За време на НОБ на територијата на Вардарска Македонија тој беше офицер со највисоко предвоено звање и големо борбено искуство. Во последните години на НОБ раководеше и со единици од јужна Србија и Косово. Еден е од основачите на МАНУ

„Антропол“ не потсетуѕва дека на 7 август 1987 година почина генерал Михаило Апостолски. Беше командант на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, член на Президиумот на АСНОМ и народен херој.
Апостолски е еден од најзаслужните за ослободување на Македонија во Втората светска војна. Воената академија на македонската армија го носи неговото име.
„Кога дојдовме до Пчиња, нè пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија. Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена.
Тогаш енергично му реков да ја врати Дивизијата, зошто нам не ни е потребна. Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните САБОТАЖИ.
Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување. Потоа, дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 километри далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување.
На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајки ги вестите на Радио Софија и го вратив назад.”
Во врска со оваа статија се сеќавам дека во пролетта 1978 година во анфитеатарот на Правниот факултет професорот по Управно право Александар (Цанко) Христов, еден од основачите на факултетот го доенсе на час на еден од професортие на четвртата наставна година, кој патем се муртеше на „заземањето“ на неговиот час – генералот Апостолски. Каков беше тоа пречек, со овации.
Тоа беше време кога во Бугарија, па и регионот внимание предизвикаа ммоеарите на Цола Драгојчева, политичка активистка од Софија која тврдеше дека нејзината земја, односно армијата во периодот по капитулацијата пред силите на Црвената армија (без борба) направи небаре гигантски чекори во ослободување тона Македонија, Србија, и натаму на Унгарија… Реакциите беа бројни од сите споменати земји.
И прашањата упатени од студентите кон гостинот беа вотаа насока особени и заради филмот „Огновите на Драва“, кои беа инспирирани веројатно од тврдењата на Драгојчева. Апосотлски со многу детали го образлагаше договорот кој Тито го имнал со советските единици чиј конандант Толбухин, тогаш сметен во Романија побарал дозвола југословенските единици да ја прифатат новата улога на претходно окупаторските бугарски сили. Генерално нивна задача била да спрњечат делови од германската армија на повлекување од Грција да дојде зад грбот на ониен кои ја ослободувале Србија и Белград. Таа задача ја обавиле доста „килаво“. На пример мобмото уечство во ослободување на велес било да спречат повлекување на германските единици на тогашниот пат кон Скопје (онаму каде е денес езерото Младост) но тие без борба ги пуштиле окупаторите да заминат токму по тој правецв. Слично било и при ослободување на Скопје, на пример, кога тие биле стационирани кај Миладиновци а сакале да додјат на парадата во Скопје како „сватови на свадба.

По своето пензионирање Апостолски се бавел со историски проучувања и материјата која ја допира Драгојчева му е добро позната.
Апостотлски е секако највисокиот офицер според чинот во време по окупацијата на Македонија од бугарскиот окупатор. Познато е дека цар Борис побарал од Третиот рајх да ги ослободи сите војници и офицери кои се од „бугарска нацуионалност“ ( се мисли нели на Македонци) но тој јас одбил пнудата на окупаторот да стапи во неговите сили (наводно му нуделе ранг на мајор). Побарал конекција со народноослобиодителнитеорганиво земјата и таму извршувал врвни, пред се воени функции. Во септември 1941 година бил назначен за член на Покраинскиот воен штаб на Македонија, а од јуни 1942 година за командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Во мај 1943 година бил назначен за генерал мајор. На Второто заседание на АВНОЈ бил избран за член на Претседателството на АВНОЈ
Патем, факрт е дека априлската војна ја дочекал во Љубљана и дека успешно го водел фронтот кон Австрија. Со рушење на мостовите тој комплетно го спречил напредувањето на надмоќниот непријател. Бил заробен од италијанските единици кои доаѓале од зад грб.и одведен вов логорот Вестоне.
Од февруари 1944 година покрај 33 македонски оперативни бригади, под команда на Апостолски се наоѓаат и бригади од Косово и од јужна Србија. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран во неговиот Президиум.
При основањето на Македонската академија на науките и уметностите (на 18 август 1967 година) е избран за нејзин прв редовен член. Во 1968 година е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите. Подоцна е избран и за член на Југословенската (денес: Хрватска академија на науките и уметностите), Словенечката, на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина и на Академијата на Косово.
Во постари години глсвно живееше во Дојран каде и почина.




