Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

30 ГОДИНИ ОД ПРЕМИЕРАТА НА „КОГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ“

February 16, 2021 Filed Under: Ревија

Иако ликот на Лектор се појавува во филмот само 24 минути и 52 секунди, тој остана еден од најпознатите ликови и негативци во историјата на  кинематографијата.

ЏЕНТЛЕН БЕЗ ЕМПАТИЈА Ликот на Лектор е коструиран само за навистина врвен актер, подготвен на низа трансформации без да се наруши основниот „костур“

Пред три децении се случи премиерата на американски хорор филм на Џонатан Дем. Во главните ролји играа Џуди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги. Филмот е снимен според романот на Томас Харис, а тоа е негово второ дело, со ликот на д-рот Ханибал Лектер,

брилијантниот психијатар и канибал, инаку сериски убиец.

Филмот освои пет Оскари, вклучувајќи го Оскарот за најдобар филм и со тоа станува единствениот хорор кој ја освоил оваа награда. И не е добитник на толку оскари само меѓу хорорите. Златните статуетки беа доделени во најважните категории – најдобар филм, најдобар актер, најдобра актерка, најдобар режисер и најдобро сценарио, нешто што досега му успеа само на „Лет над кукавичкото гнездо“ од 1975 година и „Се случи една вечер“ од 1934 година.

Делото беше снимено во 1999 година со буџет од 19 милиони долари (кога доларот, сдекако вредеше повеќе од сега) а заработи само во првата година од прикажувањето 271 милион долари.

Сижето на филмот е врзано за Кларис Старлинг, млада агентка на ФБИ, која е пратена во затворот кај Лектер да го праша за совет како да го фати серискиот убиец наречен Бафало Бил, кој киднапира жени и им ја отстранува кожата. Иако Лектор се појавува во филмот само 24 минути и 52 секунди, тој остана еден од најпознатите ликови и негативци во историјата на  кинематографијата.

Филмот е успешен поради неколку клучни фактори: добар оригинален материјал, одмерена и сигурна режија што паралелно ги гради ликовите и атмосферата, како и одлична актерска екипа. Самиот заплет на филмот не е толку силен и спектакуларен како начинот на раскажување на приказната и автентичноста на ликовите. Тоа е одличен показател за филмската вештина, велат експертите. По овој филм беа објавени неколку продолженија со исти ликови, но со различна филмска екипа и други режисери. Факт е дека ликот на агентката од серијата „Досие Икс“ – Дејна Скали е базиран на ликот на агетката Старлинг од „Кога јагнината ќе стивнат“.

Еден од најголемите квалитети на филмот се ликовите. Маската, цитатите, морничавото свиркање, виното, држењето на телото, говорот, сè што е поврзано со Лектор доби култен статус со текот на годините. Тој е популарен затоа што публиката сака ексцентричност, самодоверба и контраст. Хопкинс го испорачува сето тоа во огромни количини за релативно краткото време што го минува во филмот. Неговиот говор е дисциплиниран, неговите мисли се пресметливи и неговата агенда е апсолутно себична – истовремено е достоинствен џентлмен и морничав психопат.

КЕЛИЈА Ти го гледаш, тој има стакло пред него ама … сепак гледа се

Токму оваа улога го дефинира начинот на кој актерите почнаа да им пристапуваат на толкување на улогите на слични негативци. Лектор е популарен затоа што му е дадена доза на хуманост, хуманизиран е, исто како што убијците во реалниот живот имаат карактеристики како и сите други. Тој истовремено има и човечка страна и страна на чудовиште, што е карактеристично за луѓето како него – тие се во состојба да изглумат сè, па дури и емпатија, но не ја чувствуваат. Хопкинс го добил сценариото во 1989 година додека бил во некој хотел во Лондон. По читање од десет минути му се јавил на агентот дека е тоа најдобрата улога што некогаш ја добил. Подготвувајќи се за ролјата креирал лик од кого актерката Фостер ја плашело и не сакала да се дружи со својот партнер! Продуцентите сакале ликот да му го понудат најпртвин на Џин Хекман а потоа на Џон Литоу.

Инаку улохата на агентката прво и е понудено на Мишел Фајфер, исто така една нежма глумица, синоним на незаштитена жена (!), но таа ја одбила, бидејќи била полна со пресурови сцени. За Фостер топа не било проблем. Односот меѓу Лектор и Кларис Стерлинг е базиран на односот меѓу серискиот убиец Тед Банди и некогашниот детектив и професор по криминалистика Роберт Кепел. Ликот на Џејм Гамбо, попознат како Бафало Бил е комбинација од тројца ликови од живтот – Тед Банди, Ед Гејном и Гари Хајдник

ПЛАКАТА Сликата е комбинација на дело на Дали и на фотографот Филип Халсман

Черепот што се наоѓа на грбот на инсектот од постерот, инспириран е од сликата „Voluptuous Death”. Таа пак е настаната во соработка меѓу славниот сликар Салвадор Дали и и фотографот Филип Халсман, кој направил фотографија каде седум жени се поредени така да прават форма на череп.

Делото е снимено во Питсбург, град со кошмарна стилистика кој можел да „глуми“ различни делови од Америка..

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet