Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ARD: ЗАПАДНИТЕ КОМПАНИИ РЕКЛАМИРААТ ВО ПРОРУСКИТЕ СРПСКА МЕДИУМИ

March 21, 2023 Filed Under: Свет

Компаниите од Русија во рекламниот колач за српските мдиуми влегуваат со одвај 0,1 отсто додека западните медиуми таму се со рекламни вредно 73 отсто. Содржината на тие медиуми е главно проруска!

РЕКЛАМИ Германската јавност нервозна по сознание дека ЛИДЛ дава 54 милиони евра за реклами во пропутиновски медиуми

Германската државна телевизија АРД наведува дека многу српски медиуми се проруски и истовремено ги рекламираат западните компании. Компании од ЕУ, САД или Швајцарија во вкупното финансирање преку реклами учествуваат со 63 отсто, од Германија со речиси 10 отсто, а компании од Русија со едвај 0,1 отсто.

Германската државна телевизија АРД наведува дека многу српски медиуми се проруски настроени, а во исто време се рекламираат за западни компании и за тоа од нив добиваат милиони евра, пренесува ДВ.

Германската телевизија, на порталот на централната федерална информативна емисија Тагешау, додава дека „зад ова во голема мера стои српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во голема мера ја стави медиумската сцена во земјата под двојна контрола“.

Повикувајќи се на белградската невладина организација ЦРТА, АРД известува дека околу 63 отсто од сите приходи во таа област доаѓаат од компании од ЕУ, САД или Швајцарија и наведува дека повеќе од десет германски компании кои работат во Србија потрошиле повеќе од еден милион евра за рекламирање минатата година.

Компаниите од Германија имаат удел од речиси 10 отсто во вкупното финансирање преку реклами, а компаниите од Русија едвај 0,1 отсто.

Предводник е ЛИДЛ со околу 54 милиони евра, потоа Бајердсдорф со 10,3 милиони, потоа Глово, кој е дел од компанијата Деливери Хиро, со пет милиони и компанијата Берлин Хеми АГ со 3,7 милиони. Повеќе од милион евра дадоа и dm, Tys, Bayer и METRO.

„Сите медиуми со голем досег, без разлика дали се работи за телевизија, онлајн или печатени медиуми, се на иста линија. Има само некои градации“, смета долгогодишниот шеф на регионалното биро на агенцијата ДПА за Југоисточна Европа, Томас Бра.

БОРИС МИЈАТОВИЌ Претставникот на германските Зелени – Борис Мијатовиќ е лут за начинот како се трошат германски пари за проруски медиуми

„Не е во интерес на западноевропската политика да ги поддржува руските наративи со повеќе од 20 милиони евра“, изјави Борис Мијатовиќ. пратеник во Бундестагот на владејачките Зелени.

На прашањето зошто ја помагаат проруската политика со рекламирање во проруски медиуми, компаниите одговорија за телевизијата АРД дека единствен критериум им е гледаноста или читаноста на тие медиуми и дека соработката со нив не го одразува политичкиот став на компанијата.

Томас Брај рече дека ЕУ е одговорна и за руската пропаганда во српските медиуми бидејќи ги затвора очите пред фактот дека претседателот Вучиќ речиси целосно ги ставил медиумите под своја контрола. Многу српски медиуми се само мегафон на Вучиќ“, оцени Томаш Брај, посочувајќи дека во Србија „опозицијата нема збор“.

„Не постои ниту една независна државна институција. Медиумите се централизирани и цензурирани, а во економијата доминираат државните и приватните олигарси блиски до државата“, рече Брај.

С.Ќ./ДВ

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet