ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи им се пробиени, дека тоа го прават за да го креираат јавното мислење, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, за „Слободен печат“.
Петров нагласи дека ттаа матрицамора да се промени кај ДПМНЕ.
МРТ во своето однесување е скандалозна и ако се потврдат наводите треба да има оставка на генералниот директор на МТВ, заради тоа што ставањето на националниот сервис, кој не постои од сега, кој бил еден од столбовите на македонската држава, во скутот на политичка партија е неприфатливо, истакна Петров.
Тој потенцираше дека неприфатливо е националниот сервис да стане партиска експозитура и да биде во служба на политичка партија.
Тие се плаќаат со пари од македонските даночни обврзници, и луѓето во националниот сервис не смеат да ги злоупотребуваат, водејќи конструирана политика на лажни кампањи, лажни анкети, со која сакаат, не да го оценат јавното мислење, туку да го креираат јавното мислење, бидејќи таа циркузијада, на секои два дена ќе излегуваме со анкета на националниот сервис е бедна, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.
„Денес во СДСМ има доста демократија, има различни ставови по многу прашања. Она што се случува во моментот е делумна апатија на луѓето да се занимаваат со политика, луѓе кои се докажани во сите професии, и препуштање на терен во сите партии на луѓе што во политиката го бараат единствениот начин на егзистенција. Тука СДСМ воопшто не е исклучок, тоа се случува во ВМРО-ДПМНЕ“ рече Андреј Петров, лекар, дерматолог, универзитетски професор и член на СДСМ во интервју за Слободен печат.
Тој додаде дека од демократски аспект има различни мислења во СДСМ, дел од дискусиите од ИО на СДСМ излегуваат во јавноста, додека од ВМРО-ДПМНЕ не можете да слушнете што се случува бидејќи тоа е таква војнички-тоталитарна матрица.