Американскиот потпретседател Мајк Пенс и се приклучи на нацијата во оддавање почит на покојниот сенатор Џон Мекејн, велејќи дека долгогодишниот законодавец и воен херој „служел на поголема кауза“. Ковчегот испратен со „Мојот пат“ на Синатра
Ковчегот на Мекејн лежеше на дрвена платформа која за прв пат беше користена во 1865-та година на погребот на убиениот претседател Абрахам Линколн
Американскиот потпретседател Мајк Пенс и се приклучи на нацијата во оддавање почит на покојниот сенатор Џон Мекејн, велејќи дека долгогодишниот законодавец и воен херој „служел на поголема кауза.“
„Претседателот ме замоли да бидам тука во името на нашата голема нација, да искажам почит за човекот кој и служеше на нашата држава во униформа и преку јавната функција“, рече Пенс на церемонијата која се одржа во ротондата на американскиот Капитол.
Стотици членови на Конгресот исто така присуствуваа на церемонија, која досега им беше оддадена на само 30 Американци низ целата историја на државата.
Претседателот Доналд Трамп не беше поканет на церемонијата, ниту на погребот на Мекејн. За време на претседателската кампања во 2016-та година, Трамп го исмејуваше Мекејн затоа што бил заробен во Виетнам, и рече дека тој не е воен херој.
Наместо тоа, Пенс зборуваше на церемонијата на која присуствуваа и други претставници на американската администрација, меѓу кои и вдовицата на Мекејн, Синди, неговите седум деца и неговата 106-годишна мајка Роберта Мекејн.
Спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан го опиша Мекејн како „патриот кој и служел на својата држава“ и како „еден од најхрабрите души што ги создала нашата нација“.
Во сабота во Националната катедрала во Вашингтон се одржа служба на која присуствуваа и поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон. Тројца поранешни генерални секретари на НАТО побараа новото седиште во Брисел да биде именувано по Мекејн.
Поранешниот пилот, кој повеќе од пет години беше воен затвореник во Виетнам беше погребан во недела, во Морнаричката академија во Анаполис, Мериленд.
Неговиот пријател и потпретседателот Џон Бајден зборуваше за „радоста на лицето на Џон кога требаше да говори, да отвори дебата“. Тој истакна дека го сметал за брат, иако имале многу „семејни кавги“.
Бајден истакна дека Мекејн никогаш не можел да ја поднесе злоупотребата на власта, како и дека бил олицетворение на чесност и достоинство и дека ги промовирал како американски вредности. Бајден пролеа и по некоја солза, потсетувајќи се на смртта на својот син кој почина исто така од рак на мозокот.
Мекејновиот шеф на кабинет Грант Вудс ги насмеа присутните потсетувајќи се колку покојниот бил лош возач ама имал извонреден смисол за хумор. После говорите ковчегот со покојниот беше изнесена од црквата со песната на Синатра „Мојот живот“.
Треба да се каже дека почит за Мекејн одадоа и неговите противници – Виетнамците! Претставници на повеќе од 200 организации и граѓани ја посетија американската амбасада во Ханој, Виетнам за да му оддадат почит на починатиот сентар Џон Мекејн, јави Виетнамската новинска агенција. Меѓу нив се највисоки виетнамски лидери, претставници на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија, неколку министри, агенции, организации и заедницата на Виетнам – САД. Почит му оддадоа претставници на повеќе амбасади и меѓународни организации во Ханој, поранешни колеги и универзитети, виетнамски ветерани, независни новинари и блогери.
Локалните медиуми известуваат дека во кинигата на жалост во амбасадата, виетнамските интелектуалци го опишале Мекејн како искрен, храбар и благороден човек. Го пофалија како голем пријател на Виетнам, и човек кој се грижел за пријателството меѓу два поранешни непријатели, додека се бореле за човековите права во Виетнам.
Виетнамскиот народ, исто така, му оддаде почит на местото каде Мекејн беше заробен во 1967-та година.