Најважните работи во животот на овој писател и културен деец се случувале во јануари- раѓањето, смртта…
Годинава се навершуваат 150 години од раѓањето на Војдан Чернодрински. Како што кажува и неговото име тој е роден на Водици (или околу Водици) бидејќи тоа име произлегува од празникот (Војордан) на фрлањето на крстот, во неговиот крај во реката Црн Дрим, односно одбележувањето на крштевањето на малиот Исус, според Новиот завет.
Војдан Поп Георгиев Чернодрински (15 јануари 1875—8 јануари 1951) е основоположник на македонското драмско творештво и театар.
Чернодрински е роден во с. Селци, Дебарско. Учел гимазија во Солун, па во Софија, каде го основал гимназискиот литературен кружок „Македонски зговор“. Бил член и на „Младата македонска книжовна дружина“. Контактите со македонските емигранти влијаеле врз формирањето на неговата национално-револуционерна и социјалистичка свест. Во Грац и во Берн студирал правни науки, но не ги завршил
По многу перипетии на сцената на Софискиот театар, на 7. ноември 1900 година, успеал да ја постави драмата „Македонска крвава свадба“.
Успехот на претставата го поттикнала тој да формира македонски театар. Се вели дека премиерата не била овозможена од властите ама дека комити дошле како обезбедување на првата изведба на таа драма.
Премиерата се одржала на 7 ноември 1900 година.Војдан Чернодрински за делото Македонска крвава свадба се инспирирал од еден краток новинарски извештај од животот во Македонија. Во весникот “Реформа” ја прочитал Чернодрински дописката за која подоцна, во своите Спомени ќе ја забележи: „Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед”.
Чернодрински бил свесен за воздејството на овој текст врз публиката, но интимно и самиот не очекувал таков успех каков што всупност драмата постигнала во оној период, па и многу подоцна. Говорејќи мошне скромно за своите литературни амбиции во врска со ова дело, потцртувајќи ја посебно онаа, денеска многу позната мисла „Што напишав јас“ и одговарајќи на тоа прашање дека „Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на Македонија она, кое читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот” – Војдан Чернодрински се обиде да го предизвика вниманието на сите оние што го чувствуваа проблемот на Македонија како своја болка. И успеа во тоа. Навистина, тој не ги прикажа во оваа своја драма Македонците во една мобилна состојба. Не ги воведе во сцената свесно организираните елементи кои го подготвуваа народот за востание во блиска иднина. Тој ги одбра за јунаци луѓето од најниската скала на општествената хиерархија од едно, за Македонците, многу специфично време. Ги прикажа нивните страдања, но и нивната готовност да ја бранат честа македонска
На своето име си го додал псевдонимот Чернодрински и ја оформил драмската група „Скрб и утеха“ (1901), која подоцна прераснала во „Столичен македонски театар“ (1902) и патувал низ Бугарија, Србија и Македонија.
Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна и го доживеал распарчувањето на Македонија. До крајот на животот живеел во Софиј
Војдан Поп Георгиев е роден во селото Селци, Дебарско (Малесија) во 1875 година во семејството на селскиот кмет и подоцнежен свештеник Георги Славковски, подоцна наречен Ѓурчин. Таткото ја забележал љубовта на Војдан кон книгата и токму поради тоа Ѓурчин му овозможил на својот син соодветно школување.
Од животот на Војдан Поп Георгиев позначаен е настанот кога неговата мајка извршила убиство над некојси Арнаутин – силеџија сѐ со цел да ја одбрани честа на нејзиното семејство. Тој немил и несекојдневен настан бил повод за отселување на целото семејство од Селци во Охрид. Во Охрид Војдан го продолжил своето образование што го започнал во своето родно место. По завршувањето на основното училиште, Војдан поп Георгиев се запишал во Солунската Гимназија, но во убавиот македонски град не се задржал премногу долго. Таткото на Војдан заминал во Софија на печалба и поради тоа тој го повикал и Војдан во Софија каде би бил со него а воедно и да си го продолжи своето образование. Тој, во Бугарија, го продолжил своето школување и се зачленил во Младата македонска дружина. Воедно, Војдан бил и најактивен член на литературниот кружок во гимназијата наречен Македонски заговор. Војдан Поп Георгиев се смета и за основач на тој кружок. Под директно влијание на Младата македонска дружина и Македонскиот заговор, членовите и активистите на овие два кружока се залагале за користење на македонскиот народен говор и тој јазик го користеле во своите книжевни дела.
