Времето, кое ги менува луѓето, не ја менува сликата која ние ја имаме за нив!“ е една од познатите мисли на Пруст, обележје на неговите размислувања
На 10 јули во 1871 година се родил познатиот француски писател Марсел Пруст, кој со своето дело „Во потрага по изгубеното време“ остави силен печат во историјата на светската книжевност и благодарение на ова дело се смета за еден од највлијателните писатели од 20 век.
Во медиумите имало објави за неговото творештво и дело, а денес, во чест на годишнината од неговото раѓање која ја очекуваме, можеме да се потсетиме на неколку убави и познати мисли од него.
„Помнењето на работите од минатото не значи и нужно помнење на работите какви што навистина биле“.
„Среќата е корисна за телото, но тагата е таа што ги развива моќите на умот.“
„Љубовта е најдобар пример за тоа колку малку ни значи реалноста.“
„Вистинскиот рај е рајот кој сме го изгубиле.“
„Ако сакаме да ја направиме реалноста поднослива, мора да негуваме една или две фантазии.“
„Не постои човек, без оглед на тоа колку е мудар, кој во одреден дел од својата младост не кажал работи , или живеел живот, чиј спомен е толку непријатен за да се сеќава на тоа подоцна во животот, што целосно би го избришал од спомените доколку тоа е возможно.“
„Времето, кое ги менува луѓето, не ја менува сликата која ние ја имаме за нив.“
„Како и многу други интелектуалци, тој не беше способен да каже едноставна работа на едноставен начин.“
Мојата крајна цел повеќе не е конкретно место, туку нов начин на гледање на работите.“
„Љубовта е простор и време измерено со срцето.“
„Ние не можеме да примиме мудрост, ние мораме самите да ја откриеме откако ќе поминеме пат на кој никој друг не може да нѐ однесе или да нѐ поштеди од него.“
„Заздравуваме од страдањето само ако целосно го искусиме.“
„Сите наши конечни одлуки се направени во состојба на ум која нема да трае вечно.“
„Луѓето кои не се заљубени не можат да разберат како интелигентен маж може да страда поради една многу обична жена. Ова е како да бидете изненадени што кој било може да биде заразен од колера поради нешто толку небитно како обична бактерија.“
„Задоволствата се како фотографии: во присуство на личноста која ја сакаме, правиме само негативи, кои подоцна ги развиваме кога сме дома, кога имаме пристап до нашата внатрешна темна соба, чија соба е строго забранета да се отвора додека се присутни други луѓе.“
„Мислам дека животот одеднаш би ни изгледал прекрасен доколку ни се закани смрт, како што велите. Само помислете на тоа колку многу проекти, патувања, љубовни врски, студирања крие нашиот живот од нас самите, станале невидливи заради нашата мрзливост која убедена во иднината, ги одложува до бескрај. Но, доколку врз сето ова падне закана дека овие работи засекогаш ќе бидат невозможни, колку сѐ би станало прекрасно одново. Ах!
Кога катаклизмата не би се случила овојпат, ние не би пропуштиле да отидеме на новите изложби во Лувр, би се фрлиле пред нозете на госпоѓица X, би отишле на патување во Индија.
Катаклизмата не се случува, ние нема да направиме ништо од тоа, затоа што се наоѓаме себеси назад во срцето на нормалниот живот, каде што занемарувањето ја убива желбата. А сепак, не би требало да ни е потребна катаклизма за денес да го сакаме животот. Би требало да е доволно само да помислиме дека сме луѓе и дека смртта може да се појави уште вечерва“.
(продолжува)