Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЏЕНЕРАЛ МОТОРС ЗАПОЧНА ДА „КАШЛА“ ПО МЕРКИТЕ НА ТРАМП ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗОТ НА ЧЕЛИКОТ

December 3, 2018 Filed Under: Свет

Трамп се закани со укинување на субвенциите за Џенерал моторс, која ќе отпушти многу работници и ќе се ориентира на електрични возила

ЛЕНТА На оваа лента ќе има помалку вработени

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги укине субвенциите за Џенерал моторс (GM) откако компанијата најави дека ќе затвори неколку од своите погони во САД и ќе отпушти околу 14.000 работници.

Во објава на Твитер, Трамп соопшти дека е разочаран од одлуката на Џенерал моторс за затворање погони, како и дека неговата администрација размислува за повлекување на субвенциите доделени на автомобилскиот гигант, меѓу кои и тие што се наменети за производство на електрични возила.

После коментарите на претседателот, акциите на компанијата паднаа за 3,5 проценти.

Во соопштение испратено вчера, компанијата најави обемна трансформација што треба да опфати поголеми инвестиции во производството на електрични возила.

Намалената побарувачка на возилата од типот седан и трговските политики на администрацијата на Трамп се одразиле врз автомобилскиот гигант. Од компанијата се пожалија дека тарифите за челик, воведени на почетокот од годинава, ги чинеле една милијарда долари.

Aмериканскиот произведувач на возила Џенерал Моторс (ГМ) објави пред речиси еден месец дека планира да го запре производството во осум фабрики до крајот на 2019 година, од кои пет се во Северна Америка. Со тоа без работа ќе останат 14 илјади лица. Како шѓо погоре објаснија од администрацијата, одлуката доаѓа по зголемувањето на трошоците на работење, побавната продажба на автомобили, а во момент кога компанијата се пренасочува кон производство на камиони, електрични и самоуправувачки возила.

Запирањето на производството се должи и на тоа што купувачите во Северна Америка се преориентираат по помали на големи возила како теренски возила и камиони, кои сега претставуваат 70 отсто од вкупната американска продажба на возила.

ПОДДРШКА Петседателот Трамп од една страна ја подржува американската автомобилска индустрија, од друга и прави проблеми

Извршната директорка на ЏМ Мари Бара изјави дека компанијата сака да инвестира во електрични и самоуправувачки возила, за кои се очекува дека ќе го поттикнат идниот раст на економијата. Таа вели дека, исто така, ЏМ реагира и на зголемувањето на трошоците, вклучувајќи ги новите царини на суровини како што е челикот.

Со спроведувањето на планот, Џенерал Моторс ќе заштеди околу шест милијарди долари до крајот на 2020 година.

ЏМ соопшти дека затворањето на погодините во Северна Америка ќе влијаат на повеќе од 6.100 работници платени на час во пет фабрики, како и на повеќе од 8.000 работници со месечни фиксни плати.

ПРОДАЖБА ПО ЗЕМЈИ Табела за продажбата на автомобилите на ЏМ по земји

На светско ниво, ЏМ, кој кон крајот на минатата година вработуваше околу 180 илјади работници, планира скусување на нивниот број за 15 отсто, како и намалување на 25 отсто од раководниот кадар.

Компнијата била основана во 1908 год. од Вилијам К. Дјурант со цел да се здружат неколку компании за автомобили, и набрзо ги опфатила производителите на автомобилите „бјуик“, „олдсмобил“ (прекинат во 2004 година), „кадилак“ и „оукленд“ (подоцна „понтијак“). ЏМ ја презел компанијата Шевролет во 1918 год. и ја создал Џенерал мотор аксептанс корпорација (ГМАК) во 1919 год. До 1929 год ЏМ ја преминала Форд моторс, за да стане водечки американски производител на автомобили и додала некои прекуокеански фирми, како Воксал во Англија. ЏМ ја купила корпорацијата Електронски системи за податоци (ЕДС) во 1984 год., и во 1986 год. ја купила авионакста компанија Хјуз (преименувана во Хјуз елетроник корп). ЏМ основал нова автомобилска дивизија, Сатурн, во 1984 год. за да се натпреварува со јапонските автомобили. Во своето фокусирање на автомобилската индустрија. ЏМ го продала ЕДС во 1996 год., продала дел од Хјуз во 1997 год., и станала единствен сопственик на автомобилите „сааб“ во 2000 год

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet