Да потсетиме дека Исмет Рамадани пред почнување на седницата во Собранието за гласање на доверба на Владата јасно кажа дека Владата нема да паддне. Тоа се случи! Во понеделникот Мерсел Биљали истакна дека кандидатот за претседател на СДСМ Ковачевски не е избор на Заев, туку сугестија на други фактори. Ова фрла појасна светлина на настаните во земјава
Гостувајќи во емисијата во Студио 10 на 24 вести во понеделникот наутро, професорот Мерсел Биљали одговори на низа дилеми за нашата јавност со сигурност која импресионира а која секако не се базира само на некаква аналитичка моќ, која неспорно постои, туку и на информации кои се добиени од негови извори. Говореше за тоа што значи издвојувањето на Димитар Ковачевски од постојниот кадровски состав на СДСМ за нов претседател на партијата односно веројатен мандатар за идната влада. Говореше и за тоа дека – согласно реакциите на смртта на 45 патници во автобус во Бугарија сигурно е дека македонските Албанци имале пред се’ емпатија кај своите сограѓани во Македонија а дека (во контекст на т.н. Тиранска платформа) сочуваството од Тирана и Приштина останало на едно официјално ниво. За него тоа значи дека и Косово и Албанија си имаат премногу сопствени проблеми отколку да се грижат за било какви други регионални прашања и сојузи и дека граѓаните на земјава стануваат еден вид на еманципирани граѓани со чувство за својата држава, онака како што тоа го прават Швајцарците на пример.
Суштински дел од гостувањето беше оној кој се состоеше во констатацијата дека на СДСМ му треба нова енергија и не е негов ( на Зоран Заев) личен избор кандидатот Димитар Ковачевски. Други надворешни фактор стојат зад тоа, смета Билали.
Ќе биде интересно зошто се работи за млад човек. Мислам дека Заев не го има предложено своеглаво. Тој е свесен дека во партијата е истрошен и дека треба нова енергија. Никој не би се сложил на свое место да донесе некој кој е само параван. Ние сега како држава сме во лоша состојба и не сме имале досега лидер кој знаел да ја води државата. Звучи песимистички, но така е. Колку години на нож биле дочекани ставовите на меѓународната заедница подлабоко да биде инволвирана кон нас. – вели Билали.
Иако не навлезе во квалитетот на кандидатот, што секако е партиски избор;Бињали и понуди на јавноста засега шпекулација дека Ковачевски е можеби „западен избор“, односно проценка на сојузниците дека некој друг треба да ја преземе штафетата на власта. Фактот дека гимназзиско образование довршил во Вотервил Елизиан Мористаун Гимназијата во Минесота, САД. Стручно усовршување поминува на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, потоа во Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година…
Во однос на влезот на Алтернатива во Владата политичкиот аналитичар вели дека е малку контраверзно. Но рече дека не се сомнева дека постојната коалиција на влста има доволно мнозинство.
– Партија која не се согласува со ДУИ, влегува во власт со ДУИ.Јас мислам дека Алтернатива направи пропуст со локланите избори имаше шанса да го добие Тетово, но кандидатот немаше ни кампања, вели аналитичарот.
Во однос на повеќегодишното владеење на ДУИ тој коментира: „Структура која е 20 години на власт е трула и и треба терапија да оздрави“.
Потпирајќи се на слични добро информирани извори еден друг албански интелектуалец – Исмет Рамадани пред гласањето на доверба на Владата неодамна во гостување во истата емисија јасно истакна дека Владата нема да падне, иако наводно опозицијата покажа дека има 61 потпис зад иницијативата. Неговото „пророштво“ дојде, да се разбереме пред седницата да започне и тоа најмалку еден час претходно!
Исмет Рамадани е инаку претседател на Атланскиот совет на земјава и секако има поширок визир кога дава прогнози. (Е.Г.)