„Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое културно наследство и тоа може да се обновува и да се појавува повторно и повторно. И, практично, луѓето го паметат таа генерација што као деца гледале, сега пораснаа, сега станаа родители и гледаат некои можности во тоа да ги образуваат или да ги забавуваат своите деца.

Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, на 31 август во 10:30 часот во Дебар Маало беше откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите.
„Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое културно наследство и тоа може да се обновува и да се појавува повторно и повторно. И, практично, луѓето го паметат таа генерација што како деца гледале, сега пораснаа, сега станаа родители и гледаат некои можности во тоа да ги образуваат или да ги забавуваат своите деца. Јас со Бушава азбука остарев практически, 40 години, тоа е озбилна старост за нешто на телевизија и не е така свежа и не е така модерна како што беше кога се појави.“, вели Слободан Унковски, режисерот на „Бушава азбука“.

Преку прославата, организаторите потсетија на важноста од негување, чување и унапредување на мајчиниот јазик, како и создавање квалитетна образовно-забавна програма за новите генерации.
На настанот се одржа и премиера на шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“, кое е анимираното продолжение на „Бушава азбука“.
„Буквождер“ е едно премагнување од еден мост, меѓу тоа што било и тоа што треба да биде, и тоа е практично еден друг аспект на буквите, на употребата на јазикот и така натаму. Се радувам дека се појавува. Меѓутоа, мислам дека правото продложување на „Бушава азбука“ ќе биде кога ќе се направи „Бушав буквар“, вториот дел, што е веќе напишан од Горан Стефановски и од Маријан Алчевски. И очекувам еден ден да се развие една свест дека е тоа неопходно за да си го сочуваме јазикот и да го унапредиме.“, вели режисерот Унковски.