Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

BAСИЛ МУКАЕТОВ

November 3, 2020 Filed Under: Ревија

ВАСИЛ МУКАЕТОВ: ДЕНЕШНИТЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СЕ НАСОЧАТ КОН ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ…

ВАСИЛ МУКАЕТОВ Пре книжарницата „Литература“ со три нови изданија

Книгата е една од тие вредности кои им недостасуваат на малите наши сожители, амета овој писател

„Времињата носат нови технологии кои се атрактивни и децата лесно ги прифаќаат. Но, возрасните треба да им помогнат да се насочат кон работите кои имаат вредност, без разлика дали станува збор за литература или за нешто друго. Важно е да не го трошат времето на работи кои доаѓаат неконтролирано и кои презентираат изопачен систем. Иако децата не може да се изолираат од надворешните влијанија, треба да придонесеме да ја одберат правилната насока“ – вели авторот Васил Мукаетов, кој неодамна промовираше три нови книги „Ај погоди!“, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“. Станува збор за дела кои се дел од едицијата „Читанки“ на издавачката куќа „Арс Ламина“ и може да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk .

Две од овие изданија, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграби бистра вода“, се инспирирани од работата на Марко Цепенков – годинава се одбележуваат 100 години од неговото творештво. Додека, „Ај погоди!“ е дело во кое се бара и вклученост на детето со тоа што ќе ја доврши веќе почнатата песничка од авторот Мукаетов.

ЖАНР Муакетов е посветен на еден потценет жанр – на создавање на дела за децата

– Денешните деца знаат повеќе и имаат повеќе информации. Но, реалноста нè упатува дека мора да се има верба во читањето, само треба да се насочат децата. Книгата постои повеќе од 2000 години и сè уште е темелна основа за образование. Книгата ќе остане, но тука е и квалитетот на делата, што е основна гаранција дека ќе ја доближиме до новите генерации – појаснува Мукаетов.

Две од новите книги на Мукаетов, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“, се поттикнати од творештвото на Марко Цепенков кој има собрано повеќе од 5000 народни поговорки, пословици, легенди и народни приказна.

– „Од згода до згода, заграб бистра вода“ е составена од пословици, поговорки и умнозборки кои се облагородени со народниот дух, лесни се за паметење и полни се со емоции. Со тоа сакав да успееме да им пренесеме на децата животни поуки и да ги научиме дека е добро да помагаш, да бидеш другар, да си чесен и да си работлив. А, со тоа и да се изградат во добри личности – вели Мукаетов.

„Што е, што не е?“ е составена од стихувани гатанки кои, исто така и авторот посочува дека најдобро е децата да ги решаваат заедно со нивните родители.

– Убаво е овие книги возрасните да ги читаат заедно со нивните деца. Детето се учи додека е мало. Корисни ќе бидат и нивните разговори додека ја читаат книгата и на тој начин се градат во совесни и паметни деца – додава Мукаетов.

НАСЛОВ Еден од насловите кои веќе беа издадени

Третото дело „Ај погоди!“ е со песни напишани од Мукаетов каде самото дете треба да биде поет и заедно со авторот да ја завршат секоја песна.

– За третата книга добро е да се има и едно моливче. Собрани се песнички чиј крај треба да го допише читателот. Заедно сме поети и заедно го завршуваме делото. Одлично е и оваа книга децата да ја читаат заедно со возрасните. И возрасните не треба да заборават дека некогаш биле деца – посочува Мукаетов и додава дека „Ај погоди!“ и „Што е, што не е?“ доаѓаат заедно со решенија на загатките и песничките.

Васил Мукаетов со своите читатели другарува од шеесеттите години на минатиот век преку тогашните списанија „Титов пионер“, „Другарче“, „Нова Македонија“ – „Колибри“, сè до денешните „Развигор“ и „Другарче“. Застапуван е во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основно образование, а е постојан надворешен соработник во литературното списание „Другарче“ – „Детска радост“. Член е на друштвото на писатели и добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2017 година за „Скокни – прескокни“.

(literatura.mk)

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet