СДСМ е секако партијата која е најодговорна за состојбите во земјата и се обидува да ги задржи колку – толку уздите, додека „колата“ стигне до иборите, на средината на април. Зачудувачка е небрежноста со која кон својаа одговорност тој период да мине во мирна атмосфера гледаат другите парламентарни партии и социјалните групи задоени со уценувачки барања без усул и со изгубен компас за генералните позиции на земјата. Всушност, пред прашањето кој ќе победи на изборите во април 2020 година треба да се запрашаме – ќе стигнеме ли со потребен внатрешен интегритет и до таа точка?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Последните митинзи на двете големи партии и Конгресот на ДУИ што се одржаа на 21 декември, на некој начин ги открија картите кај две од трите големи политички партии. Според користената реторика, испратените пораки до другите учесници во политичката трка за места во Парламентот, веќе е јасно дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не можат да се сокријат во некои од клучните прашања интересни за гласачите. Митингот на првата, „најмакедонска“ партија, одржан во салата „Јане Сандански“ (капацитет 5.000 лица) покажа дека во наредните месеци тие ќе излезат на чисто со тезата дека ќе бараат поништување на Преспанскиот договор и оној потпишан со соседна Бугарија, како и дека не го признаваат Законот за јазиците, односно ќе одат „ва банк“ со тезата дека се спасители на некаква недефинирана есенција на македонизмот. Во исто време ќе се обидуваат да ја еректираат нервозата кај луѓето, со низа настани создадени во нечие сценарио, каде имаат подполовичен успех и мал одзив.
ПРВО СО ВМРО, ПОТОА КОНТРА НЕГО Интегративците во исто време се собраа во спортската сала „Кале“ на Четвртиот конгрес и рекоа дека не можат да бидат коалициони партнери со партија која не сака во ЕУ и во НАТО, односно со оние кои не го признаваат Преспанскиот договор и договорот потпишан со Бугарија, а за Законот за јазиците и неговата примери – се подразбира… Ова со одбгнувањето на ситуацијата: прво попис па било какви избори, па одбегнувањето на одложување на изборите за Парламентот преку самоволието на спикерот, за евентуално да биде отворен за да ги донесе документите со кој се прави последниот чекор за влез во НАТО.и други значајни моменти (носење на Закон за обвиниелство, кадровски солуции во органи каде се нужни, промена на Законот за избори и слично), како дел од дружењето на споменатите две партии во последно време, што направија да се во некаква идеална симбиоза на интереси, одеднаш се ставени во замрзнувач. Проценката е јасна, гласачите сакаат црно – бели ситуации (за тоа пишувавме во минатиот број) и пред да го стават ливчето во кутијата сакаат да бидат на чисто дали едната или другата партија е за тоа да одиме во НАТО или не, односно дали ЕУ не е опција за земјава или одиме за Киргистан… До тука СДСМ барем си беше на чист терен, но ашикувањето меѓу Шамшитата и Мала Речица го замаглуваше политичкиот спектар.
Промената после викендот е многу повидлива кај Ахмети, кој во ситуација кога можеби веќе ги имал странците на кафе и локум во штабот, треба да ја соопшти својата опција, пред приврзениците кои се многу нервозни кога ќе чујат за дружење со Мицковски. Познато е дека
Али Ахмети со акламација е реизбран за лидер на ДУИ на денешниот четврти изборен Конгрес на партијата. Цената на промените со кои сепак мораше да се излезе во јавноста ја платија вицепремиерот Садула Дураки, некогаш десната рака на Али Ахмети Муса Џафери, контроверзниот Бекир Асани, поранешниот вицепремиер Хазби Лика… од вчера не се дел од највисокото раководство на ДУИ. Во Генералниот совет на владејачката ДУИ не влегоа ниту Аднан Јашари, Фатмир Бесими, Атила Реџепи, Рафиз Алити…и тие повеќе не можат да се надеваат на функции и во подолните нивоа, што укажува дека барем за дел од споменуваните функционери во снимените разговори и во јавните судења нема да има место.не мора да значи сигурно пеглање на кадровските промашувања и толеранции.
ВЕТИНГ КАКО ЗБОР НЕ СЕ ВАДИ ОД УСТАТА Овој маневар не може да ја лиши ДУИ од скептичните погледи кон нивната ролја во доцнењот на реформите во правосудството, колку и сега нивниот портпарол да го споменува зборот „ветинг“, бидејќи кадрите врз кои оваа партија имаше влијание се однесуваа сомнително и во Судскиот совет, во Врховен па и во Уставен суд, на моменти стружејќи по нервите на граѓаните.
СДСМ веќе имаше едно скопско издание во овој, општонароден формат пред десеттина дена (сала Борис Трајковски – капацитет 10.000 седишта) и партијата во овој миг, соочена со кукавичките јајца на ДУИ се уште е самата изложена на сите добри и лоши страни на евроатланската ориентација и на внатреполитичките собитија. Кон партијата е насочена острицата од критиката на опозицијата и тоа низ серијал на груби користења на недвосмислен инстирументариум: лажни вести, дезинформации, говор на омраза, инциденти… ниту ден без немири, нервози кај граѓаните кои си имаат дневни обврски и планови, па доживуваат нервни напади. Медиумнската ситуација на Заев и камарадите не им се наклонета како што очекуваа, дури уште сега јасно ги покажуваат заби за една или дрига сметка за која ќе одработуваат. Има и некои кадровски промени во дел од нив, но мора да се каже дека одредени колеги очевидно се поодамна дел од една машинерија која не им мисли добро на земјава и се заканува дека може за миг да не врати со години наназад!
Дека и во оваа партија има нервоза покажува и фактот дека на последната средба на врвот не беше донесена одлука кој ќе биде технички премиер.
„Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не` разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме. Се работи за избор на премиер за 100 дена, од 3 јануари се` до изборите и до формирањето на идната влада. Се работи за дополнителни двајца заменици – министри со право на вето во МВР и во Министерството за труд и социјална политика, но, и за пополнувањето на испразнетото место потпретседател за економски прашања. Економијата е многу важна, сакаме тој кабинет да биде пополнет со соодветна личност“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР ВО ЗЛОДОБА Но, во јавноста веќе кружи сторијата дека не било се мазно на таа седница и дека намерата министерот за внатрешни Спасовски да биде веќе „инаугуриран“ не се остварила, бидејќи, имало мислења кои биле врзани за други имиња, пред се во корист на министерката за труд и социјала Мила Царовска.
Сепак, избраниот технички премиер нема да наиде на добра атмосфера, иако напорите на ВМРО ДПМНЕ, улично речено да ја запалат државата па граѓаните да посакаат некоја „цврста рака“ која ќе ги гасне таквите „пожари“ одат во прилог на онаа партија која и онака има полувојничка организација.
Впрочем, што се случув овие недели на улиците, но и претходно, речиси со месеци? Невладината организација „Цивил“, која прави мониоринг над политичките настани во земјава има доста ниикативни забелешки на оваа тема.
Најнапред од таму забележуваат дека е алармантен податокот за инциденти, прекршоци и кривични дела во кои се уништува јавниот и приватниот имот. Имаме основа да се верува, се вели во нивната анализа, дека дел од тие инциденти имаат организирана политичка заднина. Целта на ваквите дејствија е да се предизвика општа несигурност и страв кај граѓанките и граѓаните, што во крајни инстанции може да влијаат на излезноста на изборите. При тоа се акцентира присуството во тие настани на навивачките групи кои се почесто стануваат дел од партиската машинерија и често се злупотребуваат.
– Периодов го одбележува интензивна продукција на лажни вести, дезинформации и говор на омразата по етнички, верски и политички основи. Веќе се објавени повеќе од стотина кратки извештаи за лажни вести и дезинформации, како и говор на омраза кои се очигледно грижливо подготвувани од партиски центри за комуникација, а нивни промотори, неретко се и самите највисоки функционери на одредени партии – истакнува Џабир Дерала, шефот на Цивил.
„Имаме повеќе од доволно индикации и докази да потврдиме дека одредени политички партии се вистинските организатори на дел од протестите во изминатиот период. Протестот на земјоделците е еден од најочигледните случаи на инструментализирање на одредени категории на граѓанки и граѓани. Понатаму, протестите на тема „заштита на животната средина“ ги анализираме и наоѓаме елементи на партиска злоупотреба. Во организирањето на бојкотот на средношколците е вклучен еден партиски подмладок, за што ќе биде објавен посебен извештај“, рече неодамна Дерала.
ДОРУШУВАЊЕ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА Во понеделникот добивме кулминација на општата атмосфера на рушење на правната држава. Најпрвин, наутро, се виде дека наводниот штрајк на пазарџиите е само нечија желба која не кореспондира со волјата и есапот на оние кои во овој предпразничен миг треба да заработат нешто. Плачливо – драматичното либрето не профункционира, што одново не важи за поголем дел од медиумите кои видоа (најдоа) празни тезги, можеби и во своите архивски материјали. Потоа денот продолжи со скандалозната игра на пратениците од најнационалната партија кои во Парламентот одбегнуваат да се изјаснат за зголемување на пензиите (линеарно) за 700 денари, но затоа трчаат пред камерите за да изјават дека СДСМ (предлагачот) го одбегнува ова решение, не баре само фингира грижа за најстарата популација. Колку бедна тактика, која се потпира само на најчистата лага, на фактот дека Пинокио само лик од бајките па нема да остане белег од толкавато количество на подметнувања.
Како народот ќе го прими фактот дека Апелација го ослободила Мијалков од веќе изречената пресуда за „Титаник 2“, како што со пензионирање на судии поротници (факт што требало да биде познат многу порано) се тргнати од можноста да се привршат дури пет предмети на СЈО!? Дали се сметаат новогодишните празници како доволна петарда која ќе ги покрие со својата звучност овие врвни скандали, тој тежок удар со нож во грбот во правната држава? Или овој ден нема во наредните години да биде избришано од меморијата на нацијата?