Сами бевме со својата рака во која стоеше гласачкото ливче место тоа глодарче, соочени со одлуката што ќе ни ја одредува судбината. И сега гледаме како таа одлука изгледа – сите најави за она што до добиваме во вторите шест месеци од годината што измина се обeстинуваат а има згора и непријатни изненадување и не можевме да ги претпоставиме
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Белиот глушец од продавачот на среќа на Камениот мост не извлече поволна вест за она што не чека и дома и надвор годинава. Мислам на сликата на оној стар човек од пред повеќе децении кој стоеше таму со мало глодарче и кој ги поврзуваше љубопитните муштерии до напишаните прогнози сместени во една отворена кутија и извикуваше (цитирам): „Миш бели – среќу дели“.
За волја на вистината, барем за дома, самите си гласавме и немаме право да се буниме. Сами бевме со својата рака во која стоеше гласачкото ливче место тој глодарец, соочени со одлуката што ќе ни ја одредува судбината. И сега гледаме како таа одлука изгледа – сите најави за она што до добиваме во вторите шест месеци од годината што измина се обeстинуваат а има приде и непријатни изненадување и не можевме да ги претпоставиме. Нема автобус? Добро, колку треба да се оди пеш до Драчевио? 12 километри.- тргнувај!
ГИ НЕМА ТРИТЕ КРАЛЕВИ, ИМА ТРАМП На денот кога во католичкиот свет се обележува доаѓањето на трите кралеви пештерата каде наводно се родил малиот Исус, близу Витлеем, и кога целото тогашно признато уредување, пренесено нели низ тие персони качени на камили, се спојувало во една личност и ние се готвиме како планета и со лаички процени настојуваме да видиме што ќе се случи после инаугурацијата на новиот американски претседател на 20 јануари во Вашингтон. Една голема причина што треба да го откриеме она што битно ќе влијае на идните промени што се очекуваат во годината во која завлеговме. И тие сознанија неминовно ќе бидат врзани за периодот после инаугурацијата на претседателот Трамп За тој настан се врзани пред се’се врзани и најголемите предизвици за глобалната економија во 2025 година.
Тоа е ситуацијата која се нарекува Доналд Трамп 2.0 и за која секако не очекувам дека може да има директно влијание врз нашата земја дури и тогаш кога би предизвикала треперење во нашите срца. Знаете како кога старо-новиот претседател Трамп рече дека нема намера да ја брани Црна Гора (тогаш веќе членка на НАТО) како пример дека САД финансиски покрива многу земји а ние бевме пред вратите на Алијансата?! Но, токму во тоа време ние и влеговме во НАТО без проблем токму како резултат на вашингтонската булдужер-дипломатија, која, нели, нема толкава ефикасност кога се работи за релациите Скопје – Брисел. Овој пример е само доказ дека зборовите на првиот човек на Белата куќа не може секогаш да имаат универзалнно значење а уште помалку – долгорочен дострел!
ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ КАКО ГОЛЕМА СЛИКА ВРЗ СВЕТОТ Сепак, светот е преполн со коридори низ кои се прелеваат меѓусебните релации во светот, било да се тоа мали или големи земји. Сите се согласуваат дека клучен ќе биде после 20 јануари факторот Трамп 2.0. Се нагласува неговата непредвидливост без оглед на ефектите што одлуките донесени во такви момент можат да предизвикаат растројства па дури и хаос на планета. Факт е дека до сега овој претседател и неговиот тим ги омаловажија своите сојузници, па и оние од НАТО. Новите трговски договори и фокусирањето одново на „најпрвин Америка“ може да донесат несакани последици. Недостатокот на јасно американско лидерство ќе отвори простор за земјите како Кина, Индија и Русија да ги пополнат воените, политичките и економските празнини што ќе настапат.
Тремор најнапред се јавува во бизнисот, посебно оној на нашиот континент а тука и ние имаме свој влог, пред се преку ТИРЗ-овите! Податокот дека доларот како никогаш порано не се приближи со вредноста до еврото ја покажува ситуацијата во која се наоѓаат и најмоќните економии. Бизнисите сакаат да планираат однапред, поради што заканата од тарифите е толку вознемирувачка. Трамп ја пофали идејата на воведувањето на додатни бариери за увозот на стоки во неговата земја како начин за казнување на земјите за трговски дефицит. „Зборот обичаи е најубавиот збор во речникот“, си споменуваат аналитичарите на Трамповите говори од октомври 2024 година.
За време на изборната кампања во 2024 година, поконкретно Трамп се закани дека ќе воведе царини од 10-20% за сите стоки што влегуваат во САД и до 60% за кинеските производи, најавувајќи дека ќе ги спроведе од неговиот прв ден на функцијата.
Навистина, Трамп неодамна го промени својот план, најавувајќи царина од 25% за сите стоки од Мексико и Канада, додека кинеските стоки ќе бидат погодени со царина од 100%. Мексико вети контрамерки, а Кина може да го стори истото. Канадскиот премиер веднаш го посети Трамп на Флорида за да се обиде да ги смири работите.
Но, за големите компании – кои се како локомотиви што со себе влечат цели национални композиции, сосе средните и мали фирми, ескалацијата на тарифите би била лоша вест. Ваквите мерки би можеле да ги загрозат соседите на Америка и евентуално да го раскинат Договорот САД-Мексико-Канада (USMCA), кој беше потпишан за време на првиот мандат на Трамп.
Во моментов, околу 80% од мексиканскиот и над 75% од канадскиот извоз оди во САД. Повеќе од половина од американскиот увоз на овошје и зеленчук доаѓа од Мексико. САД увезуваат граѓа и милиони барели сурова нафта дневно од Канада.
На крајот, американските потрошувачи ќе ги почувствуваат последиците во вид на повисоки цени и можни недостиг на одредени стоки на полиците. Некои тврдат дека Трамп ја користи заканата од царини како алатка за преговори, но таквата стратегија може да доведе до одмазда и брзо да ескалира во глобална трговска војна!
ЕМИГРАНТИТЕ ВО МЕНГЕМЕ Не е само стоката таа што може годинава да наиде на пречки. Глобалната миграција се’ повеќе се најдува во буквални крлетки. Тоа е дури и дел од парадоксална ситуација кога оние мигранти кои веќе влегле претходните години во САД, на пример, ја подигнуваат скалата, така да се рече, за нивните земјаци нестигнатио да паднат назад, себично гласајќи за Трамп, оној кој сигурно може да нареди сите новодојдени, во одреден квамнтум, да бидат ввратени преку Рио Гранде.
Вториот парадокс со мигртантите е врзан и за нас. Тоа што Фронтекс е и натаму на нашите граници и се обидува да ја штити Европа од влезот на нови армии на мигранти од Блискиот и Среден Исток, ќе има повеќе простор за работа, но заради фактот дека ќе се јави и повратен бран на новодојденци од ЕУ во земјите кои се некаде помеѓу изворот и целта на тие движења, во кои е и Македонија, можат да доведат до балканска дестабилизација. Како никогаш порано! Имено, фактот дека поранешната германска канцеларка Меркел одлучи да всиса поголем дел од приливот на бегалци од Сирија, но автоматски и други државјани од тој регион, ја олесни ситуацијата на тој план и кај нас. Таксистите повеќе не ме прашуваа дали „зградите што се градат во Ѓорче или Сарај се за негалците“. Туку само констатираа во од нив наметнатиот муабет дека „не се луди да останат кај нас, кога и ние бегаме на Запад“. Правилно. Но тие сироти баратели на подобра судбина ќе се најдат во некакво просторно менгеме. Нема да можат да одат повеќе на Запад, ама ќе добијат друштво и од некогашни соседи кои се вратени од Унијата. Имено, некаде пред еден месец само Австрија врати во Хрватска 50 илјади емигранти дојдени „на црно“, како прва земја на Унијата низ која минале. Загреб веднаш одлучи да ги препрати во БиХ (барем првите 25 илјади повратници) а оваа земја исто така има право да ги препраќа кон оние држави од каде тие претходно пристигнале.
