Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЏАБИР ДЕРАЛА: ДА ЗАПАЛИШ НЕЧИЕ ЗНАМЕ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ ГО ПОЧИТУВАШ НИТУ СВОЕТО

December 3, 2024 Filed Under: Македонија

По повод овие инциденти, Цивил  бара од сите релевантни чинители итно да преземат чекори за зајакнување на напорите за промовирање на меѓуетничката и меѓукултурната толеранција, преку сеопфатна едукација и поддршка на младите за отфрлање на реториката на омраза

ЏАБИР ДЕРАЛА Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии

Центарот за слобода како организација и јас лично го осудуваме вандалскиот чин со кое се запали македонското знаме. Сметам дека е за крајна осуда таквото однесување. Во палењето знаме нема ништо достоинствено. Вие, ако на ден на знаме на една нација палите знаме на која и да било држава а уште пострашно во овој случај државата во која вие живеете, тоа значи дека вие не го почитувате ниту своето знаме. Тоа е чин кој за мене е крајно недозволив – вели претседателот на Цивил Џабир Дерала при неговото гостување во „Слободен печат“.

– Она што можевме да го видиме во вандалскиот чин но и и по брзата реакција на институциите е дека станува збор за млади луѓе па дури и малолетници. Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии и пораки кои ги упатуваат пред сè политичките ентитети во земјава кои се вистински одговорни за настанот – посочи првиот човек на Цивил Дерала и дополнува дека постои Закон по кој за одредената возраст треба да дејствува и да се санкционира одреденото поведение.

Претседателот на Цивил Дерала ги повикува сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по која било основа.

Инаку Цивил – Центар за слобода издаде и соопштение каде остро и недвосмислено ги осудува инцидентите со палење на државното знаме во кои беа инволвирани млади луѓе, вклучително и малолетници, под влијание на опасната националистичка реторика. Овие дела не само што симболизираат деструктивност и непочитување на принципите на соживотот и мултикултурализмот, туку и ја продлабочуваат омразата и поделеноста во нашето општество.

Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии.

Цивил ги повикува сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по било која основа. Општеството и државата се обврзани да го заштитат правниот поредок и да ги земат на одговорност сите прекршители на законот. Истовремено, институциите и општествените чинители имаат обврска да ги заштитат децата и младите од штетната пропаганда.

Цивил ги осудува и политичките профитери кои, наместо да понудат решенија, ги искористија инцидентите со палењето на македонското знаме за дневни политички поени, во изјави што содржат осуда, но истовремено упатија и инфламаторни, поларизирачки пораки. Тоа придонесе кон одговор од „другата страна“ и дополнителни инциденти со палење на албанското знаме, но и насилство во кое, според досега познатите податоци, еден млад човек беше претепан.

Цивил во своето 25 годишно постоење континуирано работи на унапредување на мултикултурализмот и почитувањето на различностите во земјата, во регионот и глобално. По повод овие инциденти, Цивил  бара од сите релевантни чинители итно да преземат чекори за зајакнување на напорите за промовирање на меѓуетничката и меѓукултурната толеранција, преку сеопфатна едукација и поддршка на младите за отфрлање на реториката на омраза. Граѓанското општество, образовните институции, и медиумите мора да соработуваат за да создадат амбиент во кој младите ќе бидат ослободени од влијанието на деструктивните пропаганди.

Истовремено, Цивил инсистира на правна и институционална реакција кон сите кои поттикнуваат или учествуваат во акти на омраза, вклучувајќи ги и оние кои ги злоупотребуваат инцидентите за политичка манипулација и поларизација. Само преку обединување на сите чинители, може да се спречат понатамошни насилства и да се заштитат вредностите на мултикултурализмот, соживотот и демократските вредности.

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet