Обвинителството 11 месеци после настаните од „крвавиот четврток“ излезе со обвинение против 30 лица за тероризам. Ново е дека стартот за операцијата е даден од Виена, каде беше заминат експремиерот Груевски. Но, иако обвинението остава простор дополнително во обвинението да влезат уште некои лица не е јасно кој е главата на октоподот
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Обвинителниот акт за тероризам, односно она што од него беше дадено во јавност, речиси по една година од настаните на 27 април 2017 година, речиси ништо не менуваат во однос на хрониката која веќе ја објавивме на нашите страници во бројот 520., направен со помош на некои од главните актери. Познат е часот на изведениот напад, начинот на кој „твдокорните“ влегоа во пратеничкиот дом, кои биле нивните цели и методи… Она што секако недостасуваше во нашиот (и другите паралелни осврти и извештаи по другите медиуми) беше фактот дека повикот за почеток на државниот удар дошол од Виена, од телефонот за кој обвинителството тврди дека бил службен и припаѓал на еден од телохранителите на тогашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Воедно ова е и единствената трага која обвинителниот акт ја дава во однос на организаторите на пучот, секако со сета резерва дека никој освен обвинителите не го виделе целиот акт а адвокатите на обвинетите тој долг текст го имаат добиено на 30 март. Но, бидејќи сите засега обвинети се дел од корпусот на извршители на тој чин за противправно исфрлување од политчката карта на една институција, предизвикување насилство врз пратеници, максимално заострување на меѓунационалните односи и така натаму, нејасно останува позицијата на другите фактори во системот во однос на она што се случуваше пред 27 април, потоа на тој ден во текот на сите часови а кои несомнено имаат своја ролја во таа драма или кои можеле и требале да влијаат да не се остварува сценариото за крвавиот четврток. Без нив ништо не е цело!
Од она што беше објавено како обвинение, неколку дена пред крајниот рок (!) не се гледа времето на подготовките кое го видоа сите освен заштитниците на уставот и институциите. Беше јасно дека насилството ќе започне со спој на пратениците на ДПМНЕ, значи одвнатре и со спој на подготвените симпатизери однадвор, како и дека полицијата, предводена од Митко Чавков ќе биде нем статист.
Ударната сила со недели, па и месеци претходно се собираше во Градскиот трговски центар, „во сопственост“ на Амди Бајрам, кој сега се крие во редовите на новата позиција. Некои од тие напаленковци, дојдени од други градови не можеа многу да чекаат, па дури изведуваа поединечни напади на минувачите врз Центарот како „врз предавници“. И тоа никој не го гледаше:, власта како дел од стратегијата на туркање на настаните во посакуван правец а другите, идните „јагниња“ како брзање кон конечното формирање на пратеничкото мнозинство со свој претседател на Собранието и комплетирање на новата власт.
Во обвинението, кое беше само прераскажано пред новинарите, се тврди дека на критичниот ден, 27 април 2017 година еден од обвинетите во 14.30 часот добил телефонски повик со кој бил известен да ја почне акцијата „по што го мобилизирале членството на неколку здруженија и лица од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на законодавниот дом не е соодветно обезбеден и заштитен од полициски сили.
Четири часа подоцна, односно во 18.58 часот на 27 април 2017, десетмина обвинети, заедно со поголема група луѓе што претходно ја организирале и им поделиле маски-фантомки, по претходен телефонски договор, се упатиле кон зградата на Собранието.
Во меѓувреме, четворица обвинети, инаку организатори на движењето „За заедничка Македонија“, како дел од друга група, ги повикале и ги повеле насобраните граѓани кон Собранието и со потпалувачки говори ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓани.
Поттикнатите граѓани, заедно со групата која носела маски фантомки ја прескокнале заштитната ограда околу Собранието и се обиделе со туркање, удирање и кршење насилно да ја отворат влезната врата. Но поради безбедносната заштита не успеале во тоа,-пишувало во обвинението.
Истовреме, односно околу 19 часот, внатре во собраниската зграда, еден од обвинетите пратеници бил во телефонска координација со еден од обвинетите од групата која била пред вратата на Собранието.
По телефонската координација, стои во обвинението, петмината обвинети пратеници (Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски), заедно со тројца обвинети од собраниското обезбедување, ги отвориле двете влезни врати, откако ги тргнале металните заштитни греди, по што почнале да ја насочуваат толпата кон пленарната сала и кон прес-салата на Собранието.
По ова обвинетите заедно со други непознати лица влегле во прес-салата и го почнале насилството, фрлајќи предмети кон пратениците од парламентарното мнозинство и кон новинарите. Серо ова на читателите им е познато од многуе репризирани снимки од овие настани
Дел од обвинетите физички ги нападнале присутните во прес-салата и им нанеле повреди на поголем број пратеници.
Според овинението во прес-центарот, додека траело насилството и нападот од страна на обвинетите, еден од нив, се насочил кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштолот кој го носел со себе, но не испукал затоа што оштетениот (Заев н.з.) бил заштитен од обезбедувањето и од други лица-беше кажано на таа прес-конференција.
Обвинетите во нападот ги користеле сите можни предмети до кои дошле, а поставиле и две импровизирани експлозивни направи под работните бироа во две канцеларии.
Додека траело насилството во Собранието, двајца обвинети – припадници на МВР, одзеле два хард-диска за да ги прикријат трагите и да не се откријат дејствата од упадот.
Клучен дел од воведот во обвиниелниот акт е тврдењето дека обвинетите тројца припадници на структурите на МВР, како носители на златна и сребрена команда, иако континуирано биле известувани дека животот им е загрозен на пратениците од новоформираното парламентарно мнозинство, на новинарите и на собраниските службеници, не издале наредби за распоредување на дополнителни посебни и специјални полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на на Собранието тој ден. Овие обвинети не издале ни наредба за евакуација на истите, со што овозможиле непречено да се вршат акти на насилство и директно придонеле непречено да се влезе во законодавниот дом и да се оствари целта на насилниот напад.
Инаку, како што соопштија Јовески и портпаролката на ЈО, покрај за обвинетите, истрагата утврдиле дека во организацијата на настаните од 27 април биле вклучени и одреден број засега непознати лица, за што во следниот период продолжуваат истражните дејствија заради целосно расветлување на настанот.
Обвинението е покренато против 30 лица за загрозување на Уставниот поред, за двајца припадници на УБК кои ги одзеле хард дисковвите со снимките, за помагање, а за пратеничката Жаклина Пешевска запршена е истрагата.
По она што ние напишавме во нашиот извештај во Глобус масата насилници е влезена во Собранието во 18.50 часот а лојалните сили од МВР на законот и редот усоеале да извлечат една груипа од 30 пратеници од окупираното Собрание ги ивлекле во 20:27 часот, повеќе од еден час и половина по обивањето на главните врати во Парламентот
Оперативнбиот штаб на Министерството за внатрешни создадено за да нема ваков развој на настаните не успевало да се состане, како што напишавме тогаш заради бојкот на истото на самиот прв човек на МВР кој не бил во зградата долго, предолго време.Во полн состав било во 20:08 часот
и тоа директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој наводно издал наредба на припадниците на специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, велат од МВР и посочуваат дека мерки се преземаат и понатаму во Собранието.
Обвинението произлегува од работата на Обвинителството за организиран криминал (Вилма Рускоска или Гордана Смаќоска) кои ја воделе истрагата и кои се очекува да го застапуваат обвинението пред судот. Тие не беа присутни на пресот кој во деа републичкиот јавен опбвинител Љубомир Јовески и неговата портпаролка.
Одговори на прашања на новинарите практично и немаше. Затоа пак бранителите на обвинетите веќе влегоа во две тв студија да ги бранат своите клиенти.
Дали државата ќе има кој да ја брани, како и граѓаните кои тие драматични часови на 27 април стрепеа за се што им е најмило во нивните животи, ќе видиме кога ќе почне судењето.