Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЏОН МАЛКОВИЌ СЕПАК БИЛ ВО НЕКОЈ ДРУГ ФИЛМ!

April 4, 2023 Filed Under: Македонија

Имало условгосинот од странство да добие простор и можност да го гради филмскиот град и тоа во слободните економски зони, ама изглегло дека тие сакале зад идејата на „идниот Холивуд“ да станат градители на станбено-деловен простор, тв рди Јован Деспотовски во гостувањето на Студио 10 на ТВ 24

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ Ќе бидам брутално искрен

За да се реализира изградбата на филмски студија или т.н. филмски град во Скопје најавен од светската филмска ѕвезда, Џон Малкович, прво од компанијата барале да им се дадат локации за изградба на станбени и деловни згради, кои тие потоа ќе ги продаваат.

Ова го откри директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

„Дојдоа и до нас, ни се обратија, имавме еднаш, два пати средби со регионалните претставници на самата компанија. И во самата презентација на проектот има елементи кои не косоодвестуваат … Проектот се состоеше од повеќе елементи. Филмскиот град беше само еден од нив. Имаше еден крупен сегмент кој подразбираше развој на комерцијални објекти, дел за домување, дел за деловни намени“,

рече Деспотовски.

Градежната дејност во однос на станбени и деловни згради, вели тој, кај нас е прилично развиена и нема зошто да се даваат привилегии на одредени инвеститори. Но, тоа според неговите тврдења, било барано од компанијата на Малкович. Од страна на државата, пак, им било понудено веднаш да се почне со изградба на филмскиот град, дури тоа да го направат домашни компании, а тие само да дојдат да донесат технологија и да почнат да снимаат. Меѓутоа, сакале прво да градат згради и да продаваат станови.

На конкретно прашање дали сакале да градат згради, Деспотовски одговори:

„Ако сакате брутално искрени да бидеме, да. Јас немам проблем тоа да го дискутирам. Понудивме сегментот на филмскиот град веднаш да го реализираме во една од нашите зони. Веднаш, земјиште да лоцираме за таа намена, дури и да обезбедиме контакт со домашни фирми кои биле подготвени тоа да го изградат и да го дадат под наем, само компанијата да дојде, да донесе технологија и да донесе клиенти да се снима тука. Сегментот на недвижност, комерцијален елемент тоа го немаме бидејќи тоа си е сосема друг ресор во државата. Меѓутоа, претставниците на компанијата инсистираа прво на тој сегмент, пред да се реализира делот на филмскиот град“.

Тоа за мене, додава Деспотовски, беше индикатор дека можеби делот на филмски град некако е залепен на целата приказна за да може да се турка побрзо.

„Не велам дека стојат несериозни луѓе зад проектот, но повторно ќе кажам дека како држава треба да седнеме, а ние мислам дека направивме добро проценка за целата работа, и да процениме дали одредена инвестиција колку и да звучи интересно на почеток, дали реално носи добивка за нас“, рече Деспотовски.

МАЈМУНСКИ РАБОТИ Кој реално стои зад познатото актерско име?

Филмскиот град, според него, не бил приоритетен за компанијата на Малкович, а на прашањето што е спорно и во тоа да гради згради, Деспотовски вели дека нема ништо нелигитимно, но тоа треба да биде во редовна постапка, а не да им се даде беспари земјиште.

„Ако треба да одделите убаво, фино парче од локација во центарот на градот и да го дадете беспари на некој кој на тоа ќе прави сериозни средства, тогаш се поставува прашањето зошто едноставно тоа не си оди во редовна постапка каде ќе конкурираат и домашни компании“,

рече Деспотовски.

Директорот рече дека не знае дали уште е во игра изградбата на филмски град и вели дека немале контакти со претставниците на компанијата повеќе месеци.

Формално, групата инвеститори се обединети во субјектот „СТП Капитал Партнерс“.Тие велат дека нивниот примарен проект на Качанички пат е наречен „Скопје технолоџи парк“. Според нивниот бизнис предлог, 44% од просторот ќе биде изграден со деловни објекти, 29% со хотели, а 27% со станбени згради. Нема место за филмските студија што ги промовираа Малкович и Дилон. Тие се спореден проект, кој би се градел во слободната економска зона „ТИРЗ 3“, на земјиште од 10 хектари, во близина на скопскиот аеродром

Оваа група на луѓе е група која не прави „мајмунски работи”. Тие се занимаваат со бизнис. Се согласувам дека има опортунисти и измамници, но, ве молам, видете ги биографиите на овие луѓе и кажете ми дали ќе дојдат во Македонија сега по сета стекната слава што ја имаат за да прават валкани бизниси, вели еден од главните протагонисти во проектот Иван Видаковиќ кого го прашавме – дали е можно инвестицијата, спакувана под атрактивно име, да се сведе на станбено-угостителски проект

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet