Пред токму еден век се случи предвањето на мандатот за преземање на извршната власт од рацете на иалијанскиот крал на лидерот на една во основа минијатурна партија – Бенито Мусолини. Светот трхна надолу, доживеа катастрофа, откако по тој терк сценариото се повтори во Германија. Полошото од таа историска поука е дека работите умеат да се повторуваат во по малку сменет косрум, било да говориме за неофашизам или пост фашизам
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во неделата се навршија сто години од доаѓањето на власт на една фашистичка идеја. По една импровизација од масовност, наречена Марш на Рим, залудените од налудничавиот говорник Бенито Мусолини создаваат ситуација кога италијанскиот суверен Викторио Емануел Трети, му го доделува мандатот за создавање на влада на човекот кој одеше на чело на колоната (маршот траеше од 27 – 29 октомври 1022 година – види https://sh.wikipedia.org/wiki/Mar%C5%A1_na_Rim).
Идниот премиер, кого ќе го нарекуваат Дуче (Водач) нанесе толкаво зло на човештвото што тоа и денес, на многу начини, се уште ги вида раните иницирани од споменатиот настан. Но тој, Мусолини, како зачетник внесе и еден вирус во општествените уредувања, што, како парадокс се повторува токму на 100-годишнината од триумфот на една маргинална група низ имитаторска партија, која, во комбинација со уште две други десничарки партии, одново седна на тронот на власта во Рим. Историјата се повторува – многумина се прашуваат? Одговорот е – секако не во целина, но како политички феномен има многу сличности и во атмосферата на новиот триумф на политичките маргиналци, така и во некои дури иделошки синхроницитети. Сепак, како што рекле мудрите – не преживуваат трајните работи, туку оние кои можат да се прилагодат на промените. Ниту малку за безгрижност…
Да се обидеме да раздвоиме некои слики од политичкиот мозаик кој треба да објасни како фашизмот толку лесно доаѓа на власт, за потоа многу тешко да се искоренува. Па гледаме и после еден век. Најпрво факт е дека Мусолини, како и неговиот помоќен но помлад собрат Адолф Хитлер, низ историска рероспектива го даваат привидот на леснотијата на покорувањето.
Универзитетскиот професорот по општа историја на БУ од Белград Милан Ристовиќ тврди дека аналитиката покажала дека Маршот на Рим би се сопрел со само еден вод на вооружени војници од некоја римска касарна (https://www.nin.co.rs/pages/article.php?id=102364685). Тој вод со само еден плотун во воздух би ги растурил неколкуте илјади собрани луѓе, качени на велосипеди и слабо вооружени, во црни кошули, дојдени од разни краишта на Апенините. Никој не издал таква наредба, иако дел од парламентаерните партии ја барале таа интервенција од кралот, тврдејќи дека се работи за пуч, што секако веднаш не води кон заклучокот дека некој едноставно сакал овие маргиналци да застанат на чело на државата.
На првите избори во 1919 година Мусолини не собрал ниту пет илјади гласови! Резултатот наречен кралски мандат за состав на влада во период од само три години е резултат на фактот дека со нечија невидлива рака таа безначајност може да прескокне многу бариери – финансиски и медумски, пред се’. Во 1921 година таа маскирана поддршка направила партијата да скокне на 100 илјади гласачи, поголем дел подготвени да облечат партиски униформи и да станат „скадристи“, подготвени секаде да го следат својот нов водач. Во време на преземањето на власта Мусолини веќе собрал 300 илјади членови.
Што заклучуваме од ова до сега? Па, како прво, дека не смеат да се потценат ниту најмалите партии, кои кај нас обично се нарекуваат „пајтон дружини“ во нивната амбиција,. Потоа, како второ, на ова се надоврзува сознанието дека фашизмот е инволвиран во некоја поголема лабораторија, некаков пра-Вухан (го користиме ова име заради асоцијативност, без други претензии кои и онака би биле мисинг контекст) од страна на моќници кои мислеле дека што е партијата која е избрана како „бело глувче“ – поминијатирна, потоа таа, по еднократно искористување, полесно би се контролирала, што во историјата на фашизмот секогаш била голема илузија!
И за почеток, да забележиме дека покрај поддршката на длабоката држава, овие партиички морале да добијат грб (или раме) на некој постар и помоќен брат, сокого потоа, со времето, тие со него ќе ја ротираат својата позиција: токму помоќниот ќе падне на коленици, носејќи го кон пиедесталот дотогаш послабиот .
„.Мусолини влезе во парламентот како представник на десницата од т.н. ’националног блок’ на премиерот Џовани Џочити, искусен и вешт политички мешетар и водач на либералите, кој се плашел од левицата а оценил дека ќе успее лесно да ја ’неутрализира’ крајната десница’. Тоа бргу се покажало како уште една од погрешните, поточно фатални политички калкулациии на традиционалните политичке елити“ – пишува споменатиот погоре Ристовиќ.
За да заокружиме со првичните споредби на тема фашизмот некогаш и денес да кажеме дека Дуче од почетокот бил социјалист, дури и главен уредник на весникот „Унита“, но бил исфрлен од партијата која била антимилитаристичка, кога тој ја поддржал власта во нејзините воени операции во текот на Првата светска војна.
Појавата на базното фашистичко движење во Италија ( Partito Nazionale Fascista, PNF) и оваа што сега дојде на власт во Рим на редовни парламентарни избори (партијата на Ѓорѓа Мелони за која дел од западните теоретичари сметаат дека не е неофашист, туку постфашист – https://www.theguardian.com/world/commentisfree/2022/sep/28/giorgia-meloni-mussolini-trump-europe-italy-elections) e во разочараноста кај западните сојузници.
Фашизмот настана во време кога Италија не го доби она што сојузниците од Антантата и го ветија претходно, како, на пример, окупација на спротивниот брег на Јадранот на Париската мировна конференција; додека сега, во современа Италија постои силно незадоволство од недоволната солидарност на ЕУ во однос на миграционите бранови од Африка, што се сериозни дестабилизатори за Рим, потоа кај совладувањето на короната, која најсилно ја погоди токму оваа земја; но постои и незадоволство со надворешната политика на ЕУ во војната во Украина, не толку кај Мелони и нејзината партија Fratelli d’Italia, колку кај нејзинииот коалиционен партнер Берлускони од Форца Италија кој е отворен навивач за Путин и неговите политики.
Тука наоѓаме и уште една важна сличност со добата на доаѓањето на Мусолини на власт. Имено и Дуче и Мелони мораа да влезат во коалиција со други партии за да ја освојат власта. Мелони дури побара поддршка освен од Берлускони и од Матео Салвини (Лига), за да обезбеди парламентарна стабилност. Колку се тие блиски говори фактот дека ним им требале 11 минути да се согласат за коалиционо врзување!
Јасно е и дека без поддршката на т.н. индустриски барони во Милано на Апенините не се можни крупни политички промени.
Во идеолошка смисла фашизмот значи враќање во минатото, барање потпора од стари, некогаш и заборавени митови. Мусолини се враќаше кон симболите на античкиот Рим и неговата седумвековна надмоќ на Медитеранот (самото коритење на зборот fascio, потоа поздравот со воздигната рака под агол од 45 степени и друго), од страна на Мелани и нејзината политичка дружина се компензира со врски со традицијата, со религијата, семејството, отворената војна со LGBTзаедницата, работи кои наидуваат на позитивни реакции меѓу гласачите кои сметаат дека нивните традиции, што требаа инаку да се грижа на демохристијаните, во политичката прагма на Апенините во последно време не се случуваат; па Мелани им ја понуди својата програма. И како што обично бива – на изборите победуваат парите на сокриените могули и гласовите на сиромасите!
За нас секако е важно да се запрашаме – дали врз основа на погоре кажаното можете да излвлечете како читатели некои поуки од наше тло, па и со оваа асоцијација: дека фашизмот го водат превртени социјалисти или лица кои себе се сметале од почетокот за левичари?
Всушност, и кај нас десницата (во поширока смисла) за да дојде на власт коалицираше, но не со други десничарски партии, туку со политичкиот центар (Демократска алтернатива) или со левицата (НСДП на Петковски), инаку одбегнувајќи ги џуџестите партии од својата страна на улицата. Би рекле за среќа, или барем во претходните периоди, иако сега на два пати имавме случаи на крадење на печати од помали политички партии и претворање на истите во сојузници на десницата, со надеж дека истите лесно ќе се контролираат.
Ние ја имаме и сериозната превртливост на помалите партии со подолг парламентарен стаж, но со минијатурен формат, кои сепак знаат во клучни моменти, како оние сега, да фрлаат ишарети кон своите наводни политички опоненти, како би можеле во иднина лесно да го користат сопствениот идеолошки семафор совградехна честа промена на боите.
Јасно е како ден дека и тука, како веројатно во Италија (Берлускони) и во Франција (Ле Пен) руското влијание да е многу силнио, дури и преку други линкови (одредени политичари во Унгарија и Словенија) кои ја создаваат атмосферата на континуирана политичка нестабилност кај нас. Во таа атмосфера го имавме јакнењето на култот на наводниот водач, политичката корупција од страна на крупниот капитал, недемократски размислувања, блокади на клучни институции неопгходни за дамократскиот поредок (Парламентот, Уставниот суд, неказнивоста на членовите на некои партии и генерално неефикасносто правосудство и слично). Тука е и незбежното враќање во античките времиња – дочекано практично без отпор во академската заедница и медиумите, но и поблиското, но проблематично примање на минатото (колнење на верност над кама и пиштол, враќање кон религијата на оние кои и не знаат да се прекрстат како што треба) …
Ваквите појави не нудат пријатни асоцијации со некои катастрофални историски појави.