„Каде, дојди да те прегрнам пак и да ти честитам дека си стасал пред мене. Сега гледам дека сум имал добар ученик. Кој очекуваше дека ќе се сретнеме токму тука како гоцевци и како комити ќе се биеме далеку и за нашата земја“ – ова е опис на средбата меѓу учителот Димитар Тодоров и ученикот Борис Атков
МАРКО ФЕРНАНДЕЗ – РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Брошурите што требале да ја помагаат борбата на антифранкистите во Шпанија се печатени во белгрдски БИГЗ. Тие се најпрвн носени во Париз и оттаму, обично за време на божиќните празници кога се зголеми прекуграничниот пошта меѓу Франција и Шпанија и се намали вниманието на полицијата, се пренасочени кон Шпанија, каде понатаму беа дистрибуирани во бројни градови.
Во декември 1960 година, Николиќ се обратил на Комисијата за меѓународни односи на Социјалистичкиот сојуз. „Врз основа на ветувањето дадено од другарот Вељко Влаховиќ до претставниците на Националниот ослободителен фронт, другарот Хавиер Ангуло ги подготви текстовите на шпански јазик за брошури што ќе бидат пренесени во Шпанија како материјал за теоретско и идеолошко работење на нелегални организации и ќелии на Народноослободителниот фронт. Оваа работа е многу итна, затоа што околу Новата година тие би имале можност лесно да ги пренесат во Шпанија, бидејќи во тоа време се водеше многу жив туристички сообраќај меѓу Шпанија и Франција … Со оглед на исклучително тешките услови за идеолошка пропагандна работа во Шпанија и непосредната неможност за печатење вакви текстови во самата земја, ваквите брошури можат да играат многу позитивна улога во подигање на свеста на работничката класа на Шпанија, чијашто диктатура на Франк ги укина сите извори на идеолошко образование … Неопходно е Јавниот обвинител за Град Белград да го одобри (по телефон ) до директорот на BGZ да го изврши печатењето без потреба од етикети за печатење итн. затоа што целиот изглед на брошурите треба да биде како да се отпечатени во самата Шпанија. Бидејќи предметот е многу итен, ве замолувам ова веднаш да го однесете на постапката и да испратите официјална наредба до белградскиот графички институт во име на директорот да го отпечатите овој материјал за сметка на Социјалистичката алијанса или на друг начин, ако тоа го бараат причините за заговор. Другарче честитки, Раде Николиќ “
Поддршката што ја даваше Југославија на анти-франкшистичките движења, како и нивните конкретни активности во Шпанија, не можеше значително да ја разниша моќта на диктаторот Франко, кој, по целосна изолација, со која се соочи по Втората светска војна, успешно се врати во меѓународните односи, благодарејќи пред се на довербата кон него искажана од страна на Соединетите Држави во контекст на Студената војна. Веднаш по смртта на Франко во 1975 година, поточно во 1977 година, во периодот познат како шпанска транзиција, обновени се дипломатските односи меѓу Белград и Мадрид, завршувајќи една од историски уникатните фази во односите меѓу двете европски земји.
Секако дека во заборав отидоа многу имиња на борци од Македонија или Македонци пио род кои улчествувале или загинале во борбите кои ги воделе интернационалните бригади. Во Глобус пренесовме дел од нив, но ги има многу и сите тие се интересни и живописни.
Еден од нив е на пример Борис Атков. Тој е роден на 6 декември 1904 година во Скопје. Се иселил во Франција во пролетта 1924 година. Работел во циркус во Париз и во рудник во Алес Гард. Во Шпанија дошол од Франција на 2 септември 1936 година. Тој оставил писмени траги за тие први денови во Шпанија.
„Во средината на септември 1936 бев во Шпанија да се борам за Републиката и за шпанскиот народ. Го чекав да пристигне нашинецот и мој пријател Ганчо Хаџи Панзов со други и кога пристигнаа, прашав:
„Има други доброволци од Македонија?“
На три-четири чекори од мене крена рака Ганчо, а зад него и еден стар, слаб и исцрпен човек. Не го познав – ги немаше брадата и мустаќите, беше дотеран и уреден, така што никогаш не би помислил дека сум го видел во рударското окно страшен и нечист. Но кога се насмеа и ги рашири рацете, веднаш го познав дека е тоа Димитар Тодоров. Ми рече:
„Каде, дојди да те прегрнам пак и да ти честитам дека си стасал пред мене. Сега гледам дека сум имал добар ученик. Кој очекуваше дека ќе се сретнеме токму тука како гоцевци и како комити ќе се биеме далеку и за нашата земја.“
Нетрпеливо чекаше да отиде на фронтот; да се бори како и другите. Набргу замина на Мадридскиот фронт. Како искусен војник – офицер беше определен да биде снајперист. Многумина непријателски старешини паднаа од неговите истрели.
Од крајот на ноември 1936 година веќе не го видов Димитар, тој прекрасен човек, борец и другар. Димитар, според Атков И самиот беше комунист, член на Комунистичката партија на Франција. Не еднаш ме уверуваше дека работничката класа насекаде е добра, дека има насекаде добри другари, во Скопје – „ројализам и тиранија“, ропство.
„Но знај дека светот еден ден ќе се ослободи од тие ропства – ми повторуваше. Ќе дојде ден кога пролетаријатот ќе среди сè, никој друг. И Ленин е за давање права на поробените народи. Само преку комунистичката борба и нашиот народ еднаш ќе го добие своето, кој со векови се бори за она што се бореа и нашите стари – Гоце Делчев, Даме Груев и многумина други… Само едно ќе ти кажам: биди и’ верен секогаш на Комунистичката партија…“
Атков се борел на Мадридскиот фронт. Кон крајот на ноември 1936 година бил ранет. Бил капетан на диверзантски групи. На 12 февруари 1939 е заробен и префрлен во логорите во Франција на присилна работа, а потоа, како шпански борец, е затворен во Швајцарија, каде останува до август 1941, кога успева да избега и да се врати во Југославија. Во 1944 година стапува во единиците на НОВ. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ. По ослободувањето работи во Народното собрание на Македонија. Дал свој придонес во развојот на културата и филмот во Македонија. Починал на 7 септември 1989 година во Скопје.
Спас Банџов од Охрид има многу дрматична биографија. Сакал да замине во САД, стигнал на Куба, но американските власти не му дале документи. На Куба работел како ќелезнички работник. Потоа с вратил во Белгија и се оженил во Брисел а од таму заминал во Шпанија. Себорел на мадридскиот фронт а потоа на теруелскиот фронт. Стигнал до чин на поручник. Сакал да се врати во Југославија, но властите го воделе како воен дезертер и барале од него да служи воен рок во траење од три години. Затоа тој заминал во Софија и сакал да сидојде во Охрид. Починал од канцер во 1942 година.
Ресенско има дадено двајца интербригадисти од селото Кривено – Панде Божиновски и Михаил Бочкаровски. Панде стигнал во Шпнаија со комунитички групи од Аргнтина, каде бил на печалба. Бил градежен работник и член на редакцијата на весникот „Интернационал“. Ова го поттикнало со други Македонци во Аргентина да издава весник на македонски каде ја афирмирал борбата на својот народ за слобода. За ова малку се знае! Инаку се борел во 15.бригада „Абрахам Линколн“ (која собирала борци од цела Америка) а после војната се вратил во Македонија и работел како обичен градежен работник. Почибнал во сега легендарното село Нивици (!).
Соселанецот Бочкаровски, познат во родниот крај како Чарли бил печалбар во САД а еднаш бил протеран од таму заради својот синдикализам. Пак се вратил таму а во Шпанија се борел како артилерец во „Словенскиот полк“ – Група еславо. Загинал во 1938 година во селото
Велањуева де ла Канада“. Со нео се борел и друг Македонец во истата единица – Норман Вассилев, дојден од канада ама за него нема многу податоци.
За овие и упте стотина борци постои секако и повод и содржина за добра историска книга, која во една реобјавено издание би откривала многу детали од животите на „нашите Шпанци“. Ова нека е само поттик.
(крај)