Да им се одредеше притвор на некои од клучните актери во аферите на групировката околу Груевски и Мијалков немаше да дојде до нивно претепување. Јавноста за тие претепувања дури и дознава со големо задоцнувања – кога отечените нема да се појават на суд!
Обвинетата Марика Зафировска во случајот „ТНТ“ за уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, била нападната и претепана на 1 мај и поради болничко лекување не дојде на неодамнешното судење.
Адвокатот на Зафировска, Донче Наков го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани на 1 мај во викендичка во Катланово, по што, со возило на брза помош биле пренесени во болница. Поради повреди на нозете, главата и `рбетот, не можела да се движи и e на боледување до 15 мај.
На 19 јули лани Апелациони суд ги разгледуваше мерките за овинетата Марика Зафировска. И пактично тој ја ослободи од затво, каде, секако же беше заштитена од влијание на другите учесници во спорот. Во случајот од нивното влијание врз неа, бидејќи претепувањњто секако е јасен знак дека мафијата во земјава кога на врвот му згустува оди на најлошите заштитни инструменти по себе – стравот и директните казни.
Кога сме кај овој предмет, да кажеме дека во судницата тој ден не се појави и адвокатот Боро Тасевски, бранител на Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба. Судијата Огнен Ставрев реагираше на неговото отсуство, бидејќи адвокатот отишол во Струга да го подготвува собранието на Адвокатската комора.ла Ставрев рече дека планирал да го казни Тасевски и да ги сноси сите трошоци доколку не беше отсутна обвинетата Зафировска. Побара од Трајковски да не дозволи отсуство на адвоктатот во иднина. Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, Никола Груевски, Тони Трајковски. Судот го одреди 11 јуни за нов датум за судење. Но, како и да е остварена е постојаната цел – одложување ама и извршен е директен приситок врз сведокот Зафировска. Подиректен – здравје!
Зафировска била главен градежен испектор во овој случај – или таа е онаа која процедурално ги влечела конците околу рушењето на Космос на Фијат Цановски. Има 36 години стаж, се наоѓа три години до пензија. Десет години аботи во комисии за јавни набавки, а покрај неа СЈО овини уште тројца членови Зафировска е шестообвинета.
Со модринки на лицето, на неодамнешното роќиште во Кривичен се појави и Димче Крстев – еден од обвинетите во случајот на СЈО „Шамари во Центар“ против кого се води одвоена судска постапка. Судот на почетокот на судењето, побара исклучување на јавноста, за потоа да ја повика и да соопшти дека на предлог на одбраната судењето се одложува поради лошата здравствена состојба на обвинетиот. Од видливите повреди, Крстев не можеше ни да зборува. За разлика од Зафировска, чија состојба е опишана во медицинска белешка, овдека повредите беа видливи.
Инаку, Крстев претходно се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на кое присуствуваше рече дека нема адвокат што ќе го застапува пред Судот и побара судењето да се одложи со образложение дека не се чувствува добро.
Освен Крстев, во овој случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.
Досега вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски кои добија условни казни.
Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случија при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
Овој процес започна во декември лани ама објективно и сега не навистина започнат. Најпрвин одбраната тактизираше со тоа дали да се приатат снимките како докази а кога тоа се дозволи имаше други „керефеки“. Крстев, кого „шарените“ секако го знаат како човек којтреба да прави нереди на нивните протести е дел од играта бидејќи долго време не прифаќаше судот да му одреди адвокат.
Судија во овој случај е најпознатата „сваровски“ судијка – Софија лаличиќ,. Ако пробате на социјалните межи да најдете нешто повеќе за Крстев ќе се изненадите како сето тоа е уредно избришано! Оставени се само ветите кои содржат одвај две-три реченици за одлагањата.
Заклучокот по овие два настани, кои не се коментираа во онаа јавност која се бави со правосудството, покажува дека полит-мафијата е поготвена да се служи со крајно опасни методи во одбрана на својата кожа.