Ова прашање е посебно жешко, бидејќи, во нашата земја а и не само во неа не се предвидени никакви ресурси за згрижување на цели армии лица секако ќе се најдат во такцви прилики на нашите улици. Трговските тарифи на САД ќе имаат додатно влијание на економската ситуација во Европа каде веќе се отпуштаат домашните работници а секако, во такви услови први ќе одат надвор – ауслендерите.
Лидерите ширум светот чувствуваат потреба да покажат контрола над границите со тоа што ќе станат построги кон мигрантите. Светот ќе стане помалку отворен и динамичен. За време на предизборната кампања во САД, републиканците ветија „најголема операција за депортација во американската историја“ Тоа е идеја на која Трамп цврсто се држи.
Покрај депортациите и построгите мерки на границата со Мексико, Трамп во интервју на почетокот на декември вети дека ќе го прекине автоматското државјанство за сите оние кои се родени на тлото на САД.
Американскиот претседател има значителни овластувања кога станува збор за илегалната имиграција, но повеќето од неговите предлози завршуваат на суд. Може да го намали и бројот на бегалци или да го отежне добивањето визи и зелени картони.
И Унијата ветува борба против нерегуларната миграција. Италија се обидува да го реши проблемот со помош на Албанија, префрлајќи дел од новопристигнатите а несекани доселеници од Африка во новите логори во северозапднот дел на нашиот сосед, додека имиграцијата ќе биде клучно прашање на претстојните избори во Германија овој февруари.
СОСЕДСКИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ НАШАТА БЕЗБЕДНОСТ Иако кај нас не се споменува тоа прашање, да го наречеме „итлаијанскиот модел“, сепк да го отвориме. Кој гарантира дека на бегалците од Африка сместени на северот на Албанија нема да им здодее чекањето (кое веќе сега, веднаш, може лесно да се предвиди како повеќедецениско) и тие да се обидат самите да се опробаат во некакво барање на својата среќа, излегувајќи од оваа земја?
Второто прашање е врзано за зголемените санкции што пред се САД ќе ги воведат кон империјалистичката политика на Путин. Она што е најавено за Србија, земја која преку својот лидер Вучиќ ужива во фактот дека може да го имитира титовското лавирање меѓу блоковите, како паѓање во енергетска блокада е прежешко и за нас, иаконие немаме никаква јавна анализа каде би се нашле во неповолниот развој на настаните кон нашиот северен сосед. Немаме од небрежност или од незнаење. Нашите министри и премиерот се уште се без индукција и дедукција на таа материја?!
Значи, да појасниме – Сербја оди кон можна енергетска катастрофа. Знаете веќе дека се најавија како неминовни американски санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) која е во доминатно руско сопствениѓтво (56 отсто). Ова сопсствениѓтво е типшишно колонијално настапување на Путин што тој го доби и се фалеше дека добива евтини енергенти. Всушност, евтини енергенти добиваше руската фирма во Србија која им ја продаваше на своите домаќини и тоа е битно за да се свати американскиот став, кој, за чудо, не сакаше да го прифати американскиот амбасадорр Хил во оваа земја!
„Тоа ни отвора проблеми со нашите руски пријатели, од политички до се останато“, рече Вучиќ во гостувањето на прорусдката тв „Информер“. Објасни дека Србија мора да го реши проблемот со сопствеништвото на НИС-от до крајот на февруари и дека до тогаш земјата има доволно резерви за да нема паника на бензинските пумпи.
Најкусо што може да се објасни е дека или Белград треба да најде решение да гја врати сопственоста над Нафтената индустрија или санкциите се неминовни како дел од најновиот удар кој се здава на руската економија.
Колку што може да се свати од коментарите на претседателот Вучиќ, Србија нема толку пари дури и ако Русија се согласи на таков дил. Се работи за милијарди долари кои едноставно фалбаџијата ги нема а кои би требало веднаш да се намират, на што Вашингтон посебно ќе внимава.
Тука има многу ама дури и ако тие пари се најдат во презадолжената Србија! Путин може да каже „њет“ за таква зделка. Кој сака да продава нешто што му носи профит, но и заради што тој го градел Турскиот тек прекуи кого добавува енергенти во Бугарија а од таму и кон Србија и Унгарија и веројатно БиХ. Тоа не е само некаква зделка во која тој би добил некакви моментални пари што нему не му значат толку ако види што губи на геостратешки план, особено сега, после пресекувањертоп на укаринската цевка за извоз на гас во Словачка и Молдавија.
И одново, ако го прифати тој чин голермо е пшрашање по која цена тогаш би извезувал енергенти кон Србија, бидејќи тоа до сега ио не беше партнерски однос туку само извоз во сопствена индустрија на Балканот.
Вучиќ не само што нема решение, туку и нема назнака каде би ја насочил тактиката за преговори со Москва, во време кога од таму нема никаков позив. Јасно е дека треба да оди на прослава на Денот на поб едата (9 Мај), додека САД јасно дадоа само два месеци до конечно решение и тоа во ситуација кога Москва не мрднува ни со прст да разјаснува некакви свои мислења и ставови. Вучиќ оди по патека полна со жар. А знаеме дека проблеми во мигот има преку глава и за нив го фаќа паника…
Македонија може да биде некаква патемна жртви ако Путин реши да ја промени својата цела извозна енергертска политика кон Источна Европа а тоа би не вклучило и нас. Тогаш и ние би оделе по патека посеана со жар?! Или имаме толку умни планери што не треба да береме гајле, како во мигот?!
А ТУКА Е И ВОЈНАРТА ВО УКРАИНА Во однос на оваа нерешлива формула која може да ни донесе многу празни канистери од соседството на нашите бензински пумпи јасно е дека многу нешта сепак ќе зависат од тоа дали ќе дојде примирје или целосен мир годинава на полињата на Украина а сега веќе и во делот на Русија (Курск)?
Трамп тврдеше дека ќе стави крај на руската војна во Украина во рок од 24 часа, со што потенцијално ќе ја прекине американската помош што ја поддржува земјата три години. Со оглед на тоа што САД се најголемиот донатор на Украина, ова би можело да го принуди Киев да преговара. Но од друга страна деновиве Трамп призна дека „не се водат преговори кога на терен губиш“ што пак значи дека во мигот тој не е подготвен да ја тера стратегијата кон – капитулација на Киев. Наводно на ова е наведен од понудата на Заеленски дека е подготвен во постигнување на мир (веќе не се споменува зборот „праведен“) да ги испрати своите професионални војници н а местото на америкабнските кои се во Западна Европа, што за Трамп е голем мамец што тој би го голтнал.
Тука ја имаме непредвидливоста на политиките што би ги водел Трамп, кој, сега сваќа дека некои работи е лесно да ги ветиш ама зад нивното остварување излегуваат стотина други проблеми.
Колку за НАТО е повеќе од јасно дека влегува подлабоко во тој конфликт кој навистина значи одбрана на деморкатските земји, од кои некои се први на ударот. Бев шокиран кога Дојче веле даде документарен филм од Полска каде се прикажа дека во основните училишта веќе е воведен предмет што ние го знаевме како „предвојничка“ и кој беше рзџан само за последните два класови во средните школи, кога улениците се полнолетни! А кога ќе се види како деца држат автоматски пушки и одат на стелиште, навистина со ласерски куршуми место вистински, од олово, но сепак… Каде навистина оди овој свет?
Јасно е и тоа дека трошоците на земјите-членки во НАТО ќе пораснат ако САД во времето на Трамп го намалува своето учество што е најавено од страна на идниот претседател. Дали тоа е внесено во сметките што ги прави нашата министерка за финансии?
Во меѓувреме израелските конфликти со Хамас во Газа и Либан би можеле да продолжат и во иднина. Кина сè уште има претензии за Тајван, кој стравува од можна инвазија.
Со децении, американското раководство помогна да се одржи глобалната стабилност. Трамп тоа го доведува во прашање. Отсуството на американска помош за сојузниците може да ги охрабри Иран или Северна Кореја да ги тестираат границите на нивните воени дејства.