Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

2025 ГОДИНА СО ИСТОРИСКИ НАЈМАЛО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА

December 2, 2025 Filed Under: Македонија

Првиот човек на СДСМ ја обвини власта дека произвела само 2.450 гигават- часови и дека тоа е изрз на неспсообноста на власта. И покачувањето на цената на струјта е иодрз на таа состојба

ИНВЕСТИРАЊЕ Во времето на СДСМ биле изградени 1.000 мегавати нови обновливи енергетски извори, што било еднакво на капацитетот на Битола, Осломеј и Неготино заедно

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, во четвртокот презентираше загрижувачки енергетски податоци. Најнапред дека производството на електрична енергија од домашните капацитети е на историски најниско ниво досега.

„За само година и пол, ВМРО-ДПМНЕ го спушти производството на историски најниско ниво. Во енергетскиот биланс за 2025 година, ЕСМ предвидело производство од 5.100 GWh. Наместо тоа, во периодот јануари–октомври оваа година е само 2.450 GWh, што е помалку од 50% од она што самата влада го испланирала.“ реле Филипче.

Тој направи споредба со периодот јули 2023 до јуни 2024 година како работела владата на СДСМ

„Новото раководство во овој период 2025 споредбено со 2024 година произвело точно 448,330 мегават часови помалку, отколку претходната година. Тоа е количество на енергија што одговара на половина од капацитетот на сите хидроелектрични централи во земјава. Што значи дека изминатата година во периодот што го наведов ЕСМ работело како половина од хидроелектричниот потенцијал на земјата да го немаме, да не работи, да не функционира. Меѓутоа струја е потребна и што се случило? Купена е струја за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ би ја произведувало.  Потрошени се 62 милиони евра за оваа струја се надокнади, тука, за потребите на граѓаните. Ете колку народни пари се одлеани поради немање капацитетност да добро се менаџира енергетскиот систем – рече Филипче.

Тој предупреди дека поради овие причини следува поскапување на струјата, што и се случи.

„Еве сега гледаме како со својата некапацитетност и неработење во еден одреден сектор дозволило да порасне цената на струјата. А имале механизми ако работеле домашните капацитети, а не работеле за да ги заштити граѓаните.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро предупреди дека државата се соочува со неминовен ценовен шок, поскапување на цената на струјата, како директна последица на неспособноста и неработењето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа влада го урна целиот концепт на енергетска стабилност. Сега неизбежно следува поскапување на струјата, а со тоа раст на сите други цени во државата“, рече Филипче.

„Ако производството на еден мегават час изнесува околу 80, 85, 90 евра, владата купува струја за 140 евра мегават час“ – го дообјаснува поскапувањето Филипче. Владата сама си призна дека не може да произведе струја. Не ги активира домашните капацитети и затоа цената ќе расте. Кога расте цената на струјата, расте цената на сè – храна, услуги, транспорт, живот, додека тој.

Филипче потсети дека во времето на СДСМ биле изградени 1.000 мегавати нови обновливи енергетски извори, што било еднакво на капацитетот на Битола, Осломеј и Неготино заедно.

„Ние инвестиравме, тие уништуваат. Ние градевме капацитети, тие гасат капацитети. Ние создадовме стабилност, тие создаваат криза“, нагласи тој, додавајќи дека граѓаните веќе трпат последици од неработењето на владата.

Филипче ја повика владата да одговори: „Кој ќе биде одговорен за овој удар врз стандардот на граѓаните? Кој дозволи државата да го изгуби енергетскиот капацитет што беше граден со години?

Filed Under: Македонија

МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ГО СПАСИ СУДСТВОТО ОД МИЦКОСКИ
ФЕНИ E ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ, ИЛЈАДА КАВАДАРЕЧНИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА
ХРВАТСКА: ЖИВОТOT ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА ЦЕНИТЕ РАСТАТ „БЕЗ ВРСКА“
СTАНКО ЦРНОБРЊА: БАЛКАНОТ Е ВО ПОСТОЈАНИ ПРВИРАЊА
ПУТИНОВИОТ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (155): ДАЛИ Е МИНИСТЕРОТ ЛАВРОВ ВО НЕМИЛОСТ?

Најново

  • МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ГО СПАСИ СУДСТВОТО ОД МИЦКОСКИ
  • ФЕНИ E ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ, ИЛЈАДА КАВАДАРЕЧНИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА
  • ХРВАТСКА: ЖИВОТOT ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА ЦЕНИТЕ РАСТАТ „БЕЗ ВРСКА“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet