Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ

September 3, 2025 Filed Under: Македонија

Се говореше за празникот Илинден дека во Скопје се швајсувале шахтите заради божемен атентат врз премиерот. Видливо беше дека за празникот тој одбегна да оди било каде на обележување на овој значаен датум!? И камерманите беа принудени од далекуи да го снимаат Мицковски како положува цвеќе пред споменикот на Карев! А сега и ова…

ВИКТОР ДИМОВСКИ Нека се објават сите тие тие документи за наводното прислушкување

Некаде пред народот да почне помасовно да заминува на годишни одмори или да се упатува на оние места каде вообичаено се одбележува денот на Илинденското востание, низ социјалните мрежа се разнесе веста дека постои страв дека некој би извршил атентат врз премиерот Мицкоски. Ова не беше ниту потврдено ниту демантирано што може и да се рззбере, бидејќи се работи за чувствително прашање кое не мора да се дели во форма на официјални соопштенија. Но факт беше дека на малиот екран видов како камерманите мораат да го сликаат положувањето на цвеќе на споменикот на Никола Карев пред Собранието на РСМ од преку улица , од кај Паркот жена-борец. Ова не мирисаше на нешто што не е веќе сериозно во врска со првиот човек на Владата. Па дури и самиот факт дека тој не отиде ниту во Крушево, ноиту во Прохор Пчински јасно кажува дека сакаше да ги избегна средбите со народот.

Во меѓувреме дојде и изјавата дека како опозиционер Мицкоски бил следен и прислушкуван. Веднаш по изјавата дадена „своерачно“ од оремиерот на таа тема претседателот на СДСМ, Венко Филипче побара од обвинителството што поскоро да ги истражи тврдењата на АНБ и на премиерот Христијан Мицкоски за прислушување додека тој бил лидер на опозицијата, како и на новинари и на бизнисмени и други. Очекувањата на Филипче се дека треба да има објективно прикажување на фактите, како и дека документите треба да се декласифицираат па да види дали било така.

– Обвинителството треба што поскоро да расчисти оваа работа. Еве и поранешниот директор Димовски побара да се расчисти работата. Нека се декласифицираат информациите. Нека се знае што точно се случило, па после да судиме како било имало ли реформа, немало ли реформа, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.

Очекува објективно прикажување на фактите, да има истрага и правдата да биде задоволена.

– Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ кои што немаа никаква разрешница. Да ве потсетам најава некаква за поткуп на премиерот, дека бил следен со дрон, најава дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор од Агенцијата за национална безбедност и тој самиот нека бара да се декласифицираат информациите па да видиме каква е вистината за да нема лов на вештерки, лов во матно, па мислам дека граѓаните и јавноста тоа го заслужуваат, повтори тој.

Според него, во време на СДСМ се направени сериозни реформи во АНБ, во целиот безбедносен систем.

– Остро реагиравме на најавите на премиерот дека Агенциите треба да се спојат, рече Филипче додавајќи дека дел од причините се и и искуствата од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со тоа. Филипче рече дека тој е да се направи се’ за да се открие вистината за овој случај. 

Инаку, да останаме на поводот за таа расправа е настапот на премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата.

– Нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата. Сакам да порачам: Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Нашиот народ предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши, истакна Мицкоски во обраќањето на Темaтскиот состанок за Партнерство за отворена власт, што се одржа во Владата. Токму затоа, нагласи Мицкоски, Партнерството за отворена власт е наш заеднички одговор.

-Затоа што таму каде што има светлина, нема простор за сенки. Кога институциите се отворени и отчетни, тогаш нема место за злоупотреба, ниту за загрозување на слободите и демократијата. Овој состанок е доказ дека ние не бегаме од проблемите – ги решаваме. Ние не се плашиме од предизвици- ги совладуваме.  Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација, дигитални услуги достапни за секој граѓанин, со економија што расте и со општество што верува во демократијата. Верувам дека денешните разговори ќе ни помогнат да го искористиме потенцијалот на отворената власт не само како политика, туку како култура на владеење, рече тој.

Наша должност, како што нагласил премиерот, е да создадеме систем што ќе биде транспарентен, праведен и ефикасен, систем кој ќе биде во служба на граѓаните и кој ќе го врати достоинството на јавниот интерес.

-Денес испраќаме јасна порака: Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата. И од тој пат назад нема, потенцираше премиерот Мицкоски.

Поранешениот директор на АНБ, Виктор Димовски со реакција: „Во периодот 2019–2022 тогашниот опозициски лидер Мицкоски не бил прислушкуван од АНБ!“. Димовски бара веднаш да се декласифицираат документите за наводните злоупотреби, додавајќи дека јавноста мора да знае кој предложил, кој одобрил и кој спровел евентуални прислушкувања.

– Нема место за изговори со државна тајна, особено кога во медиуми веќе се лиферуваат имиња и податоци, вели Димовски.

Само да го потсетиме Мицкоски дека во аферата со прислушкуваните разговори СДСМ јавно обзнани најмалку 20.000 такви а се говореше дека се прислушкувани дури 60 илјади лица! За ова ВМРО никогаш не отвори рассправа дури и покрај фактот дека беа прислушкувани и негови фуинкционери?! Па ниту Мицкоски, кој стана претседател на партијата и можеше комотно да ја отвори таа тема си одмолча – што е навистина за него светлина а што темнина? Впрочем ако се гледа целиот беЗбедносен или „безбедносен“ контекс во последно време јасно е дека тука некаде во воздухот стои сознанието дека некому сериозно му паѓа рејтонгот.

(Љ.К.)

 

Filed Under: Македонија

ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…
40 ГОДИНИ „БУШАВА АЗБУКА“: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СО МУРАЛ ВО ДЕБАР МААЛО
СOВРШЕНИ ЖРТВИ (1)

Најново

  • ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
  • ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
  • Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet