Што за оваа опција мисли претседателската на Судскиот совет а што рече неодамна американската амбасадорка Агелер?
„Во период од распуштање до конституирање нов Судски совет ќе настане еден вакуум период, кој иако би бил краток од неколку месеци, сепак, постои опасност да застарат одредени постапки што се иницирани од граѓани за несовесно постапување на одредени судии“, вели Дамева
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, не ја поддржува тезата на колективна одговорност и смета дека таа треба да биде детектирана и санкционирана индивидуално.
Ставот на Дамева доаѓа по идејата, која во предизборието и програмски ја најави сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за распуштање на Советот и реформи во делот на изборот на неговите членови.
„Како правник, пред сѐ, не ја поддржувам тезата на колективна одговорност, сепак мојот личен став е дека треба да има индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана. Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично“, рече Дамева на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет.
Таа укажа на некои последици доколку биде донесен нов закон за Судски совет. Дамева вели дека во периодот од распуштање до конституирање нов Судски совет ќе настане еден вакуум-период, во кој постои опасност да застарат некои дела.
„Ако се оди на принципот на распуштање на Судскиот совет, јас се надевам дека пред сѐ ќе се почитува Уставот, а тој е јасен. Ако се размислува со промена на овој закон за Судски совет или донесување нов закон на Судски совет, апсолутно немам сомнеж дека ќе биде во согласност со Уставот, но сакам да укажам дека ќе има одредени последици. Во период од распуштање на Судски совет до конституирање на нов Судски совет ќе настане еден вакуум период, кој иако би бил краток од неколку месеци, сепак постои опасност да застарат одредени постапки, што се иницирани од граѓани за несовесно постапување на одредени судии“, рече Дамева.
Истакна дека Советот веќе има отпочнато со реформскиот процес во насока на имплементација на препораките од Оценската мисија на ЕУ и е решен да успее во процесите коишто се во негова надлежност. Дамева посочи дека од минатиот месец Советот има двајца нови члена, додека до крајот на годината Советот ќе има уште тројца.
На КОнференцијата говореше и американската амбасадорка Агелер.
„Се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката е јасна и не се менува. Работете ја работата што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнеме за да стигнете уште понапред на својот пат“, вели американската амбасадорка во земјава
Судскиот совет е важно оружје во арсеналот на оружја што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството во Северна Македонија, во една институцијата што им служи на своите граѓани, ќе ги штити невините и ќе ги казнува оние кои сметаат дека се над законот.
Ова денеска го рече американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на Европската Унија од страна на Судскиот совет на РСМ, посочувајќи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките. Ќе се согласите дека останува многу пред вас. Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството“, рече таа.
Според Агелер, Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, зашто, како што посочи таа, државата има добро изработени закони, а има, како што рече, и искусни обвинители и судии, патувале и имале размени со САД.
Амбасадорката ѝ честиташе на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева за, како што рече, нејзината заложба изминатиот период за напредокот постигнат од Судскиот совет, базиран врз препораките на Оценксата мисија на ЕУ. Агелер и рече на Дамева дека знае колку напорно работела за спроведување на реформите, како и дека, очекува да се согласат, оти остануваат уште многу предизвици пред Судскиот совет.