Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕУ: РАЗЛИКИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ВО ОДНОС НА ЛЕТНОТО И ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

July 9, 2018 Filed Under: Свет

Има иницијатива да се укине летното сметање на времето? Она поради што најмногу беше воведено летно сметање на времето – штедењето енергија – не е постигнато, односно ефектите во тој дел се во најдобар случај „маргинални“.

ПРОМЕНА Брисел спроведува анкета меѓу граѓаните за тоа дали дда се укине летното време

Во ЕУ е во тек онлајн-гласање за летното и зимското сметање на времето. ЕК се чини е изненадена од огромниот интерес. Страницата на која се наоѓа анкетата поради навалицата тешко се отвора.

Гласањето почна наа крајот на минатиот викенд и поради огромниот интерес на граѓаните веќе предизвика огромни проблеми на страницата каде што е поставена анкетата.

Брисел во саботата соопшти дека сите што сакаат да учествуваат во гласањето, а не успеваат да ја отворат страницата, би требало да се обидат повторно, во друг период од денот.

Очигледно, промената на времето е тема која многу ги допира граѓаните. Многу граѓани на ЕУ се жалат дека поради промената на времето на крајот на март и октомври преживуваат нешто како „џетлег“, без притоа да патувале со авион во различни временски зони. Онлајн-анкетата би требало да трае до 16 август, и таа треба да даде слика дали навистина толку многу граѓани на Унијата се против промена на сметањето на времето.

ДВЕ ВРЕМИЊА Во октомври и март доаѓа до промена на сметањето на времето, можеби само уште мналку

Стрелките на часовниците се поместуваат во октомври и во март

Европскиот Парламент во февруари побара од Европската Комисија проверка на состојбата. Притоа беше укажано и на студии, според кои летното сметање на времето може да има „негативни последици за луѓето“. Барањето на Комисијата за сообраќај за укинување на летното сметање на времето, меѓутоа, не доби потребно мнозинство гласови. Тоа го побараа и повеќе земји членки на ЕУ, како Финска.

Учесниците во онлајн-анкетата сега имаат две можности, вели портпарол на ЕК. Може да се изјаснат „за“ задржување на летното сметање на времето или да се изјаснат за негово „укинување во целата ЕУ“. Со оглед на внатрешниот пазар на ЕУ, Комисијата сака да избегне различни правила во земјите членки. Доколку летното време биде укинато, национални решенија ќе бидат забранети.

НА РАБОТНО МЕСТО Промената на времето може да за ефект – намалени резултати на работното место

Портпарол на ЕК истовремено укажа и дека студиите покажуваат оти до денес не е недвосмислено докажано дека различното сметање на времето води до здравствени проблеми. Оттука, одлуката мора да биде донесена „врз основа на други критериуми“.

Комисијата соопшти дека според понови истражувања, последиците врз биоритамот се поголеми отколку што се сметало, но има и позитивни ефекти по здравјето поврзани со слободните активности на отворено. Она поради што најмногу беше воведено летно сметање на времето – штедењето енергија – не е постигнато, односно ефектите во тој дел се во најдобар случај „маргинални“.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet