Голем број декларирани христијани антифранкисти не можеа да влезат во идеолошките рамки на КП на Шпанија.Во тој контекст во 1956 година е роден Фронтот на народното осбодување (ФЛП) познат како „Фелипе“
МАРКО ФЕРНАНДЕЗ – РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Паралелно со активностите на републиканците во егзил, на факултетите започнале да се промовираат антифранкистички движења кои беа надвор од влијанието на КП на Шпанија. Новата генерација на Шпанци, родени за време или после Шпанската граѓанска војна поинаку ја согледувала борбата против генералисимусот и нејзините методи. Исторемено, голем број декларирани христијани антифранкисти не можеа да влезат во идеолошките рамки на КП на Шпанија.Во тој контекст во 1956 година е роден Фронтот на народното осбодување (ФЛП) познат како „Фелипе“.
Ова двожење дејствуваше во периодот меѓу 1958 и 1969 година, инспирирана е со алжирскиот ФЛН и кубанскиот кастризам, воспоставила тесна соработка со Југославија. Во основа на ова движење се студентит кои бараа ревизија на советскиот модел на социјализам. Имале добар систем на лажни имиња на членовите и долги години не биле откриени. Меѓу претставниците кои биле во Југославија се шпанскиот писиател со светско реноме Мануел Васкез Монталблан или членот на КП на Шпанија Николас Санториус.
Некои од нив, кои беа во Белград во 60-тите печатеа во БИГЗ (Белградски графички завод) печатеа брошпури со наивни наслови „100 наслови на љубовни писма“, „Фудбалот како народен спорт“ „Реалноста и фантазијата во делата на Жил Верн“ … Зад тие наслови се клриеше идеолошки материјал.
Еден од поистакнатите учесници во Шпанската граѓанска војна е и велешанецот Ганчо Хаџипанзов (Велес, 1900 – Мадрид, 18 ноември 1936) – македонски комунист и поет, меѓу првите интербригадски кои загинале во Шпанија.
Ганчо Хаџипанзов е роден во Велес, во едно од најбогатите велешки семејства на почетокот на 20-от век. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Во 1920 година се вклучува во предизборната кампања на КПЈ за општинските и парламентарните избори. Истата година, заедно со Никола Оровчанец, Бане Андреев, Георги Шоптрајанов и други, членува во Литературно-уметничкото друштво „Нада“. По Обзнаната, заедно со други комунисти од Велес, во 1921–1922 година учествува во издавањето на илегалниот весник „Искра” (на велешки дијалект). Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник. Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служи воен рок во школата за резервни офицери во Скопје.
Постојано следен и прогонуван, при крајот на летото 1923 година илегално ја преминува бугарската граница. Работел на пристаништето во Бургас од каде во есента 1924 година преку Грција заминува за Париз. Таму се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција. Од 1925 до 1928 година е секретар на балканската комунистичка група.[3] Се вклучува и во работата на македонската емиграција, станувајќи член на Македонската народна федеративна група и ВМРО (Обединета).
По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, Хаџипанзов веднаш се вклучува во активностите на КП Франција за помош на Шпанската република. Вклучен е во прифаќањето на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да се борат на страната на Републиката. При крајот на септември или на почетокот на октомври 1936 година и самиот заминува да се бори во Шпанија. По воената обука во која се стекнува со чин водник и е избран за командир на вод на Балканската чета во состав на баталјонот „Едгар Андре“, Хаџипанзов станува дел од Првата меѓународна бригада што е формирана во октомври 1936 година. Бригадата, набрзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде веќе се во тек жестоки битки со франкистичките сили. Првиот напад на франкистите е одбиен, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град трагично загинува Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната. Во моментот на неговата смрт до него се неговите соборци Трајко Мишковски и Борис Атков, кои подоцна и го погребуваат.
На шестмесечниот помен во родната куќа на Хаџипанзов, неговите другари и почитувачи ќе организираат пригоден собир. Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо. Собирот прераснал во отворен и гласен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата и прекинувајќи го поменот, ги однела присутните на сослушување.
Творечката активност на Хаџипанзов е поврзана со периодот на неговиот престој во Париз. Пишувал на француски јазик, а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Бал на вентилаторите“, „Сирени“, „Алказар“, „Детството на еден град“ и „Поема за родниот град“.
Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи сеќавања на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, во превод на Кирил Ќамилов, првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“.
Ова е првата строфа:
„Ќе се вратам
Во мојата татковина
И таа ќе биде бела и убава
Татковина
Ќе се вратам
И цвеќе најубаво
И венци на човечност ќе носам
Ќе се вратам
Попораснат од вчера
Попораснат за утре..“