„Недовербата на граѓаните во државата е огромна. Многу луѓе веруваат во тоа дека трагедијата од убиството на новинарот и неговата девојка во многу ја осликува нашата стварност. Тоа е грозна слика откако 25 години имаме независност. Има нешто лошо под површината, нешто лошо се наоѓа во темелите на државата“ – вели словачкиот претседател Киска
ДУШАН МИЉУШ
Убиството на новинарот ја турна земјата и во политичка криза ама и во криза на добербата и идентитетот. Таа криза словачкиот претседател на државата Андреј Киска вака ја опишпа во свој говор во неделата на 4 март:
„Недовербата на граѓаните во државата е огромна. Многу луѓе веруваат во тоа дека трагедијата од убиството на новинарот и неговата девојка во многу ја осликува нашата стварност. Тоа е грозна слика откако 25 години имаме независност. Има нешто лошо под површината, нешто лошо се наоѓа во темелите на државата“
Ова чувство за кое говори Киска особено е присутна во редакциите на независните медиуми. И 28-годишниот Петар Хабара знае како дејствуваат владеачките во Словачка. Тој самиот доживеал пrемиерот Фицо да ги псуе новинарите и да ги нарекува „хиени“, „идиоти“ и „антисловачки проститутки“ Хабара работи бо иситот портал каде работеше и убиениот Јан. Тој соработувал со Јан особено во разработката на Панама пејперс и за тоа кој од Словачка криел пари во даночните оази.
Кога премиерот Фицо минатата недела мафтал со пари наменети за награда за оној кој ќе каже нешто за извршителите на убиството, за Хабара се како секвенци од некаков мафијашки филм, ама никако не како на секвенци од прес конференција на премиер од земја членка на ЕУ.
Социјалдемократот Роберт Фицо е всушност националистички ориентиран. Во последно време се ободува да го замаскира својот антимуслимански курс – неговата земја и онака е во јадрото на тој сегмент на Унијата што го сочинуваат Унгарија, Полска и Чешка. Премиерот после убиството за кое станува збор сака да разговара со другите партии од коалицијата ама не сака да го послуша преседателот кој бара пресложување на власта. Имено претседателот Киско побара или вонредни избори или сериозна реконструкција на владата. Место тоа Фицо прашува јавно зошто претседателот на државата кога бил во САД се сретнал со Џорџ Сорош.
Ваквото Фицово размислување покажува дека се работи за политичар кој само географски се држи до европските вредности какви што се слободата на медиумите и сигурноста на новинарите. Наместо да ги подржуваат медиумите да истражуваат за злоупотребите на европските пари, што го истражувал и Кучијак, на словачките политичари им се проблематични токму оние кои тоа го истражуваат. Меѓутоа, Роберт Калинак, еден од најповиканите за убиството на Кучијак и во мѓувреме поднесе отставка на местото на министер и потпретседател на Владата.
Кому му одговарало убиството на Кучијак? Политиката не може имплицитно да се обвини без докази, но ако политичарите за новинарите говорат како за „хиени“, „национални предавници“ и слично говори какви тие новинари сакаат. Но, криминалците кои едно време се бавеа со улично насилство, сега се претворија во успешни претприемачи и од страниците на црните хроники се префрлија на црвените килими, Сега се тие мирни соседи во елитни квартови, се до моментот ако им се чепнат парите. Тогаш стануваат одмазници А Јан Кучиак ја следеше токму трагата на парите. Во тоа беше упорен, храбар…
А тоа мафијата не го простува. Словачкиот новинар, како и неговата колешка од Малта, убиени се заради нивните истражувачки статии.
Можеби убисвото на Јан било совршено испланирано, особено ако убиецот имал и информации од полициски извори. Затоа и оние милион евра што како награда ги нуди премиерот нема да помогнат. Навистина секогаш постои трага на убиецот Совршен злостор сепак не постои.