Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

AСТРОНАУТ НА НАСА ОТКРИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ НА ТЕЛОТО

April 16, 2024 Filed Under: Ревија

Минатата година Френк Рубио, астронаут на НАСА, постави светски рекорд за најдолго време поминато во вселената од американски астронаут. Тој останал во вселената импресивен 371 ден

ПРОМЕНИ НА ТЕЛОТО Му требаа 4 месеци да се врати во нормала по враќањето од вселената

48-годишниот Рубио се врати на Земјата на 27 септември 2023 година, слетувајќи во Казахстан, откако неговата шестмесечна мисија беше продолжена за уште шест месеци. По неговото слетување на Земјата, Рубио рече дека ќе помине процена од медицинскиот тим и дека ќе му биде потребно време за повторно да се приспособи на гравитацијата на Земјата.
Иако неверојатниот рекорд ќе влезе во историјата, едногодишниот престој имаше одредени ефекти врз астронаутот. Додека повеќето од нас никогаш не би помислиле на последиците, откриено е колкава е всушност цената на животот без гравитација за толку долг временски период. Всушност, недостигот на гравитација ќе предизвика намалување на мускулната маса, па дури и губење на коскената маса во првите неколку месеци по мисијата.
– Како го координирате одењето ако не сте го практикувале долг временски период? – вели д-р Џенифер Фогарти, главен научен директор на Медицинскиот колеџ „Бејлор“, истражувачки институт за вселенско здравје.
Д-р Фогарти објаснува дека колку подолго трае мисијата, толку подолго му треба на астронаутот да се приспособи на животот на Земјата.
И не само тоа, туку и протокот на крв на еден астронаут може да биде засегнат кога живее во вселената, што може да предизвика симптоми како што се заматен вид или отекување на очите, поради поместување на крвта и цереброспиналната течност нагоре во телото, состојба позната како невроокуларен синдром поврзан со вселенски летови.

Според д-р Мајкл Декер, кодиректор на Центарот за воздушна физиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кејс Вестерн Ризерв“, вените во нашето тело имаат вентили во нив за да обезбедат крвта да не тече наназад кога ќе станеме.
– Дел од овој зголемен интракранијален притисок всушност може да влијае врз окото и да доведе до оштетување на видот. Понекогаш кога астронаутите слетуваат, тоа оштетување на видот не значи дека ќе се реши со времето – објаснува тој.
Изолираната средина може да предизвика замор, стрес и недостиг на сон.
За време на неговиот престој во вселената, биле оценети менталното и физичкото здравје на Рубио од страна на научниците, како и неговиот имунолошки систем и какви било промени во неговите гени. Во јануари оваа година Рубио изјави дека неговото адаптирање на животот на Земјата траело речиси 4 месеци.
– Неверојатно брзо се приспособувате на престојот во вселената, но потоа процесот на адаптација на Земјата е подолг и потежок. Тоа е така затоа што силата на гравитацијата и силите тука на Земјата имаат посилен ефект врз вашето тело. Затоа се потребни неколку месеци за да се вратите во состојбата каде што сте биле пред летот. Во моментов, се чувствувам како да сум вратен 90 до 95 отсто. Потребни се многу вежби, тестирања и наука – изјави тој.
( Unilad.com)

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet