Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЌЕ ДОНЕСЕ ЛИ ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ДОНФРИД ОД ЕСКОБАР?

April 26, 2022 Filed Under: Македонија

САД и ЕУ разговарале за формално отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ

НА ГОСТИ Карен Донфрид доаѓа во Западен Балкан од 25 до 29 април

Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино, го поддржале отворањето на пристапните преговори на Северна Макеоднија со Европската Унија за време на нивната средба во Брисел, соопшти Стејт департментот.

„Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Санино, исто така, имаа можност да разговараат за други клучни прашања за надворешната политика од заеднички интерес, вклучително и тековната силна координација и соработка во Западен Балкан за унапредување на неговата европска интеграција и стабилност. Тие ја изразија својата поддршка за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Тие го истакнале и цврстото партнерство меѓу САД и ЕУ и го поздравиле трансатлантското единство и координација во одговор на неиспровоцираната воена агресија на Русија против Украина, вклучително и за санкциите и контролата на извозот.

Помошник-државниот секретар на САД за европски прашања Карен Донфрид ќе патува во Западен Балкан од 25. до 29. април, соопшти Стејт департментот.

Според соопштението, Донфрид ќе биде во Северна Македонија на 28. април и ќе се сретне со владините лидери за да ја сигнализира „нашата силна поддршка за пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и да им се заблагодари за нивната поддршка за Украина“.

ЕСКОБАР Добри резултати само во Црна Гора, се очекуваше „приштрафување“ на Софија

Стејт департментот додаде дека таа ќе ја охрабри Северна Македонија да ја продолжи блиската соработка на разни регионални, безбедносни и одбранбени прашања, со цел да промовира демократија и регионална стабилност.

Донфрид ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Демократската конгресменка од главниот град Вашингтон Елеонор Холмс Нортон, се приклучи на конгресната група за поддршка на Македонија и македонските Американци, објави Македонската обединета дијаспора (ОМД).

Нортон е и коспонзор на неодамнешната резолуција во Претставничкиот дом, со која се предлага септември 2022 година да се прогласил за месец на македонското американско наследство. Целта на оваа резолуција, која допрва треба да се гласа и во Претставничкиот дом и во Сенатот, е да се слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот придонес во САД.

Во моментов, во конгресната група за поддршка на Македонија има 36 членови на Конгресот.

 

Filed Under: Македонија

ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА
НАБИТА СУБИОТО: СО РАБОТА И ЉУБОВ 40 ГОДИНИ ЈА ОДРЖУВАМЕ МАКЕДОНИСТИКАТА  ВО СЛОВЕНИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (130): МОСКОВСКИТЕ ШПИОНИ ОДАТ СЕ ПОДАЛЕКУ

Најново

  • ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
  • ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet