Се ближиме кон датумот кога, пред седум децении социјалиситчкиот лагер ја нападна Југослвија и нејзиното раководство главно за идеолошки „скршнувања“. Македонија беше онаа која во еден стратешки поглед најмногу изгуби – пропадна идејата за Балканска федерација со која би се решило прашањето со Пиринска Македонија и падна заднината за грчките партизани со што дојде до егзодусот на македонското население зад јужните граници. Ова секако треба да се гледа од аспект на тогашната идеја за пролетерска Европа
Драматичниот судир на југословенското и советско раководство меѓу двете партии, јавно започнат на 28 јуни 1948 година, во нашата официјална историја се толкува како борба на народите на Југославија во правото на самостоен пат на развој, место пдоанички однос кон „Третиот Ерусалим“ – Москва. Тоа беше и судир на две харизми, онаа на Јосип Броз и онаа на Стаљин.
Новинарот на Политика Слопбодан Кљакиќ овој судир го нарече „Јосип против Јосиф“: капетанот и кормиларот на бродот на светскиот комунизам, немилосрдниот диктатор на огромните простори на СССР и еден од големите победници на Втората светска војна, Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин полни 30 години беше неприкосновен, прв и единствен кадија во светот на пролетерскиот интернационализам.
Пет година пред да умре, во 1948 година, жестоко се насочи кон Тито и неговите најблиски соработници. Во завршницата на една режирана, државно-известувачка акција и иделошко – политички натпревар, чии последни минути се случија на 18 јуни во Букурешт, им се покажале црвени картони на Тито, Милан Ѓилас, Едвард Кардељ и Александар Ранковиќ.
Во Резолуцијата на Информационото биро, објавено пред седам децении, се барало споменатите четворица функционери да се сменат и засекогаш да бидат исфрлени од политичката и партиска сцена на Југославија, со тоа и од теренот на светскиот комунизам. Се барало да бидат примерно казнети заради наводно предавање на теоретските поставки и практиката на марксизмот-ленинизмот.
Веќе преходно, во десет продолженија на овој фељтон, дадовме некои моменти од тоа и како Македонија ги доживуваше тие денови. За неа тоа ни малку не беа весели денови. Најнапред во однос на идејата за создавање на т.н. Балканска федерација, каде Македонија требаше да добие посебно место. Потоа, тука е и пропаста на отпорот на левицата во Граѓанската војна во Грција и егзодусот на македонското население од тоа подрачје.
Инаку на Париските мировни договори, кои официјално ја прекинаа воената состојба меѓу сојузниците и една Италија, Романија, Унгарија, Бугарија и Финска, од друга страна, беа потпишани завршни документи во февруари 1947. Владите во земјите на „народна демократија” по фазата на потпишувањето го искористи договорот за решавање на статусот на опозициските партии. Владата на САД го ратификуваше
Парискиот мировен договор со Бугарија на 7 јуни 1947 година. Ова е договор со кој сојузниците од Втората светска војна ја признаа Бугарија како суверена држава. Само еден ден потоа беше уапсен Никола Петков, лидер на Земјоделскиот сојуз. Против него беше покрената судска постапка. Потоа, беа изнесени примери како што се оставката на 23
пратеници од опозициските партии на 13 јуни 1947 година или одземање на бугарско државјанство на поранешни дипломатски претставници и претставници на дипломатските мисии во странство. Во Македонија најпознат пример на таквото однесување беше затворањето на Методи
Андонова-Ченто Особено југословенското, односно македонското раководство на партијата внимаваше да не дојде во ситуација што ќе се разбуди кај македонското население негативни сеќавања од Кралството Југославија. Македонија се уште беше во овој период чувствителна област, бидејќи Бугарија сега има добри односи со Југославија. И покрај тоа,групи на членови на ВМРО се уште упаѓале во НР Македонија и ја вознемирувале јавноста, како што се толкувало, со идејата да има „обединета” Македонија под покровителство на Западот
Во согласност со одземање на влијанието на опозицијата во текот на 1946 и 1947 година, на југословенскиот и бугарскиот политички врв му е овозможено самостојно вршење на внатрешната и надворешната политика. Опозицијата во двете земји беше прозападно ориентирана, а неговите членови не гледаа позитивно на конвергенција на Југославија и Бугарија, а особено не на нивната лојалност кон новата влада на Советскиот Сојуз. Со потпишувањето на мировниот договор во Париз, на 10 февруари 1947 година (кој стапи во сила на 15 септември 1947 година), Бугарија конечно излезе од меѓународната изолација и се здоби со статус на суверена држава , со можност да се регулираат официјално односи со Југославија.
На 23 мај 1947 година, поранешниот претставник на вонреден и ополномоштен министер на ФНРЈ, Обрад Цицмил стана првиот амбасадор на Јуославија во Бугарија. Историчарот Веселин Димитров укажува дека средбите на Димитров со Титу, преку Блед и Евксиноград во текот на летото и есента 1947 година, резултаирало со зголемена загриженост во врска со зголеменоот американското присуство во Грција и Турција. Георги Димитров имал дури и оѕворено признание кон југословенските комунисти, гледајќи дека тие се во предност и во ефикасноста во градењето на социјализмот во новната земја и признал дека имаат „водечка улога” на Балканот. Од друга страна, Западот во поврзувањето на Југославија и Бугарија видел закана за про-западните влади во Грција и Турција, и под изговор дека постојат „словенски закани од северот” го зголемил своето воено присуство во регионот. Оваа ситуација создаде дополнителни тензии на Балканот и го охрабри Сталин да започне со посилна контрола на источно-европски земји, како Бугарија и Југославија.
Започнувањето на Маршаловиот план, воспоставувањето на Информбиро и тензијата на меѓународно ниво како дел од стартот на студената војна, ја означи воедно годината на врвот на врската помеѓу Бугарија и Југославија. Влијанието на сите овие фактори беше условено од реактуелизацијата на прашањето федерација или конфедерација меѓу двете земји. Иницијатива за повторно започнување на преговорите дојде од Георги Димитров. Димитров во телеграма испратена до Тито на 5-ти март 1947 година истакна дека треба да се пристапи кон подготовките за постигнување на сојузот меѓу двете земји, сега кога се регулираше меѓународната позиција на Бугарија. Тито одговори на пораката на 31 март таа година дека нема пречки за регулирање на односите со Бугарија,откако неа и е признат статусот на независна држава.
Бугарската државна делегација, предводена од Георги Димитров пристигнала со воз до Белград на 27 јули, а биле поздравени од Тито и неколку членови на владата. Преговорите меѓу бугарските и југословенските претставници, предводени од Тито, се во замокот
на езерото Блед започнале на 30-ти јули 1947. Некои од членовите на југословенската делегација биле Лазар Колишевски, премиер на Република Македонија, и Обрад Чичмил, амбасадорот на ФНРЈ во Софија. На состанокот беа разгледани нацрт-документите подготвени од експерти, сосе политички и економски корпус на прашања, кои биле клучни за идните односи на двете земји. Се работи за последователните корекции на одредени точки на граничната линија, и поставувајќи прашања за потребата од решавање на статусот на Пиринска Македонија со нејзиното обединување со НР Македонија. Имаше и дискусија за прашањето на аранжманот и соодветен момент на формирање Југословенско-бугарска федерација. Бугарското раководство јасно стави до знаење на индиректен начин
дека во никој случај нема да се откаже од кој било дел од нејзината територија со цел на обединување на Македонија.
(продолжува во следниот број. Користено е истражување на Горан Коров)