Информбирото во Македонија оставило силен печат во периодот по Втората светска војна, од 1948 до 1953 година. Републиката остана без многу креативни личности, главно со искуство а влошувањето на балканските односи влијаеше на состојбите во Пиринска Македонија и до пораз на силите на народниот фронт во Грција
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Во време кога се подготвуваше прославата на 35-годишнината од излегувањето на „Трудбеник“, синдикалниот весник и прв политички неделник во земјата, со тираж од фамозни 60 илјади продадени примероци, се организираше средба со сега покојниот Коле Чашуле, прв главен и одговорен уредник на гласилото. Важен сегмент од разговорот беше фамозната 1948 година,кога целото тогашно Претседателство на ССМ, шестмина од седуммина, (исклучок е Чашуле) е уапсено и завршило на Голи оток. Ова секако бил силен удар врз синдикалното движење а весникот „Трудбеник“, иако со глодур кој не бил затворен, е угасен и продолжил да излегува дури во 1952 година! Ова е само илустрација за темата која секако многу позначајни теми освен ваквите судбини, кои глобално влијаеле на животот во земјата.
Еден од поважните е поврзан со промена на односите меѓу балканските земји. Доаѓа до груб прекин на односите со социјалистичките земји – соседи на Југославија (Унгарија, Романија, Бугарија и Албанија), до пораз на прогресивните сили во грчката граѓанска војна (тамошното лево движење се изјасни за поддршка на Резолуцијата а против Тито), што доведе до масовен егзодус на Македонците од овој дел на Балканот, како и до драстична промена на климата во Пиринска Македонија.
Да се потсетиме дека Резолуцијата на Информативното биро на работничките и комунистичките партии, во која се осудува однесувањето на југословенското раководство е донесена на 28 јуни 1948 година. А 16. Пленум на КП на Бугарија се одржува на 12-13 јули 1948 година со заклучок дека нашиот источен сосед не го признава македонскиот јазик и државата Македонија, сметајќи дека се работи за бугарски јазик и население кое е бугарско! Македонските учители во Пиринска Македонија се отпуштаат а кадарот кој бил македонски во државните институции е отпуштен од работа,. И многу челници се сменети и репресирани – Иван Масларов, Георги Мадолев, Крсто Стојчев, Асен Чакарџиев, Последниов дури го променил и презимето во Кожухаров
Во периодот 1948–1963 година, кога се водеше евиденција за приврзаниците на Информбирото, во Македонија беа регистрирани 2.662 лица. Од лицата кои биле уапсени, осудени од страна на редовните и воените судови или упатувани на општествено-корисна работа, 5,42% односно 883 лица биле Македонци. Помеѓу осомничените и уапсените имаше многу истакнати личности, членови на АСНОМ, борци од НОБ и учесници во Шпанската граѓанска војна.
Помеѓу лицата кои беа репресирани како приврзаници на Резолуцијата на Информбирото се: Панко Брашнаров, Павел Шатев, Венко Марковски,
Петре Пирузе, Владимир Полежиновски, Богоја Фотев, Иван Точко,, Александар Алексиев, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Ѓоре Велкоски,
Наум Веслиевски – Овчарот и други.
Голем дел од поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото беа затворени во логорот на Голи Оток.
Генерално, споре извештај на УДБА до Тито во 1948 година оценка е дека мал број на македонски граѓани ја подржале Резолуцијата на ИБ и дека „Колишевски ја држи работата под контрола“..
(продолжува)