Според неодамнешни историски архиви и документи, Војдан го завршил своето образование во Србија. Правните науки ги започнал во Грац ги продолжил во Берн, но студиите сепак не ги завршил. Сѐ со цел да се поврзе со ослободителното движење во Македонија, Војдан побарал учителска служба во Македонија. Тој бил назначен за учител во село Могила, Битола.
Војдан не служел многу долго како учител во Македонија. Тој работел како учител во Македонија само една година, учебната 1897- 1898 година. Потоа тој се вратил пак во Софија, каде со тешки маки и подолги перипетии успеал да ја одржи првата негова драма на македонски јазик- „Македонска крвава свадба“. Драмата забележала голем успех и се одржале неколку репризи во Софија. По Софија, драмата се одиграла и во Пловдив. Тоа го мотивирало Војдан да се залага за формирање на македонски театар. По извршента реорганизација на екипата со која ги одржувал претставите, тие создале нова драмска екипа под името „Скрб и утеха“. Успехот на драмската македонска екипа растеле и се одржале нови гостувања во Бугарија бидејќи немало соодветни технички услови во Македонија. По сѐ поголемиот успех на драмската екипа, таа си го променила повторно името во „Столичен македонски театар“. По одржувањето и задушувањето на Илинденското востание, новите политички прилики на Војдан му овозможиле гостувања во Србија и таму бил пречекан со големи симпатии. По одржувањето на Младотурската револуција во 1908, Македонија се здобила со подобра политичка клима и Војдан Поп Георгиев и неговата жена Марија Поп Георгиева (артист-аматер) пристигнале во Скопје, а подоцна и во Солун и Битола. Тој во македонија учествувал во организирање на учители и учителки што ги подготвувале театарските претстави. Тие организирале повеќе европски драми, меѓу кои се нашла и Македонска Крвава Свадба, за првпат изведена во својата татковина.
Неколку години подоцна, Војдан Поп Георгиев бил мобилизиран во Балканските војни а набрзо потоа и во Првата светска војна. Тој тогаш го доживеал натрагичниот момент во македонската историја- распарчувањето на Македонија. Неговиот творечки живот и понатака продолжил да опстојува но се помалав интензитет поради тоа што тој се наоѓал во бугарска средина каде се чувствувал како емигрант. Иако неговата татковина се стекнала со долго посакуваната слобода во 1945 година, Војдан не можел да се пресели во Македонија и умрел во Софија во 1951 година.
Наводно, според бугарските театарски критичари, по смртта на Војдан Поп Георгиев во СР Македонија во текстот на драмата „Македонска крвава свадба“ се внесувале мали промени, односно зборовите „Бугари“ или биле избришани или заменети со „рисјани“. Но сепак, и во предговорот што го напишал Поп Георгиев и според своето животно осврнување, тој јасно и прецизно кажува што е и јасно ја потенцира македонската народност како посебна етничка група
Значењето на Војдан Поп Геогиев за македонската книжевнос
Војдан Поп Георгиев е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик. Тој бил доста коректен кон македонскиот јазик и еден од основните критериуми за членство на глумци во неговата драмска група било солидно познавање на македонскиот јазик. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Тој со своите текстови го бодрел и храбрел македонскиот народ. Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската, така и од странската јавност.
Тој со своите дела извршил големо влијание и кај некои други македонски автори како што се: Димитар Хаџи – Динев (ја напишал драмата „Револуционер“), Марко Цепенков (го напишал текстот „Црне Војвода“) и Никола Киров Мајски (ја напишал драмата „Илинден“)
Во 1929 година, Војдан Поп Георгиев отишол во посета на еден дом за сираци каде им подарил примероци од својата драма Македонска крвава свадба. По тој повод, Војдан изјавил:
Се надевам дека по прочитувањето на книгава секој питомец добро ќе го запомни прочитаното и никогаш не ќе го заборави јазикот на кој е напишана, јазикот на кој зборувале неговите прадедовци, родители и роднини и на кој ќе зборуваат и покрај физичкиот и морален терор на сегашните поробители на татковината Македонија, сите идни поколенија што ќе ја населуваат оваа света земја.
Во чест на Војдан Поп Георгиев, во Прилеп се одржува македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински
Во 1973 година, синот на Војдан Чернодрински, Стојан ги предал сите ракописи на славниот македонски драматург на Државниот архив на Македонија, каде што кратко по нивното архивирање бил издаден комплет од негови дела, за да посведочат дека и во почетокот на минатиот век сме имале уметници што го практикувале македонскиот народен јазик, од кој произлегоа научните кодификации. И сето тоа како аманет од неговиот татко, неговото творештво да биде пренесено во Македонија.