанската фашистичка војска јуначки загинале Кичо Чулаковски од Љубојно кој живеел во битолското село Бистрица, Ристо Т. Ѓоршевски од село Канино (битолско) и Фари К. Ибраиме од село Нижеполе (битолско). Овој историски настан е запишан на спомен-плочата на НОБ, која се наоѓа на оградата до влезот во дворот на селската црква и гробишта на сретсело.
СТАРОТО УЧИЛИШТЕ Со прва училишна зграда Љубојно се здобило во 1906 година, а со нова во 1971 година. Жандермериска станица била основана во 1922 година, општинска зграда подигната во 1926 година, објекти за потребите на граничните единици во 1932 година, пошта во 1936 година, царинарница во 1937 година, дом на културата во 1952 година, електрична енергија селото добило во 1951 година, амбуланта во 1961 година, асфалтен пат во 1985 година, водовод во 1976 година, телефонски приклучоци во 1988 година.[
Својата егзистенција, љубанци претежно ја обезбедувале преку поледелството, сточарството, занаетчиството, трговијата и печалбарството. Во рамките на поледелството најмногу произведувале житарици (’рж, пченица, јачмен, пченка, и др.), потоа саделе лозја, зеленчукови и овошни градини, во кои најмногу се одгледувале грав, пипер, патлиџан, кромид, лук, зелка и друго. Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале волови, крави, коњи, магарињи, овци, кози и свињи. Покрај ова, во периодот меѓу двете светски војни и во годините на Втората светска војна и непосредно по неа, доста се занимавале со занаетчиство и трговија. Во тоа време, Љубојно имало 14 чевларски работилници, 8 дуќани на стока за широка потрошувачка и текстил, 5 кафеани, 6 дрводелски и 4 шнајдерски работилници, 2 фурни за леб, 8 воденици, 2 ковачници и 1 берберница. По ослободувањето на земјата, повеќе луѓе се вработиле во органите на управата, општествените дејности и претпријатијата. Љубанци одамна почнале со печалба, најмногу ги има во САД и Канада.
Денес, како и во другите села во Преспа единствена земјоделска гранка која е застапена за надворешни пазари и трговија е овоштарството, односно производството на јаболка.
Поради карактеристичната местоположба на селото и живата природа, Љубојно е типично македонско село со огромен потенцијал за еколошки туризам. Туристички активности во селото се поврзани претежно со езерскиот туризам. Останатите активности на селскиот туризам се многу скромни. Во селото, туристичкиот престој на голем број од посетителите е поврзан со локалното население, заснован на роднинска поврзаност со посетителите кои доаѓаат од градските средини. Тоа е население по потекло од ова село коешто се иселило пред многу децении. Во обновените селски куќи или новоизградените, претежно во летниот период во текот на летните одмори и за време на викендите и празниците, во семејните куќи престојуваат сопствениците со семејството, со свои роднини или со пријатели. Најчест мотив за посета на туристите претежно домашни е езерото за капење и сончање.
Во текот на своето постоење, Љубојно го бележело следниот демографски развој: во 1568/69 година селото имало 45 семејства (опширен пописен дефтер за казите Горица, Биглишта и Хрупишта)
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Љубојно имало 550 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Љубојно имало 786 жители.
Поради традицијата кон печалбарството и иселеништвото, Љубојно забележува голем, значаен и постојан пад на бројот на своите жители. Така, Љубојно некогаш била голема печалбарска селска населба, но од неа се иселил значителен број на населението и таа преминала од големо во мало село. Во 1961 година во Љубојно живееле 884 жители, од кои 868 биле Македонци, 10 Албанци, додека во 1994 бројот се намалил на 238 жители од кои 223 Македонци, 12 Албанци и 1 Влав.
Според пописот од 2002 година, во селото Љубојно имало 186 жители, од кои 175 Македонци, 10 Албанци и 1 Влав. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на 1 км од селото, покрај патот за селото Брајчино, каде при обработувањето на земјата мештаните раскопале повеќе гробови во кои биле најдени керамички садови.
Заборавеното и разурнато училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно ќе се обнови и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик. На 15 ноември во 1945 година во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа и второ е училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, во кое се држела настава на мајчин јазик.
Седумдесет и шест години подоцна објектот се распаѓа, разурнат е, обраснат е со треви и непознат за пошироката јавност.
На двегодишнината од потпишувањето на историскиот Преспански договор (на 17 јуни 2018 во селото Нивици на Преспанското Езеро) со кој е затворен тридеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, ќе почне трансформацијата на училиштето „Димитар Влахов“ во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Најпрво ќе се прави проект за комплетна реконструкција на објектот за тој да го добие некогашниот карактеристичен изглед и потоа ќе биде претворен во Центар за промоција на македонскиот јазик. Посетителите во Центарот ќе може да добијат информации за настанување и озаконувањето на македонската азбука и воведување на македонскиот јазик за службен јазик во државата. Како што раскажуваат жителите на Љубојно од ослободувањето до сега низ училиштето „Димитар Влахов“ минале над 6.000 ученици.
Од училишната зграда на „Димитар Влахов“ сега се останати само делови од влезот и надворешните ѕидови од некогашниот масивен објект со специфична архитектура. Училиштето е без таван, врати и прозорци, а наместо училници, внатрешноста е обрасната. Ги нема ниту дрвените скали кои од приземјето воделе кон училниците на првиот кат.Оној кој ќе работи на обновата на зградата ќе има доста работа.