Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

2026: ГОДИНА СО ЛОША КАРМА

March 31, 2026 Filed Under: Македонија

Место смирување на постојните воени жаришта добивме нови и уште ппоопасни за глобалниот мир. Економската криза е практично неизбежна со фактот дека војната во Заливот нема да заврши добро. Планирите во Пентагон уште долго ќе јадат само пица донесена од соседните пекарници

И ДЕДО МРАЗ БЕШЕ ДЕПРЕСИВЕН Сцена од њујоршкото метро слдниот после прославата на Нова година

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Тешко е да се поверува дека кога влeговме календарски во 2026 година многу од оние честитки за подобри нареди 12 месеци содржеа искрена надеж или пак зад тие честитки постоеше одвај скриен, трперлив страв во стилот – ајде малку да се лажеме. Светот веќе долго живее наткрилен со првата војна во Европа после Втората светска војна; агресивниот економско-воен апетит на последниот станар на Белата куќа одамна користеше фанфари; хроничниот сеач на смрти рушења од израелската политичка сцена ја одржуваше својата власт само низ одата за богот Марс.. Обичниот човек на планетата просто не знае од што повеќе да стравува, се будат сеќавањата на некои состојби кој претходеа на последната светска кланица. Со прашање – дали е последна?

СОСТОЈБИТЕ СЕ СЛЕДАТ Нашиот граѓанин никако да излезе од рутинското поклонување пред оние кои не му мислат добро а кои се’ помалку имаат знаење и моќ а секако ниту амбиција да ги поправаат состојбите кои просто ја деградираат општествената моќ, за таа  да излегува од помали критични ситуации а за оние кои се од многу голем габарит да не говориме. А тоа го гледаме секој ден, откако уште претпладне, од оние прес конференции на кои не ги слушаме прашањата а треба да ги истрпиме одговорите за кои нашите стари одамна говореа дека се во стилот „Мижи Асан да ти баам“.

Не дека во оваа ситуација ни некои поголеми експерти би мижеле да дадат точна прогноза ама сепак ја изрекуваат и одлучно преземаат мерки во насоката во која ценат дека ќе се одвива развојот на опасните настани кои не наткрилуваат. Нашите функционери само велат – ги следиме состојбите како одраз на видливата вкочанетост во однос на било каков реален ангажман кој ќе предизвика соодветна реакција од сите граѓани, секој со своите можности и знаења ама согласно на ситуацијата која лесно може да се излизне од контролата.

Во прегледот на она што треба да им се прикаже на оние кои го читаат „Глобус“ сакав и самиот, верувајќи во прогнозерската мож на одредени креатори на сознанија од респектибилен вид, мислев да ја пренесам оценката, да речеме на хрватскиот нуклеарен физичар од светки ранг Тончи Тадиќ. Тој сметаше пред помалку од една недела дека војната на Блискиот Исток, меѓу Вашингтон и Тел Авив од една и Техеран од друга страна ќе престане пред католичкиот Велигден.

– Американците нема да му простат на Трамп за зголемувањето на цените на горивата. Војната нема да трае долго. Се очекува војната да не трае подолго од Велигден (а тоа е веќе во недела за западните земји) од две причини: потоа започнува многу активна кампања за американските среднорочни избори, а Доналд Трамп сака да се сретне со кинескиот претседател Си кон средината на месецот. Јасно е, имено, дека 90 проценти од иранската нафта оди во Кина, и јасно е дека таа стои зад посредникот во тековните разговори, Пакистан, земја со која дели непријателство кон Индија“, рече Тончи Тадиќ, поранешен парламентарец, нуклеарен физичар и геополитички аналитичар за tportal.

ТОТАЛНО ПРОМАШЕНИ ПРОЦЕНКИ На американскиот внатрешен фронт, додаде тој, војната почна да создава сериозни проблеми за Републиканската партија. „Станува збор за драматично зголемување на цената на горивото, поради војната и иранската блокада на Ормутскиот теснец. И на секој републиканец денес му е јасно, вели тој, дека во такви околности ги губат изборите за Конгресот. Во Америка, можете да бидете што било – може да ве следи педофилска афера, може да бидете осудени за даночно затајување, може да ви биде забрането доживотно да работите во државата Њујорк – но во пресрет на изборите, ништо од тоа не е поважно од цената на горивото. Ова е проблем за секој од нивните претседатели“, јасно рече Тадиќ, потсетувајќи дека ниту една од објавените воени цели на Трамп не е постигната – иранскиот режим е сè уште на власт и дури е дополнително радикализиран, нема опозиција да го замени и никој навистина не знае во која фаза е.

