Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЏУНЕР ИСМАИЛ: УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ЧЕКОР КОН ИНТЕГРИРАЊЕ ВО ЕУ

January 17, 2024 Filed Under: Македонија

Уставните измени значат и затворање на отворените прашања, ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна структура во државата

ИСМАИЛ Ние за жал, се уште го живееме распадот на Југославија, затоа што распаѓањето не е само едно рушење на куќа

Во студиото на Слободен печат, политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил порача дека одредени структури во опозицијата успеале да спречат носење уставни измени и на тој начин да го блокираат процесот на интеграција.

„Уставните измени беа само еден чекор кон интегрирањето во ЕУ, но и затворање на отворените прашања. Ние за жал, се уште го живееме распадот на Југославија, затоа што распаѓањето не е само едно рушење на куќа. Ние тоа се уште го живееме затоа што Македонија спаѓа на отсечката од тој фронт, во период кога во светот се води една огромна војна, која не е толку далеку од нас, колку што нам ни се чини, а тоа е руската агресија врз Украина. Второ, се запали огнот на Блискиот исток, којшто никогаш не беше угаснат и идејата на одредени сили е и на Балканот огнот никогаш да не се изгасне до крај“ посочи Исмаил додавајќи дека такви структури што работат за туѓи интереси има и во сегашната опозиција.

Според него, Македонија има проблем со дел од бугарската политика која е заложник на одредени источни и рпруски политики.

„Бугарите се едно множество, каде не се сите исти. Ние имаме проблем со еден дел од бугарската политика, којашто е заробеник на едни други полтиики, односно на источните политики“ порача Исмаил.

Запрашан за тоа кои се мотивите на ВМРО-ДПМНЕ да ја блоира државата на европскиот пат, Исмаил издвои две причини за таквото однесување на опозицијата.

„Има две објаснувања, едното е дека затоа што се опозиција, што само по себе не објаснува ништо, а второто е дека на тој начин го слабеат владејачкото мнозинство и дека на некои идни избори ќе покажат дека тие можат поинаку и тоа се објаснувањата. Но кога ќе ја погледнете големата слика, ќе видите дека и истроиски гледано, тие структури кои се крстиле како ВМРО или некакви патриоти, или по ново некои леви десничари, тие се всушност деструктивни структури во нашата држава“ порача Исмаил.

Во однос на анкетите што се објавуваат во јавност, Исмаил смета дека анкети се прават со различни цели и мотиви, но ниту една од нив не може да се прогласи за стопроцентно точна.

„Во нашата држава има анкети и анкети и ниту една од тие анкети не може да се третира како суверена точна од која може да се извлечат анализи, констатации и предвидувања. Потсетувам дека на сите анкети, околу 40% од граѓаните не кажуваат свој став околу состојбите во државата“ порача Исмаил.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet