На крајот на мандатот американскиот претседател го додели Орденот на мирот за 19 лица. Овој орден претходно го има добиено и нашата сограѓанка Мајка Тереза
Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и Дензел Вашингтон се меѓу добитниците на највисоката цивилна награда во САД – Претседателскиот медал на слободата.
Американскиот претседател Џо Бајден им ја врачи наградата во Белата куќа на 19 од најистакнатите личности од областа на политиката, спортот, забавата, човековите права, застапувањето на правата на ЛГБТК+ и науката.
„За последен пат како претседател, ја имам честа да го доделам Медалот на слободата, највисоката цивилна награда на нашата нација, на група извонредни, навистина извонредни луѓе“, рече Бајден.
Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон беше пречекана од толпата со аплауз, а почестени беа и филантропот Џорџ Сорос и актерот Дензел Вашингтон.
Постхумно беа доделени четири медали – на Џорџ В. Ромни, поранешен гувернер на Мичиген и секретар за домување и урбан развој, поранешниот јавен обвинител и сенатор Роберт Ф. Кенеди, потоа на Ешју Картер, некогашен министер за одбрана, како и на Фами Л/ Хармер, која ја основала Демократската партија на слободата на Мисури и која ја поставила основата за Законот за гласачко право од 1965 година
Белата куќа објави дека победниците дале „примерен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на Соединетите Американски Држави, светскиот мир и други значајни социјални, јавни или приватни иницијативи“.
Меѓу наградените се и филантропи – готвачот Хозе Андрес, директор на хуманитарната организација „World Central Kitchen“, и активистот и водач на рок групата U2, Боно Вокс.
Меѓу добитниците се фудбалерот Лионел Меси, кошаркарската легенда на Лос Анџелес Лејкерс Ервин „Меџик“ Џонсон, актерот Мајкл Џеј Фокс, познат по неговото застапување за истражување на Паркинсоновата болест, главен и одговорен уредник на модниот магазин „Вог“ Ана Винтур, модниот дизајнер Ралф Лорен и други.
Претседателскиот медал на слободата е доделен 654 пати од 1963 година.
Значајни добитници на Медалот на слободата во минатото се Мартин Лутер Кинг Јуниор и Мајка Тереза.