Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЉУТКОВ ГИ НАЛУТИ СИНДИКАЛЦИТЕ

April 2, 2025 Filed Under: Ревија

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, минатата недела го потпиша решението за избор на Мустафа Имери за нов директор на Филхармонија на Република Северна Македонија

ФИЛХАРМОНИЈА Вработените никако да наидат на одговор од коалиционата Влада во која министер е Љутков

Мустафа Имери е професор и раководител на Катедрата за албански јазик во СОУ „Илија Николовски-Луј“ 15 години, и е прв Албанец што доаѓа на раководното место во оваа инсттитуција. Вработените на Филхармонија се противат на одлуката за неговото именување како директор, веќе од февруари, а вчера од Синдикатот на Филхармонија реагираа со отворено протестно писмо до министеот за Култура и туризам, Зоран Љутков.

Оттаму, велат дека одлуката на Љутков да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија, е уште една потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен и незаконски начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции.

Според Синдикатот, Љутков донел политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дискфалификува, тој решил на незаконски начин да го назначи за директор кандитатот кој на конкурсот не ги доставил сите потребни документи и со тоа ги прекршил условите припишани во Законот за култура и во самиот конкурс.

Од Синдикатот порачуваат дека ќе бараат кривична одговорност за Љутков, и дека не им била важна етничката припадност туку конкурсот да биде спроведен на законски и транспарентен начин и со кандидат што ќе ги исполни сите услови.

„Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков кој наместо да ги почитува законите реши до крај да го истера меѓупартискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ. Нашето единствено барање до Љутков беше конкурсот да се спроведе на законски и транспарентен начин и да се избере кандитатот кој ги исполнува сите услови. Не ни беше важна етничката припадност и на самиот почеток се оградивме од ваквиот наратив“, порачуваат од Синдикатот на Филхармонија.

МУСТАФА ИМЕРИ Професор по албански јазик не е адекватен избор за било каква раководна функција во музичка институција

Оттаму реагираа и на насловите на порталите на албански јазик, во кои се наведува дека Филхармонија а прв пат доби директор Албанец.

„За разлика од нас, уште вчера, пред официјално да биде доставено решението за назначување во нашата институција, албански портали пренесоа дека Мустафа Имери ќе биде прв Албанец на чело на Македонската филхармонија чии “врати досега биле херметички затворени за Албанците”, велат од Синдикатот.

Мустафа Имери е професор и раководител на Катедрата за албански јазик во СОУ „Илија Николовски-Луј“ 15 години, и е прв Албанец што доаѓа на раководното место во оваа институција.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet