Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

54-ТИ МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“> ПРИКАЗ НА АКТУЕЛНИОТ ТЕАТАРСКИ МИГ ВО МАКЕДОНИЈА

June 17, 2019 Filed Under: Ревија

Прилеп има однегувано бројна и добра театарска публика. Тоа се покажа и на годинашниот фестивал – речиси за секоја претстава се бараше „билет повеќе“ а имаше и такви кои „од нога“ ги следеа претставите кои беа нивен интерес

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

НАЈДОБРА Битолскиот театар се преттавата „Бакхи – краток прглед на распадот“ според Еврипид ја освои титулата најдобра претстава на Игрите и освои награда за режија (Вук Торбица)

 

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ традиционално и годинава се одржа во Прилеп. За годинашниот фестивал, што се одржа од 7 до 15 јуни, уметничката директорка и селекторка Катерина Коцевска, одбра осум претстави и една (последната) во чест на наградените. Сето она што беше предвидено се одржа: претставите, тркалезните маси, промоции, презентации.

На самиот почеток на Фестивалот беа доделени и традиционалните награди за животно дело: на режисерот Владимир Милчин и на актерот Бајруш Мјаку, за кои одлучуваше Советот на фестивалот.

Жирито во состав Бедиа Беговска, претседател, и членовите Љиљана Богојевиќ и Маја Вељковиќ, сите три актерки, ги додели следните награди:

– Најдобра претстава во целина беше прогласена Бакхи – краток преглед на распадот во режија на Игор Вук Торбица на Битолскиот театар; претставата му донесе награда и на режисерот во неговата категорија!;

– наградата за женска главна улога и припадна на Марија Спиркоска Илијески за улогата на Велика во претставата Пиреј на НТ во Прилеп;

– наградата за главната машка улога ја доби актерот од истата претстава Александар Степанулески за улогата на Јон.

Наградата за женска споредна улога и припадна на Билјана Драгичевиќ –  Пројковска за улогата на Карлота во претствата Странци на Драмски театар  (воопшто не е епизодна улога!), за споредна машка улога наградата му припадна на Гзим Жерка за улогата на Сен Жист во претставата Смртта на Дантон на Албанскиот театар – Скопје, наградата за најдобра млада актерка и припадна на Симона Димковска која игра три лика во претставата Физика на тагата и е продукција на НТ во Куманово, наградата за млад актер ја доби Тони Денковски за ликот на Горниот во претставата На отворено на Театар Комедија – Скопје,  наградата за музика му припадна на Димитар Андоновски за претставите Пиреј и На отворено, наградата за сценографија на Константин Трпеновски за претставата Макбет, наградата за современа сценска драматизација на режисерот Љупчо Ѓоргиевски за Животинска фарма, продукција на НТ „Антон Панов“ во Струмица.

МРОЖЕК Театарот Комедија се претстави со претставата на Мрожек – „На отворено“

Наградата за најдобар рекламен материјал му припадна на Нгадњим Мехмети ,  за кореографија и сценски движења ја доби Ѓерѓ Превази (Смртта на Дантон), а за костим Роза Трајчевска Ристовска.

Некој друг состав на фестивалско жири веројатно ќе донесеше други одлуки.

Наградата за најдобра претстава според гласовите на публиката му припадна аа Народниот театар во Прилеп за претставата Пиреј од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски.

Прилеп има однегувано бројна и добра театарска публика. Тоа се покажа и на годинашниот фестивал – речиси за секоја претстава се бараше „билет повеќе“ а имаше и такви кои „од нога“ ги следеа претставите кои беа нивен интерес.

Селекцијата, или претставите одбрани во конкуренција за наградите, секогаш зависеле од понудата или репертоарот на театрите меѓу два фестивала „Војдан Чернодрински“. И од фактот/целта/замислата на селекторот што сака да покажа/прикаже.

Годинава Фестивалот имаше свое „мото“ – ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ! ВРЕМЕ ЗА ТЕАТАР., што го одбра/реализира селекторката Коцевска.

Фестивалското мото, низ прикажаното во официјалната програма и онаа придружната, се разбира, ги отслика состојбите/репертоарот на театрите во Макадонија. Коцевска не само што „состави“ програма која го прикажа сегашниот театарски миг во Македониаја, туку успеа и да ги врати/оживее разговори на тркалезната маса што успешно и со години ги води пороф.др Ана Стојановска.

Годинава, пак на иницијатива на Коцевска, што најмногу се почувствува на разгиоворите за претставите на фестивалот, присуствуваа и критичари/гости вон Македонија, со што тој доби поширока афирмација.

СЕЛЕКТОР Коцевска беше селекторот на претставите кои ги виде прилепската публика и заинтересираната поширока јавност

ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ! ВРЕМЕ ЗА ТЕАТАР, сосем добро го „одигра“ своето време.

Некој кажа дека веќе се чека идното издание – во јуни следната година. И којзнае дали тука и сега е место да се вратиме на една стара идеја: Фестивалот секоја година да се држи во друг град зашто, нели, им припаѓа на сите што сакаат театар. Сепак, чинам, дека тое е речиси невозможно. Од повеќе причини. Над и пред сите затоа не само што има простор за сите различни содржини, туку и затоа што на него работат луѓе кои добро ги реализираат истите и секогаш се отворени за соработка и внесување на нови идеи.

Во секој случај, да повторам, оваа година видовме/проследивме/учествувавме на фестивал што се одвиваше како добро осмислен и добро реализиран. Дел од содржината, на пример, беше и вклучувањето на Македонскиот центар ИТИ како и EURODRAM – Европска мрежа за драмски превод: презентација и награди за 2019 година…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet