Републичкиот јавен обвинител откри во разговорот во емисијата „360 стпени“ дека има некои нелогичности договорот со фирмите –градителки на автопатите и дека наскоро по ова пршање ќе има одлука на обвинителите
„Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и јас сметам дека, можеби набрзо, Јавното обвинителство ќе излезе со јавнообвинителска одлука“, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за предистрагата за тендерот за избор на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“. Прашан дали со ваквиот одговор сака да најави отворање истрага за овој случај, тој не сакаше да одговори директно, туку дополни дека многу работи се испитуваат токму во делот со лиценците, каде што, на пример, фирмата „Електра солушнс“ обезбедила лиценца за надзор откако веќе беше распишана јавната набавка
ОЈО Скопје постапува во случајот со серијата спорни легализации на габаритни објекти во општина Чаир, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
„По допрен глас од вашата емисија, Обвинителството отвори предистрага. Се прибираат докази, како материјални, така и вербални. Постапката е во тек, не можам никакви детали во моментов за тоа да ви кажам. Се работи навистина за неколку згради таму коишто биле изградени на диво, а потоа се легализирани. Можеби тоа не е единствен случај во Македонија… Општината ги легализирала, од она што вие го објавивте, со тоа што не можела да ги испитува изјавите на градителите, на потенцијалните сопственици, дали се валидни или не. Доколку има кривично дело, Обвинителството ќе постапи и ќе бидете известени и вие и јавноста“, рече обвинителот Коцевски.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговара, меѓу другото, на прашањето – нели е понижувачки и срамно за Обвинителството сето ова да се случува дури откако градоначалникот на Струга од редовите на ДУИ заврши на американска „црна листа“
360°: Ви се случи повеќе лица да завршат на т.н. американска „црна листа“ и за дел од нив потоа да се покаже дека предмети стоеле во фиока, па наеднаш Јавното обвинителство да се разработи и да гледаме обвиненија. До каде сте со евентуални постапки за тие лица?
– Јас можам да зборувам за периодот откако бев именуван за државен јавен обвинител и сега во тој дел не е тоа само моја заслуга, тоа е заслуга на јавните обвинители што работат. Еве, на пример, за овие три и пол месеци, колку што сум јас државен обвинител, за градоначалникот на Општина Струга има поднесено четири обвиненија, а денеска е поднесено уште едно, петто обвинение за кривично дело несовесно работење во службата, така што од моите информации, има околу, не знам точна бројка, можеби пет-шест предмети во Основното јавно обвинителство Струга, одговори Коцевски.
360°: Ова новото обвинение на што се однесува?
– Несовесно работење во службата, се однесува на именување на директор од 2018 до 2022 година. Без разлика што се работи за обвинителен предлог, сепак станува збор за кривично дело и ова е петто обвинение за овој период од 3 и пол месеци, сега ќе почне судењето.
Видете, во однос на тој дел, за одредени кривични дела ( се мисли на поврзани случаи со американската „црна листа“) знаете дека се смени законот, а конкретно за кривичните дела од злоупотреба на службена положба и овластување и тие кривични дела беа главно во надлежност на Основнато јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, имајќи предвид дека повеќе се работеше за 353 став 5, а тоа беа јавни набавки… Меѓутоа, со измените на Кривичниот законик, во тој дел, казната сега се намали и тие кривични дела спаѓаат сега во надлежност на основните јавни обвинителства, според местото каде што е извршено кривичното дело. Можеби, во тој дел Јавното обвинителство сметало дека има доволно рок, имајќи предвид дека кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 беше најмалку 4 години, па имало сигурно и некое друго кривично дело, меѓутоа сега кога се скратија роковите, јавните обвинители се поажурни имајќи предвид што е можно да се спаси.