Во африканската држава која има најголема концентрација на слонови забележано е забрзано и таинствено изумирање на овие џиновски животни. Лани умреле 350 примероци а годинава се бележи почеток на нов помор
Во првите три месеци во Боцвана умреле 39 слонови, а научниците се уште не ја знаат причината за тоа. Мистериозните умирања се случиле во резерватот Мореми гејм, во северниот дел на земјата, речиси 100 километари од региона Окаванго Делта, каде лани, во мај и јуни умреле дури 350 слонови, преносува Сајенс њуз.
Збунетите научници направиле темелна анализа за пртичината за масовната смрт а владата испраќа контрадикторни изјави за оваа појава.
Антракс и бактеријске инфекције се отпишани како можна причина за смртта, но се вели дека и натаму се „вршат лабораториски анализи”, навело министарството на Боцване за чување на природата и националните паркови.
Међутоа, према прелиминарните резултати, 39-те последни слонови умреле највероватно заради исти сијанобактеријских отрови, што лани причиниле масовна смрт на слоновите, изјавила Филда Керенг, министерка за животна средина, чуввање на природните ресурси и туризам.
Боцвана и околните земји од југот на Африке имаат договор по кој слоновите можат да преминуваат граници при миграции. Боцвана е дом на околу 130.000 африкански слонови.
Можеби затоа што болеста на дивиот свет доби големо внимание во светло на пандемијата на КОВИД-19, преостанатата можност што е широко сугерирана е токму оваа болест. Додека самиот COVID-19 е малку веројатен, слоновите, како и луѓето, се погодени од низа болести.
На пример, над смртта на 100 слонови беше под сомнеж дека умреле од антракс во Боцвана во 2019 година. Оние слонови кои се чинеле дезориентирани и шетале во кругови, може да сугерираат болест што предизвикува невролошка состојба.
Сепак, моментално достапните информации се неубедливи. Владата на Боцвана објави соопштение во кое се објаснува дека истрагите се во тек и се идентификувани лаборатории за обработка на примероци земени од трупови на мртви слонови. За да се избегнат понатамошни шпекулации и да се спречи смртта на повеќе слонови во нивното последно преостанато упориште, од витално значење е истрагите да се забрзаат за да може да се утврдат причините за смртта и да се преземат соодветни активности.
Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) или официјално Република Боцвана (Lefatshe la Botswana, Republic of Botswana) е држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, а официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но овој дел од границата не е добро утврден.
Главен град на државата е Габороне, а службени јазици се цвана и англискиот. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 година.
Топографски земјата е рамнинска и околу 70% од територијата зафаќа пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 година со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жители.. Државата има еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството.
Боцвана има разновиден див животински и растителен свет. Покрај делтата и пустината, во државата има пасишта и савани, каде опстојуваат гнуа, антилопи и останати цицачи и птици. Северниот дел од Боцвана е дом на една од ретките поголеми групи на африкански див пес. Националниот парк Чобе, кој се наоѓа во округот Чобе, е дом на најголемата концентрација на африканскиот слон. Паркот има површина од 11.000 километри квадратни и во него живеат над 350 видови птици.
Националниот парк Чобе и резерватот Мореми, кој се наоѓа во делтата Окаванго, се главни туристички одредишта. Покрај овие, во држава се наоѓаат и Централнокалахарскиот резерват, Националниот парк Макгадикгади и Националниот парк Нхај. Резерватот Машату е во приватна сопственост и се наоѓа во близина на реките Шаше и Лимпопо. Покрај него, во Боцвана има уште еден приватен резерват кој се наоѓа во близина на Габороне и се нарекува Моколоди.
Моментално Боцвана се соочува со два еколошки проблеми – суша и опустошување. Опустошувањето во Боцвана е тесно поврзано со сушните периоди. Поради сушата, 75% од луѓето и животинскиот свет во државата се зависни од подземните води. Подземните води ги ублажуваат ефектите на сушата. Подземните води се црпат со помош на дупчење длабоки дупки, кои пак резултираат со ерозија на земјата. Површинската, надземна, вода во Боцвана е многу малку застапена и само 5% од земјоделството на Боцвана користи дождовни води. Поради овој проблем, се зголемило одгледувањето на добиток како главен извор на приход. Како последица на тоа, 71% од површината на државата се користи за пасење, што е исто така една од причините за опустошување на земјиштето.
Бидејќи одгледувањето добиток во Боцвана станало профитабилен бизнис, земјиштето и понатака се експлоатира. Животинскиот свет во Боцвана почнал драстично да се намалува. Во периодот од 1966 до 1991 година, добитокот се зголемил од 1,7 милиони на 5,5 милиони грла.. Исто така, бројот на луѓето се зголемил од 547.000 на 1,5 милиони жители во 1995 година. Над 50% од домаќинствата во Боцвана чуваат добиток и тој моментално е најголем извор на приход за руралното население. Поради намалената обработка на земјата и големата застапеност на пасишта, се зголемило опустошувањето на земјиштето. Исто така, во Боцвана се издале извештаи каде се вели дека и делтата Окаванго се суши поради пасењето.
Одделот за шумарство и ресурси веќе има започнато проекти за повторно засадување локална вегетација во Јужен Кгалагди, Северен Квененг и Ботети.] Со садењето на локална вегетација се очекува да се намали опустошувањето на земјата. Владата на САД исто така склучила договор со Боцвана, при што државата се стекнала со 7 милиони долари со што државата си го намалила јавниот долг. Со намалениот долг, Боцвана може да се насочи кон поинтензивни мерки за спречување на еколошките проблеми. Програмата за развој на САД тврди дека главен проблем за преголемата експлоатација на ресусрите е директно поврзана со нивото на сиромаштија во земјата.