Впрочем, никој од оние стручњаци кои ги советуваат воените министерства во САД и Израел не предвидел клучни работи, кои секако веќе сега ја оддолжуваат војната во тој дел на светот, клучен за сите светски економии, во недоглед и ги рушат сите временски перцепции за ресурсите, групациски, регионални или поединечни и за малите држави.

Напаѓачите не ја предвиделе иранската блокада на Ормутскиот теснец, кој не е важен само поради нафтата и гасот: повеќе од една третина од светското производство на вештачки ѓубрива или компоненти за нив поминува низ него, компоненти за лекови исто така минуваат низ него во иста мера, или, на пример, повеќе од една третина од светските залихи на хелиум, кој се користи во електронската индустрија и медицината. Сето тоа е блокирано, а военото деблокирање на Хормус, за кое во моментов се фантазира, спаѓа во доменот на научна фантастика – вели  Тадиќ. Кога сите тие гранки со допирни точки со овие сознанија сега ќе ѕирнат во своите магазини и складишта што ќе видат? Јасно се гледа дека нивните сознанија се повеќе од очајни. Да додадеме дека во меѓувреме и Тадиќ не предвиде дека бројот на држави – учесници се зголеми. Хутите почнаа со ракетирање на Иран а секако со нив доаѓа и блокада на вториот битен теснец – Баб ел Мандеб! Имаме значи две бариери кои треба да се совладаат за танкерите со нафта да минат кон  Средоземјето. Во Катар и Сауди Арабија веќе се размислува како тие да се извлечат од ситуацијата во која ги вметна, по нив Израел а САД покажа дека не е способен да ги заштити како држави а уште повеќе како економии.

ОДБРАНА КОЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОТЦЕНИ Тадиќ инаку тврди дека Иран, секако, нема капацитет да „соборува американски или израелски авиони со автоматски пушки“, но верува дека не треба да ја заборавиме големината на иранската армија со 150.000 припадници на Иранската револуционерна гарда, 300.000 луѓе во доброволната милиција и над милион и пол во армијата. Покрај тоа, нивната команда е децентрализирана на 31 регион и тешко е да се онеспособи со елиминирање на лицата на врвот на командната пирамида. Со секој таков чин, вели тој, излегуваат на површина помлади и порадикални сили, со кои ќе биде сè потешко да се преговара.

„Затоа, ако има копнена инвазија, тие имаат фер шанса да се спротивстават. Истото важи и за американските интензивни бомбардирања – Иран не може да им се спротивстави, но со своите ракетни системи и беспилотни летала тие можат да им предизвикаат проблеми на Американците колку што е потребно. Исто така, не треба да заборавиме дека Иран се подготвува за ова веќе четириесет години, а сега им е јасно дека Америка не сака да ги испрати своите сили да го окупираат Хормуз – односно дека тие всушност можат да добијат многу повеќе во преговорите отколку на почетокот на војната“, нагласи Тадиќ.

„Тоа е генијот на Трамп“, циничен е Тадиќ, кој смета дека е реална можност американскиот претседател едноставно да „отстапи“ од оваа војна, да го изгуби фокусот или да процени дека тоа не му носи никаква политичка корист и да се сврти кон Куба, Гренланд или нешто друго, што би го оставило Израел сам во борбата против Иран.

ОТПОРОТ ПРОТИВ ОВААВОЈНА РАСТЕ И ВО САД И ВО СВЕТОТ Отпорот кон војната има силен политички замав во САД а за тоа постои прилог во овој број, се шири и низ светот, а за тоа многу помага сознанието дека клучните воени одлуки се откриваат на теренот во сабота, кога берзанските активности во западните земји се невозможи. Што се вели – кој ќарил преку берзите заради сознанијата околу идните траења на војната, ќарил, додека многу изгубиле.

Куш Десаи, портпарол на Белата куќа, рече дека Трамп и неговата администрација се фокусирани на тоа да го прават она што е најдобро за американскиот народ.

„Белата куќа не толерира ниту еден функционер на администрацијата нелегално да профитира од внатрешни информации, а секое инсинуирање дека функционерите се вклучени во таква активност без докази е неосновано и неодговорно известување“. Околу 15 минути пред американскиот лидер Доналд Трамп да објави порака за „продуктивни“ разговори со Иран, кои наскоро драстично ги намалија цените на нафтата и го стимулираа растот на акциите, трговците инвестираа околу половина милијарда долари во нафта, објави Фајненшел тајмс.

Помеѓу 6:49 и 6:50 часот по њујоршко време, беа разменети околу 6.200 фјучерси договори, или опции, за Брент и Западен Тексас Интермедијар (WTI), а номиналната вредност на тие тргувања, Според пресметката на FT, изнесувала 580 милиони долари. Во исто време, 27 секунди пред 6:50 часот наутро, обемот на тргување со Брент и WTI нагло се зголемил. Не е познато дали зад тоа стојат еден или неколку субјекти, објавува Вечерњи лист од Загреб. „Тешко е да се докаже причинско-последична врска, но мора да се запрашате кој би бил доволно агресивен да продаде опции во тој момент, 15 минути пред објавата на Трамп“, рече стратег од американска брокерска куќа. „Мојот инстинкт по 25 години следење на пазарот е дека ова е навистина ненормално“, изјави еден инвеститор за FT, објаснувајќи дека во понеделник наутро немало големи податоци што би го поттикнале таков потег. „Некој едноставно стана многу побогат“, додаде тој.

СТОТИНА СРЕЌНИЦИ, МИЛИЈАРДИ НЕСРЕЌНИ ЛУЃЕ И додека некои, во многу мал број „среќници“ се богатат стотици милиони други луѓе се загрижени дали продолжувањето на борбите што сега веќе е извесно и нема да застане на Велигден (ултра религиозниот Иран беше нападнат за време на рамазанските пости, што секако е планиран момент), па тие можат да добијат екстремно поголеми цени на бензинот, на основните намирници, дури и да изгубат работа заради нерентабилност на производството за нивниот „бос“, заради што веќе сега кршат прсти заради лошата судбина – кој ќе го храни семејството, кој ќе ги враќа кредитите за нивниот дом под банкарска хипотека.

Иако одбивањето на американскиот мировен план никој не го видел, не доби медиски одек неговото одбивање од страна на Техеран со контра-план во пет точки кои содржи елементарно задоволување на прашањето за долгорочноста на било кои мировни мерки, прашањето на репарациите (дали Иран ќе му плаќа на Израел или Израел ќе му плаќа отштета на Иран) се едни од тие елементи. Во меѓувреме Трамп доволекува пешадиски трупи за нивно ангажирање (кое официјално барем не го наведува дека се за употреба ама…), даде шест недели рок со потпишување на мир (веќе одбиен како предлог) со последица – уништување на изворите на електрична енергија на противникот. Одговор на тоа е и се попрецизното стелање со ракетите кон цели во самиот Израел ама и во американските бази во Заливот. Најсилен адут на Техеран, изречен во тој контекст е дека ќе стрела кон статичните извори за десалинизација на водата во земјите на Заливот, извори на живот за сите земји од тоа подрачје! Зарем тоа ниту еден планер во Пентагон не можел да го предвиди? Па какви се тоа носители на воената стратегија?

Слаба е утехата дека нашите прогнозери не можат да бидат попрецизни од оние кои стојат зад воените дејствија. Но, дали е тоа причина да сме спокојни? Јасно – не. Еве, да речеме, премиерот спомена дека имаме резерви за 60 дена. Добро, колку недели минаа од изнесувањето на таа констатација? Војната веќе трае 30 дена а не сме чуле дека во солунското пристаниште пристигнал некој танкер со нафта за нас (или и за нас и за други околни земји) па за да се одржи тој оптимизам. Во најдобар случај таа нафта по цевководот би стигнала набргу до Рафинеријата Миладиновци. Има ли пазарен танкер кој плови кон Солун по сигурна траса? – би било следното прашање.  Постои ли нафта која е барем платена за да со фиксна цена може да дојде до нас? Има ли одговори? Нема а најважно е зошто ние правиме пресметки со резерви за 60 дена место 90 колку што е да речеме неопходно според НАТО стандардите. Место одговор кај нас оние што излегле на малите екрани одмавнуваат во стилот „оставете го сега НАТО“ како да е тоа грешка а не подобро проценет временски период. Ете ова е добра илустрација за нашата (владина и поширока стручна) подготвеност да се справуваме со кризни ситуации.

Filed Under: Македонија

2026: ГОДИНА СО ЛОША КАРМА
ДИК: ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ТРЕБА ДА ГАРАНТИРА ФЕР ИЗБОРИ, ОПТОВАРЕНА СО БРОЈНИ СЛАБОСТИ
АНТИВОЕНИ ПРОТЕСТИ ВО САД И ЗАПАДНА ЕВРОПА: ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ПОМИНА
ТАМАРА КОТЕВСКА СНИМА НОВ ДОКУМЕНТАРЕЦ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (172) КАКО РУСИЈА ГО УНИШТУВА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО УКРАИНА

Најново

  • 2026: ГОДИНА СО ЛОША КАРМА
  • ДИК: ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ТРЕБА ДА ГАРАНТИРА ФЕР ИЗБОРИ, ОПТОВАРЕНА СО БРОЈНИ СЛАБОСТИ
  • АНТИВОЕНИ ПРОТЕСТИ ВО САД И ЗАПАДНА ЕВРОПА: ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ПОМИНА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet