Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЌЕ СТИГНЕ ЛИ МИЦКОВСКИ ДА СТАНЕ ДЕДО МРАЗ?

November 20, 2024 Filed Under: Македонија

Преговорите со банките во зградата на Министерството за фуинансии околу користењето на унгарскиот кредит заглавија кај каматата за унгарскиот кредит а наводно помал отпор кон притисокот на Владата имало кај роковите

НЕ СОСЕМА ЗАДОВОЛЕН Премиерот на фудбалскиот меч на Градски – не се читаше задоволство на лицето, а не е резултатот во прашање

За време на преносот од натпреварот Македонија – Фарски острови не се доби впечаток, додека камерата го фаќаше премиерот Мицковски на трибините, што веројатно се одржа после закажаниот состанок меѓу него и Комората на банкарите, дека по завршувањето немало отворање на шампањско. И покрај добриот резултат на мечот, некако неговиот поглед како да оддаваше дека тоа не е ден на триумфот. Сите знаевме каква тензија носи оваа средба, пред се’ за претставниците на банкарите, кои без под притисок на Владата и на Комората на Бранко Азески, кому приоритет му се големите фирми кои очевидно стојат зад неговиот бесконечено зацементиран трон во оваа органзиација а е подготвен како и премиерот на оваа ситуација да гледа како на некаков добротворен бал!

Како завршила средбата? Најкусо – постои волја за учество на банкарите во кредитирање на фирмите преку нив и постои појасен став околу грејс периодот и рокот на отплата на унгарскиот кредит, ама останува нејасен делот околу каматата. Ваков епилогот по денешната средба даде премиерот Мицкоски.

Поточно, не е дефинирано под кои услови и со која каматна стапка банките ќе го нудат унгарскиот кредит на бизнисмените. Најкусо – нема услови да се постигне (или потпише!) договор на Владата со Македонската банкарска асоцијација.

Премиерот Христијан Мицкоски изјавил дека пред да се зборува за проценти, требало да се доближат ставовите, а преговорите продолжуваат.

„Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела, и ќе видиме, очекувам дека до крајот на следната недела во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и со тоа би го заокружиле сето ова. Во моментот се доближуваат ставовите, еве би се задржал на таа формулација“, изјавил Мицкоски по средбата одржана во Министерството за финансии.

Премиерот истакна дека банкарската асоцијација несомнено сака да учествува во процесот. Според него, ставовите на владата и банкарите се доближени во делот на рочноста, односно согласни се да се користи формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата.

„Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Сега, реално има трошоци коишто ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, ова зависи и од политиките на централната банка“, додал Мицкоски а пренесуваат медиумите од лице место.

Меѓу условите кои ќе се бараат од фирмите што ќе сакаат да земат дел од колачот, според најавите, е тие да имаат раст на производството и вработеноста. Да се потсетиме дека каматната стапка на унгарскиот заем што го зема Северна Македонија е 3,25 проценти со тригодишен грејс период и 12 години рок на отплата.

ДОГОВОР ПРЕД НОВА ГОДИНА Јасно е дека преговорите ќе одат тешко А се чини интимна желба на премиерот е да биде некаков Дедо Мраз за веќе одбраните фирми

Меѓутоа банкарите потсетија дека нивното посредување, кое е нужно во вакви случаи, каде мора да постои еден вид на посредник (освен кога државата зема кредит за себе!) не може да мине со улога на „чесни сестри“ – тие имаат свои трошоци, па и обврски кон централите (многу од нив се интернационални) и главните акционери.

Но, неодговорено прашање засега останува која ќе биде провизијата што комерцијалните банки ќе ја земаат со оглед дека преку нив државната Развојна банка ќе ги пласира парите до компаниите.

Опозицијата во изминатиот период и забележуваше на власта дека нема јасни критериуми за тоа како ќе се распределат позајмените пари, ниту јасно утврден систем за контрола за трошењето на парите, но и прашуваше која ќе биде политичката цена што ќе ја плати државата.

Северна Македонија се задолжи за 500 милиони евра од Унгарија. Половина од парите се за инфраструктурни проекти на општините, а половина ќе одат како кредити за фирми.

Тие 250 милиони евра преку Македонската инвестициска банка ќе се пренесат во комерцијалните банки каде што фирмите ќе аплицираат за кредити..

Пред да се потпише договорот за кредитот на 8 октомври, во Собранието на 17 септември беше изгласан и Закон за унгарскиот заем.

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet