За каква „амнестија“ се залага ВМРО-ДПМНЕ? Што значи промената на членот 353 од КЗ? Тоа е само еден од последните обиди Фамилијата да се спаси од својата робија и од одземање на незаконски стекнатото богатство
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дали зад опозициските условувања за амнестија на сторителите во крвавиот инцидент на 27 април 2017, всушност, се крие обид за избегнување на кривична одговорност на обвинетите високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Ова е едно од најактуелните прашања во земјава која ја оцртува фронтовската линија на која се води битката за иднината на оваа земја: од Шампитата не убедуваат – или ќе одиме кон ЕУ и НАТО со размена на слободата на лицата чии дела не натераа да ја формираме СЈО или од иднината на земјава нема ништо. Излезе дека кожата на дузина врвни злосторници од претходната власт вреди повеќе од судбината на целата земја!? За миг помислуваме дека тој услов нема да биде пресуден и дека полека се топи, под надворешен притисок или заради тоа што политичкиот потенцијал на дпмнеовци се топи забрзано се топи заради вакви проѕирни игри на јавниот подиум и тоа во многу нервозно време (друго е прашањето што СДСМ исто така им враќа со исто така глупави кадровски промашувања од типот на обидите на високи фунцкционери да се омастат со буџетски пари).
УСЛОВ ЗА ДЕБЛОКАДА Впрочем, како што велат во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како услов за деблокирање на политичкиот процес, покрај недвосмисленоста на референдумското прашање, неодамна повторно побара од власта и реализација на договореното околу финансирањето на политичките партии и формирањето на техничка влада според „Пржинскиот модел“ – пред секои избори. Ама правните експерти на оваа партија, доставиле и барања до СДСМ за предлог- измени на Кривичниот законик. Всушност, народните „депутати“ јасно говорат дека ноќта по последното Договарање на партиите (понеделник, 23 јули) кога требаше да се спроведе во Собранието она за што веќе беше постигнат договор истиот ден на пладне (а тоа беше на пример составот на ДИК), дојде до прекин во усгласувањето, откако, веројатно некој моќен однадвор јасно насочил – или амнестија за поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ или – ништо од референдумот. Пратеници со кои разговарав рекоа дека предлог на такви законски измени едноставно бил поделен минатиот побнеделник вечерта а за тоа говореше и министерот Манчевски, следниот ден, но не сакаше да ја вжештува атмосферата, па одбегна детали.
Какви се тие промени во КЗ кои се нудат под маса а Мицковски идиотски не убедува дека се работи за фатаморгана! Со измените би се редефинирале делата за злоупотреба на службената положба и овластувања и за изборни нерегуларности, какви во голем дел се токму случаите кои против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од времето кога претседател беше Никола Груевски, а ги води Специјалното јавно обвинителство. Ова е кој знае кој по ред обид да се опструира работата на СЈО, институција која е основана со Пржинскиот процес, кој сега, од ВМРО ДПМНЕ за нешто е валиден а за нешто очевидно „фаличен“.
КАДЕ Е ВПЕРЕН ПРСТОТ Според дел од медиумите и неоденешните објави на социјалните мрежи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ побарала измени во членот 353 од Кривичниот законик, во однос на намалување на казните за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Со намалување на казните би се намалил и рокот за застарување на делата, па за дел од нив, главно сторени од 2011 до 2015 година, со намалување на казната од пет на три години, застарувањето кое се смета од датумот на сторување на делото, би настапило до крајот на тековната година. Така, обвинетите би поминале без казна, оти е невозможно во толку кус рок да се изрече правосилна пресуда, односно, поранешните челници на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети од СЈО, би можеле да избегнат судски пресуди кои би значеле затворски казни. Но, на истиот начин, би дошло до застареност и за одделни кривични дела кои ги води Јавното обвинителство.
Премиерот Заев децидно најави дека „амнестија нема да има, ни директна ни индиректна. Ќе дадеме шанса на дијалогот и разговорот додека е возможно“. Но, дел од медиумите, веќе шпекулираа дека неполитичките барања на ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе мора да се решаваат на средба во четири очи, на лидерите Зоран Заев и Христијан Мицковски, што нели, не се случи или за тоа немаше никаква вест.
Некои колеги пишуваат дека барањата за амнестија за учесниците во крвавите настаните во Собранието на 27 април минатата година, се само чадна завеса токму за да се постигне договор на релација опозиција-власт за избегнување на затворски казни за високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Иако е се уште отворено прашањето и за евентуален повик на раководството на опозицијата за бојкот на референдумот, сепак, се создава впечаток дека со сите условувања на опозицијата, всушност, се прави спин околу барањата од уличните протести за амнестија на учесниците од инцидентите од 27 април, како и дека и зад барањата на Мицковски за намалување на партиите и учесниците на лидерските средби, се крие уште еден обид за постигнување на некаков договор за „помилување“ на неговите сопартијци, но со помалку сведоци и евентуални влијанија.
„ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните. СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција“, се вели во едно од последните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија тврди дека е апсолутно е неточно оти бара и преговара некаква амнестија. „Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа“.
Да, точно е дека во понудените измени на КЗ не се споменува Фамилијата по име и некогашни функции. До тука е тврдењето дека нема барање за амнестија точно. Но тоа е само скусување на хронологијата на настаните кои претходат на актуелните моменти околу влезот во НАТО и ЕУ и еден чин повеќе во драмата со која треба да се избрише она што Груевски и екипата го помислија кога се кандисаа за формирање на ова тело – ќе ја тераме работата така за да тоа биде пасивизирано… Тоа се случуваше во практиката ама СЈО сепак нешто изработи а Фамилијата се појавува во Кривичен. Имаме само лошо планирање на движењето на настаните од страна на новите водњанци.